From Wikipedia, the free encyclopedia
Федерико Кјеза (роден на 25 октомври 1997, во Џенова) — италијански фудбалер, крило или напаѓач на Ливерпул и на италијанската репрезентацијата.
Федерико Кјеза | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 25 октомври 1997 | ||
Роден во | Џенова, Италија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | м | 1,75||
Позиција | крило, напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Ливерпул | ||
Број | 14 | ||
Младинска кариера | |||
Фјорентина | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2016–2020 | Фјорентина | 137 | (26) |
2020–2024 | Јувентус | 98 | (21) |
2024– | Ливерпул | 0 | (0) |
Репрезентација | |||
2015-2016 | Италија 19 | 3 | (0) |
2016 | Италија 20 | 5 | (0) |
2017 | Италија 21 | 13 | (6) |
2018- | Италија | 51 | (7) |
Роден во Џенова, тој е син на Енрико Кјеза, поранешен фудбалер на Модена, Кремонезе, Сампдорија, Парма, Фјорентина, Лацио и Сиена, а меѓу другото, и репрезентативец на Италија.[1][2]
Тој има брат Лоренцо, исто така фудбалер роден 2004 година и во моментов игра за Фјорентина,[3] и сестра, Адријана.[4]
Се смета меѓу најперспективните млади фудбалери на неговата генерација.[5][6] Неговата примарна позиција е крилен напаѓач, но покрај тоа Кјеза може да игра и како десно или лево крило, бидејќи има одличен центаршут и удар со десната нога.[7] Исто така, тој често бил користен во улогата на втор напаѓач, па дури и како десен бек.
Тој израснал во младинските категории на Сетињанезе, клуб од областа Коверчано, Фиренца.[8] На десетгодишна возраст, тој се преселил во младинскиот сектор на Фјорентина, каде блескал најпрво во формацијата Алиеви Национали, а потоа и во Примавера тимот, каде што почнува да игра поконзистентно. На почетокот на сезоната 2016-2017 тренерот Пауло Соуса го унапредил Кјеза во првиот тим, повикувајќи го на летниот собир на екипата во Моена.[9][10]
На 20 август 2016 година, на возраст од 18 години и 10 месеци, тој дебитирал за првиот тим на Фјорентина во Серија А, во натпреварот од првото коло на првенството 2016-2017, во поразот со 2-1 во Торино против Јувентус започнувајќи во почетната постава на виола пред да биде заменет на полувремето од Кристијан Тељо.[11] На 29 септември, тој исто така дебитирал во Лига Европа, играјќи ги последните 29 минути од победата со 5-1 над Карабах на Артемио Франки.[12] Својот прв гол во виолетовиот дрес го постигнал во вториот натпревар против истиот противник одигран на 8 декември 2016 година, кога погодувајќи ја мрежата на азербејџанците во 76-тата минута тој го поставил конечниот резултат во натпреварот 2-1 за гостите од Тоскана; сепак, само 8 минути по неговиот прв сениорски гол, тој го заработил и првото исклучување откако го добил вториот жолт картон во натпреварот.[13] На 21 јануари 2017 година, тој го постигнал својот прв гол во Серија А, постигнувајќи го третиот гол за неговиот клуб во победата со 3-0 над Кјево.[14] Својата прва сезона како професионалец ја завршил со вкупно 34 настапи и 4 погодоци.
Во следната сезона, со тренерот Стефано Пјоли, тој се наметнал како стартер на позицијата крило постигнувајќи 6 гола на 36 настапи во лигата.
На 13 јануари 2019 година, Кјеза ги постигнал своите први голови во Купот на Италија, погодувајќи ја двапати мрежата на Торино во гостинската победа со 0-2. Четеринаесет дена подоцна, на 27 јануари, тој за прв пат постигнал два гола на еден натпревар во Серија А, во победата на гостувањето кај Кјево (3-4).[15] За да ја потврди својата добра форма, на 30 јануари го одбележал својот прв хет-трик во неговата кариера во натпреварот од четвртфиналето на Купот на Италија во кој Фјорентина ја "згазила" Рома со 7-1 на Артемио Франки.[16] Следниот месец, на 27 февруари, во првиот натпревар од полуфиналето на истото натпреварување против Аталанта, тој стигнал до својот 100-ти настап во дресот на Фјорентина[17] прославувајќи го јубилејот со гол за привремен резултат 1-2 за Ла Деа (натпреварот завршил со резултат 3-3).[17][18] Во неговата трета сезона со Фјорентина, клубот се спасил од испаѓање од Серија А во последното коло, а Кјеза ја завршил сезоната со вкупно 12 голови, по 6 во лигата и купот, завршувајќи како втор стрелец во второто натпреварување зад Кшиштоф Пјонтек.
