етимолошки список за државната топонимија во САД From Wikipedia, the free encyclopedia
Имињата на сојузните држави на САД и населените територии имаат мошне разновидно потекло. Од нив, 25 произлегуваат од староседелски јазици, и тоа: осум од алгонкинското семејство, седум од сиуанското (од кои еден преку илинојскиот, кој е алгонкински), три од ирокеското, еден од јутоацтечкото, еден од хавајското и пет други староседелски јазици.
Останатите 22 имиња европско потекло: седум од латинскиот (претежно латинизирани лични имиња од англискиот и едно од велшкиот), пет од англискиот, пет од шпанскиот (и уште едно од домороден јазик преку шпанскиот), и четири од францускиот (од кои еден преку англискиот). Шест сојузни држави имаат спорни или недоутврдени потекла: Ајдахо, Аризона, Мејн, Орегон, Рој Ајленд и Хаваи (во табелата, секое можно потекло е ставено во свој ред).
Од вкупно 50 сојузни држави, 11 се наречени по личности. Седум од нив се по европски владетели: двете Каролини, двете Вирџинии, Мериленд, Луизијана и Џорџија. Во минатото се направени неколку обиди за именување на држави по некои од татковците-основачи или други заслужни државници на САД: државата Френклин, државата Џеферсон (на три наврати), државата Линколн (на два наврата) и државата Вашингтон; од нив, единствено успешен бил обидот за Вашингтон.[1][2]
Неколку од државите наречени по домородните народи (во видеоизменет облик) ја имаат задржано множинската наставка „-с“ (-s): Арканзас, Илиноис, Канзас, Масачусетс и Тексас. Редоследот на изведување честопати е:
Народ/племе → Река → Племенска територија → Сојузна држава
Име на сојузната држава | Првпат посведочено | Изворен јазик | Изворни зборови | Значење и белешки |
---|---|---|---|---|
Ајдахо Idaho | 1864 | нема | Idaho | Веројатно измислено од Џорџ М. Вилинг како шеговито име, за кое тврдел дека е домородно и значи „скапоценост на планините“.[3] Името првично се предлагало за Територијата Колорадо, додека не се открило како настанало. Во текот на следните години, поимот влегол во вообичаена употреба, и решено е да ѝ се додели на Територијата Ајдахо.[4][5] |
низинскоапачки | ídaahę́ | Можеби од низинскоапачкиот збор за „непријател“ (ídaahę́), како што ги нарекувале Команчите.[6] | ||
Ајова Iowa | 1818 | дакотски преку француски | ayúxba/ayuxwe преку Aiouez | Преку француското Еуес (Aiouez), наречена по племето Ајова. Понатамошната етимологија на поимот е непозната,[7][8] иако некои велат дека значи „поспани“.[9] |
Алабама Alabama | 1742 | чоктовски | albah amo | „Расчистувачи на честак“[10], или „сечачи на растенија“ од albah, „(лековити) растенија“, и amo, „расчистува“. Денешното чоктовско име на племето е Albaamu.[11] |
Алјаска Alaska | 1897 | алеутски преку руски | alaxsxaq преку Аляска | „Копно“ (букв. „она врз што делува морето“).[12] |
Аризона Arizona | 1883 | баскиски | aritz ona | „Добар даб“.[13] |
оодхамски преку шпански | ali ṣona-g преку Arizonac[14] | „Што има мал извор“.[15] | ||
Арканзас Arkansas | 1796 | канзански, преку илинојски и француски | akaansa | Според француското пишување на илинојското племенско име kką:ze (погл. Канзас подолу), што е име кај Мајамците и Илинојците за народот Квапо.[15][16][17][18] |
Вајоминг Wyoming | 1877 | мансиски | xwé:wamənk | „Кај големата речна рамнина“; името подоцна е пренесено на запад, а првично се однесувало само на долината Вајоминг во Пенсилванија.[19] |
