Првата мала планета која е откриена е Церера во 1801 година. Поимот мала планета е во употреба уште од XIX векза да ги опише овие тела.[3] Поимот планетоид е исто така во употреба, особено за поголемите (планетарни) тела како што се оние кои Меѓународната астрономска унија (IAU) ги има наречено џуџести планети во 2006 година.[4][5] Исоториски, ппоимите астероид, мала планета и планетоид се повеќе или помалку синоними.[4][6] Ова поимување станало уште посложено со откривањето на бројни мали планети за орбитата на Јупитер, особено заднептунските тела, кои вообичаено не се сметаат за астероиди.[6] Малите планети кај кои ќе се забележи ослободување на гас се исто ткака двојно класифицирани и како комети.
Пред 2006 година, МАУ официјално го користела поимот мала планета. За време на состанокот во 2006 година, МАУ ги прекласифицирала малите планети и комети во џуџести планети и мали тела во Сончевиот Систем.[7] Телата се наречени џуџести планети ако нивната гравитација е доволно силна да постигне хидростатичка рамнотежа и да има елипсоиден облик. Сите останати мали планети и комети се наречени мали тела во Сончевиот Систем.[7] МАУ има изјавено дека поимот мала планета може сè уште да се користи, но се претпочита да се користи поимот мало тело во Сончевиот Систем.[8] Сепак, поради потребата од нумерирање и именување, се користи традиционалната разлика меѓу мала планета и комета.
Главна статија: Список на групи на мали планети
Стотици илјади мали планети се откриени во Сончевиот Систем а секој месец се откриваат нови илијадници мали планети. Центарот за мали планети има документирано над 160 милиони набљудувања и 723.367 мали планети, од кои 480.806 имаат добро познати орбити и им се доделени бројни вредности.[2][9] Од овие, 20.364 имаат официјални имиња.[2] Од јануари 2017 година, најниско неименуваната мала планета е (3708) 1974 FV1.[10] А од јануари 2017 година, нависоко именуваната мала планета е 458063 Густавомулер.[11]
Постојат различни населености од мали планети:
Астероидите, традиционално, се тела во внатрешниот Сончев Систем.[6]
Близуземските астероиди, се оние чии орбити се во внатрешноста на орбитата на Марс. Понатамошно постои подподелба на овие заснована на орбиталното растојание:[12]
Атири се оние чии орбити се во натрешноста на Земјиниот перихел, однсно се целесно во внатрешноста на орбитата на Земјата.
Атони се оние кои имаат големи полуоски помали од Земјиниот афел поголемо од 0,983 ае.
Аполони се астероиди со полуголема оска поголема од Земјината, и притоа имаат перихел на растојание од 1,017 ае или помало. Како и Атоните и Аполоните се астероиди кои ја пресекуваат Земјината орбита.
Амори се Близуземските астероиди кои се доближуваат на Земјината орбита од зад, но не ја пресекуваат орбитата. Аморските астероиди се поделени понатамошно на подгрупи, во зависност од тоа каде се наоѓа нивната голема полуоска меѓу Земјината орбита и астероидниот појас.
Земјини тројанци се астероиди кој ја споделуваат Земјината орбита и се гравитационо сврзани истата. Од 2011 година, единствениот познат е 2010 TK7.[13]
Марсови тројанци се астероиди кои ја споделуваат Марсовата орбита и се гравитационо сврзани со истата. Од 2007 година, се откриени осум такви астероиди.[14]
Астероиден појас чии членови следат скоро кружни орбити меѓу Марс и Јупитер. Ова се првичните и најдобро позната група на астероиди.
Јупитерови тројанци се астероиди кои ја споделуваат Јупитеровата орбита и се гравитационо сврзани со истата. Бројчено се претпоставува дека се изедначени со бројот на оние во Главниот астероиден појас.
Далечни мали планети, поим кои се користи за сите мали планети во надворешниот Сончев Систем.
Кентауриди тела во надворешниот Сончев Систем меѓу Јупитер и Нептун. Тие имаат нестабилни орбити поради гравитационото влијание на џиновските планети, и повеќето од нив по потекло се од други делови на системот најверојатно зад Нептун.[15]
Нептунови тројанци се тела кои ја споделуваат Нептуновата орбита и се гравитационо сврзани со истата. Иако се знае за мал број од нив, постојат докази дека се побројни од астероидите во Главниот астероиден појас или пак Јупитеровите тројанци.[16]
Заднептунци се тела кои се во орбита зад орбитата на Нептун, најдалечната планета.
Кајперовиот Појас се тела во внатрешноста на група на приближно 55 ае од Сонцето.
Седноиди се одвоени тела со перихел поголем од 75 ае (Седна и 2012 VP113).
Ортов Облак претпоставена група за која се смета дека е изворот на долгопериодични комети кои можно е да се на растојанија поголеми од 50,000 ае од Сонцето.
Planet, asteroid, minor planet: A case study in astronomical nomenclature, David W. Hughes, Brian G. Marsden, Journal of Astronomical History and Heritage10, #1 (2007), pp. 21–30. Bibcode:2007JAHH...10...21H
Questions and Answers on Planets, additional information, news release IAU0603, IAU 2006 General Assembly: Result of the IAU Resolution votes, International Astronomical Union, August 24, 2006. Accessed May 8, 2008.
Телата (општо кентауриди) кои првично биле откриени и класифицирани како мали планети, но подоцна било потврдено дека станува збор за мали планети се смедтени едновремено како мали планети и комети. телата кои првично се откриени како комети не се вака класифицирани.
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.