На почетокот од сезоната 2019-2020, под водството на Винченцо Монтела тој формирал одлично партнерство со новото засилување францускиот ветеран Франк Рибери. Сепак, по повредата на французинот резултатите на клубот се влошиле по што Монтела бил заменет од Џузепе Јакини. Под водството на Јакини, Кјеза брзо се вратил во форма постигнувајќи гол во гостинската победа со 0-2 над Наполи на Сан Паоло. На 29 јули 2020, го постигнал својот прв хет-трик во Серија А, во победата со 4-0 на домашен терен над Болоња во претпоследното коло од првенството.[19] Сезоната ја завршил со личен рекорд од 10 гола во првенството.
Својот последен гол во дресот на Фјорентина го постигнал на 26 септември 2020, во поразот со 4-3 на гостувањето кај Интер, а една недела подоцна на домашен терен против Сампдорија (1-2), носејќи ја капитенската лента, го одиграл последниот натпревар во дресот на Фјорентина. Вкупно во виолетовиот дрес одиграл 153 натпревари и постигнал 34 гола.
На 5 октомври 2020 година, Кјеза му се приклучил на Јувентус на двегодишна позајмица за 10 милиони евра, со обврска за откуп по исполнувањето на одредени услови за 40 милиони евра плус 10 милиони во бонуси.[20] По потпишувањето на договорот избрал да го носи дресот со број 22.[21] Своето деби со бјанконерите го направил на 17 октомври, во ремито 1-1 против новопромовираниот член на Серија А, Кротоне, во кое забележал асистенција за голот на Алваро Мората пред да добие директен црвен картон во 60-тата минута по еден двобој со Лука Чигарини.[22] Три дена подоцна, во Киев, тој дебитирал во Лигата на шампионите играјќи од почетокот во првиот натпревар од групна фаза, победата со 2-0 на гостувањето кај Динамо Киев.[23] На 2 декември 2020 година, во вториот натпревар против Динамо одигран на Алијанц стадионот, тој го постигнал својот прв гол во црно-белиот дрес придонесувајќи за победата со 3-0 покрај со голот и со асистенција за третиот гол на Мората.[24] Две недели подоцна, на 16 декември, го постигнал својот прв гол во лигата за Јувентус со прекрасен удар од далечина во натпреварот на домашен терен против Аталанта (завршил 1-1 ).[25] На 6 јануари 2021, Кјеза постигнал два гола во победата на гости со 1-3 во дербито против Милан,[26] додека на 20-ти истиот месец го освоил првиот трофеј во кариерата, Суперкупот на Италија, во кој Јувентус го победил Наполи со 2-0 на стадионот Мапеи во Реџо Емилија. Кјеза, исто така, постигнал три гола против Порто во осминафиналето на Лигата на шампионите: еден во првиот натпревар во Португалија и два во реваншот во Торино,[27] но сепак, Јувентус бил елиминиран поради правилото за гол во гости.[27]
Како што надоаѓа резултатската криза во Јувентус кој во сезоната ќе абдицира како италијански шампион по девет години, Кјеза се истакнува на индивидуален план како најголемото откритие во составот на бјанконерите:[28] крилниот напаѓач поставил свои личен рекорд за постигнати голови во рамките на една сезона (14),[28] вклучувајќи го и „победничкиот“ во финалето на Купот на Италија на 19 мај, повторно во Реџо Емилија, поставувајќи ги конечните 2-1 против Аталанта.[29]