Вашингтон Washington | 1872 | англиски | По Џорџ Вашингтон;[20] чие пак име доаѓа од гратчето Вашингтон (Вошингтон) во грофовијата Дарем, од каде потекнува семејството на Џорџ Вашингтон.[21][22] Потеклото на топонимот е спорно, но се знае дека води потекло најпрвобитно од староанглискиот јазик. | |
Вермонт Vermont | 1721 | француски | vert + mont | „Зелена планина“; vert „зелено“ и mont „планина“; Меѓутоа, треба да се напомене дека на француски ова би гласело Mont vert, бидејќи придавката по правило доаѓа по именката.[23][24] |
Вирџинија Virginia | 1652 | латински | „Земја на девицата“, по англиската кралица Елизабета I, наречена „Девствената Кралица“ (Virgin Queen) бидејќи никогаш не се омажила.[25] | |
Висконсин Wisconsin | 1822 | мајамски преку француски | Wishkonsing[26] | Првично Мескусинг (француски: Mescousing), подоцна станало Уисконсен (Ouisconsin).[27] Веројатно од мајамскиот збор Месконсинг, што значи „се протега црвено“ или „река низ црвено место“.[27][28] Може да биде и од оџибвејскиот поим miskwasiniing, „црвено каменливо место“.[29] |
Делавер Delaware | 1680 | француски преку англиски | de la Warr | По реката Делавер, наречена по лордот Де Ла Вар (веројатно првично од нормандското de la guerre или de la werre „воен“).[30] Лордот де ла Вар бил првиот управник на Џејмстаун.[31] |
Западна Вирџинија West Virginia | 1831 | латински | Западните прекугорски делови на Вирџинија; одделени од дотогашната Вирџинија во Граѓанската војна; погл. Вирџинија. | |
Илиноис Illinois | 1793 | алгонкински преку француски Illinois | ilenweewa | Името е француска заемка од некој алгонкински јазик (можеби мајамскиот) што наводно значи „зборува нормално“ (мајамското ilenweewa,[32] староотавски <ilinoüek>,[33] праалгонкинското *elen-, „обично“ и -we•, „зборува“),[34] како што се нарекувале Илинојците (Илинивек, фр. Илиноа).[33] |
Индијана Indiana | 1794 | латински (најпрвобитно од праиндоирански) | „Земја на Индијанците“.[35] Имињата Индијанци и Индија доаѓаат, преку старогрчкиот и персискиот, од праиндоиранското „синду“ (*sindhu-) — од реката Инд.[36] | |
Јужна Дакота South Dakota | 1867 | сиуански | dakhóta | „Сојузник“ или „пријател“. Погл. Северна Дакота. |
Јужна Каролина South Carolina | 1687 | латински преку англиски (најпрвобитно од франкиски) | Carolus преку Carolana | По англискиот крал Чарлс I.[37] Самото англиско име Чарлс доаѓа од франкиското karl, што значи „маж“.[38] |
Јута Utah | 1877 | западноаоапачки преку шпански | yúdah преку yuta | Англизиран правопис на шпанскиот назив на народот Јути (yuta), кое пак веројатно е заемка од западноапачкото yúdah, што значи „високо“[39] |
Калифорнија California | 1850 | шпански | непознато | Веројатно според истоимениот измислен остров од романот Подвизите на Еспландијан на Гарси Родригес де Монталво.[40] |
Канзас Kansas | 1832 | канзански преку француски | kką:ze преку Cansez[41] | Наречена по реката Канзас,[42][43] која пак е наречена по племето Канзи.[16] Поимот е поврзан со ветерот.[44] |
Кентаки Kentucky | 1728 | ирокески | Првобитно се однесувало на реката Кентаки. Во некои извори се вели дека потеклото е нејасно,[45][46] но највеќето го делат мислењето дека значи „(на) ливадата“ или „(на) преријата“[47][48] (спор. мохавското kenhtà:ke, сенечкото gëdá’geh; фонемски: /kẽtaʔkeh/), „во полето“).[49] | |
Колорадо Colorado | 1743 | шпански | colorado | По реката Колорадо, а со значење „румена“ или „црвена“,[50][51] |
Конектикат Connecticut | 1675 | источноалгонкински | quinnitukqut | Од некој источноалгонкински јазик од југот на Нова Англија (можеби махикански), со значење „кај долгата плимна река“, т.е. реката Конектикат.[52][53] Етимолошки потекнува од праисточноалгонкинското *kwən-, „долг“; *-əhtəkw, „плимна река“; и локативната наставка *-ənk).[54] |