На почетокот на неговата втора сезона во Торино, својот прв гол го постигнал на 22 септември 2021 во првенствената победа со 2-3 на гостувањето кај Специја. Седум дена подоцна, на 29 септември, тој постигнал гол со кој го решил домашниот натпревар од Лигата на шампионите против бранителот на титулата Челси (1-0), стигајќи до својот четврти последователен гол играјќи како стартер во најсилното континентално клупско натпреварување: на тој начин, тој се изедначил со Алесандро Дел Пјеро, последниот играч на Јувентус способен за таков „подвиг“ во сезоната 1997-1998.[30] Сепак, сезоната 2021-2022 за него завршила предвреме, бидејќи на 9 јануари 2022, за време на победата на Олимпико над Рома (3-4), по еден дуел со противничкиот играч Крис Смолинг[31] Кјеза претрпел повреда на предните вкрстени лигаменти, поради што морал да го пропушти остатокот од сезоната.[32]
Помеѓу крајот на 2015 и почетокот на 2016 година, тој одиграл три натпревари со репрезентацијата под 19 години, првиот на 12 ноември 2015 година во пријателска средба против Чешка во Пистоја добиена со 4-1.[35] Сепак, тој не бил повикан за Европското првенство под 19 години што се одржало во летото 2016 година. Во септември 2016 година, тој бил повикан за првпат во репрезентацијата под 20 години, дебитирајќи на 1 септември на турнирот четири нации во Либек против Германија, во победата со 1-0.[36]
Во март 2017 година, тој бил повикан за првпат во репрезентација под 21 година, за пријателските натпревари против Полска и Шпанија.[37] Тој дебитирал за аѕурините на 23 март 2017 година, играјќи како стартер и бил заменет на полувремето во победата со 2-1 на гостувањето во Краков против Полска.[38] Во јуни 2017 година, тој бил повикан за Европското првенство за играчи под 21 година во Полска.[39] На 18 јуни, тој дебитирал на турнирот, влегувајќи во 66-тата минута од натпреварот против Данска и забележал асистенција за голот што го постигнал Андреја Петања со кој биле поставени конечените 2-0 за Италија.[40] Турнирот за италијанците завршил во полуфиналето, каде тие биле поразени со 3-1 од Шпанија, а Кјеза ги одиграл сите 4 натпревари за аѕурините, од кои два како стартер.
На почетокот на следниот циклус, на 4 септември 2017 година, тој го постигнал својот прв гол за репрезентацијата под 21 година во пријателскиот натпревар против Словенија кој неговата репрезентација го добила со 4-1 во Читадела.[41]
Откако веќе се преселил во сениорската репрезентација, тој бил повикан за последен пат во репрезентацијата под 21 година во јуни 2019, за да учествува на Европското првенство под 21 година на кое Италија била домаќин.[42] Дебитирал на своето второ Европско првенство постигнувајќи два гола за победата на аѕурините над Шпанија со 3-1.[43] Тој исто така постигнал гол и во третиот натпревар од групата, победата против Белгија, што сепак не била доволна за домаќините да ја минат групната фаза и да се пласираат во полуфиналето.
Статистиката е ажурирана на 28 мај 2017.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2016-2017 | Фјорентина | А | 27 | 3 | КИ | 2 | 0 | ЛЕ | 5 | 1 | - | - | - | 34 | 4 |
2017-2018 | А | 36 | 6 | КИ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 38 | 6 | |
2018-2019 | А | 37 | 6 | КИ | 4 | 6 | - | - | - | - | - | - | 41 | 12 | |
2019-2020 | А | 34 | 10 | КИ | 3 | 1 | - | - | - | - | - | - | 37 | 11 | |
сеп.-окт. 2020 | А | 3 | 1 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 3 | 1 | |
Вкупно Фјорентина | 137 | 26 | 11 | 7 | 5 | 1 | - | - | 153 | 34 | |||||
окт. 2020-2021 | Јувентус | А | 30 | 8 | КИ | 4 | 2 | ЛШ | 8 | 4 | СИ | 1 | 0 | 43 | 14 |
2021-2022 | А | 14 | 2 | КИ | 0 | 0 | ЛШ | 4 | 2 | СИ | 0 | 0 | 18 | 4 | |
Вкупно Јувентус | 44 | 10 | 4 | 2 | 12 | 6 | 1 | 0 | 61 | 18 | |||||
Вкупно во кариерата | 181 | 36 | 15 | 9 | 17 | 7 | 1 | 0 | 214 | 52 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.