Луизијана Louisiana | 1787 | француски (најпрвобитно од франкиски) | Louisiane | По францускиот крал Луј XIV.[55] Самото име Луј (Louis) доаѓа Хлодовик, од франкиското hluda „прочуен“ или „гласен“ + wiga „војна“.[56] |
Масачусетс Massachusetts | 1665 | алгонкински | muswach8sut | Множина од muswach8sut, што значи „кај големиот рид“, што се однесува на Големиот Син Рид на границата меѓу градовите Милтон и Кантон[57] (спор. нарагансетското име Massachusêuck).[57] |
Мејн Maine | 1729 | англиски | main | Од англискиот поим mainland „копно“, наспроти крајбрежните острови.[58][59] |
француски | По француската покраина Мен (фран. Maine).[60] | |||
англиски | Во поново време тековна е и претпоставката дека е наречена по селото Бродмејн (Broadmayne) во Англија, семеен посед на Фердинандо Горџес, основач на колонијата.[4][61] | |||
Мериленд Maryland | 1691 | англиски (најпрвобитно од хебрејски) | Миријам | По кралицата Хенриета Марија, сопруга на англискиот крал Чарлс I.[62] Името Марија (анг. Mary) изворно на хебрејски значи „чемер“ или „бунтовност“, но може и од староегипетскиот поим за „сакана“ или „љубов“.[63] |
Минесота Minnesota | 1821 | дакотски | mnisota | „Матна вода“ — реката Минесота.[53][64] |
Мисисипи Mississippi | 1800 | оџибвејски преку француски | misi-ziibi | „Голема река“ — реката Мисисипи.[29][65] |
Мисури Missouri | 1805 | илинојски | mihsoori | „Издлабен чун“. Племето Мисури било познато меѓу Илинојците по нивните издлабени чунови, и ги нарекувале wimihsoorita, „чунари“.[66] |
Мичиген Michigan | 1811 | оџибвејски преку француски | mishigami | „Голема вода“ или „големо езеро“[29][67] (на староалгонкински: *meshi-gami).[68] |
Монтана Montana | 1860 | шпански | montaña | „Планина“.[69] |
Небраска Nebraska | 1847 | чиверски | ñįbraske | „Рамна вода“; по рамничарската река Плат (порано наречена Небраска) која, кога ќе се поплавела, рамномерно го прекривала целото подрачје со вода.[70] |
Невада Nevada | 1845 | шпански | nevado | „Снежно“,[71] според венецот Сиера Невада („снежни планини“). |
Ново Мексико New Mexico | 1859 | ацтечки (наватл) преку шпански | Mēxihco преку Nuevo México | Превод од шпанското Nuevo México.[72] Името Мексико доаѓа од ацтечкото Mēxihca (Мешико, [meːˈʃiʔko]) — ацтечкиот народ кој го основал градот Теночтитлан.[73][74] Буквалното значење е непознато; постојат разни претпоставки, како на пр. дека доаѓа од богот Мецтли.[75] |
Њу Хемпшир New Hampshire | 1692 | англиски (најпрвобитно од староанглиски) | По грофовијата Хемпшир во Англија[76] која пак е наречена по Хамтун (Hamtun) — првобитното име на градот Саутхемптон, кое од староанглиски би се превело како „селско гратче“. | |
Њу Џерси New Jersey | 1669 | француски (најпрвобитно од старонордиски) | По Џерси[77] (најголемиот од британските Каналски Острови), родно место на Жорж де Картере, еден од основачите на колонијата.[77] Државата е основана под името Нова Кесарија (New Caeserea) бидејќи се сметало дека островот Џерси се нарекувал Кесарија во римско време.[78][79] Името „Џерси“ најверојатно доаѓа од нордиското Geirrs ey, што значи „Геиров остров“.[80] | |
Њујорк New York | 1680 | англиски | По тогашниот војвода од Јорк (подоцна крал Јаков II). Именуван од тогашниот крал Чарлс II, брат на Јаков II.[81] Самиот топоним Јорк најпрвобитно доаѓа од латинското име на градот Eboracum (преку староанглиското Eoforwic, а потоа старонордиското Jórvík), за што се претпоставува дека е заемка од британскиот (келтски) поим *eborakon, со значење „имот со тиса“.[82]. | |
Оклахома Oklahoma | 1842 | чоктовски | okla + homa | Со слободен превод „индијанска територија“; на чоктовски, okla значи „народ“ или „племе“, а homa- значи „црвен“, т.е. „Црвен народ“.[53][83] |
Орегон Oregon | 1860 | непознато | спорно | Спорно значење. Првпат применето од мајорот Роберт Роџерс во писмена молба до кралот Џорџ III.[84] |
Охајо Ohio | 1785 | сенечки преку француски | ohi:yo’[85] | „Поточиште“.[47] Освен на реката Охајо, поимот тогаш се однесувал и на нејзиниот водотечен претходник — реката Алегени.[86] |
Пенсилванија Pennsylvania | 1650 | велшки илатински | Penn + silvania | „Пенови Шуми“, по британскиот адмирал Вилијам Пен, татко на истоимениот Вилијам Пен, основач на колонијата.[87] Ова е единствената сојузна држава наречена по нејзиниот основач.[88] Самото име Пен (Penn) значи „глава“ на велшки.[89] |
Род Ајленд Rhode Island | 1680 | холандски | roodt eylandt | „Црвен остров“ — островот Аквиднек.[90] На денешен холандски би гласело rood eiland. |
старогрчки | ῾Ρόδος | Поради сличноста со островот Родос во Егејското Море.[90] | ||
Северна Дакота North Dakota | 1867 | сиуански | dakhóta | „Сојузник“ или „пријател“,[70] по племето Дакота.[91] |
Северна Каролина North Carolina | 1686 | латински преку англиски (најпрвобитно од франкиски) | Carolus преку Carolana | По англискиот крал Чарлс I.[92] Самото англиско име Чарлс доаѓа од франкиското karl, што значи „маж“.[38] |
Тексас Texas | 1827 | кадовски преку шпански | táyshaʔ преку Tejas | „Пријател“.[93] Општ меѓусебен назив меѓу сродните кадовски племиња, разликувајќи се од тие што биле туѓи и непријателски. Името влегло во шпанскиот како texa (множ. texas), и се однесувало на народот Набедаче (а подоцна сите членови на народот Кадо). |
Тенеси Tennessee | 1747 | черокиски | ᏔᎾᏏ танаси | Танаси (на черокиски: ᏔᎾᏏ) е име на некогашно черокиско село;[94] значењето е непознато.[95] |
Флорида Florida | 1513 | шпански | (pascua) florida | „Цветници“[96] Поради нејзиното откривање на тој празник.[97] |
Хаваи Hawaii | 1879 | хавајски | Hawaiʻi | Од Хаваики, легендарната прататковина на полинезиските народи.[98] Се смета дека Хаваики значи „место на боговите“.[99] |
По Хаваи-илоа (Hawaiʻiloa), легендарниот откривач на Хавајските Oстрови.[100] | ||||
Џорџија Georgia | 1674 | латински преку англиски (најпрвобитно од старогрчки) | Ѓорѓи | По британскиот крал Џорџ II.[101][102] Воедно е наречен и по Свети Ѓорѓи, чие пак име доаѓа од старогрчкиот поим георгос - „земјоделец“, од ге(о) „земја“ + ергон „работа“.[103] |
Округ/територија | Првпат посведочено | Изворен јазик | Изворни зборови | Значење и белешки |
---|---|---|---|---|
Американска Самоа American Samoa | самоански | Amerika Sāmoa | „Самоа“ има нејасно потекло; „Американска“ од Америго Веспучи. | |
Американски Девствени Острови U.S. Virgin Islands | шпански | Islas Virgenes | Наречени од Кристофер Колумбо по Света Урсула и нејзините 11.000 девици.[104] | |
Гуам Guam | чаморски | Guåhån | „Гуахан“ (Guåhån) на чаморски значи „она што имаме“.[105] | |
Округ Колумбија District of Columbia | 1738 | латински | Наречен по Кристофер Колумбо. | |
Порторико Puerto Rico | шпански | Puerto Rico | Значи „богато пристаниште“.[106] | |
Северни Маријански Острови Northern Mariana Islands | шпански | Islas Marianas | Верижната група Маријански Острови наречена по шпанската кралица Маријана Австриска.[107] |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.