From Wikipedia, the free encyclopedia
Рикардо Андраде Кварежма Бернардо (роден во Лисабон, 26 септември 1983) — португалски фудбалер, офанзивен играч од средниот ред на Бешикташ и на португалската репрезентација.
Рикардо Кварежма | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 26 септември 1983 | ||
Роден во | Лисабон, Португалија | ||
Држава | Португалија | ||
Висина | м | 1,75||
Позиција | крило | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Бешикташ | ||
Број | 7 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2001-2003 | Спортинг Лисабон | 59 | (8) |
2003-2004 | Барселона | 22 | (1) |
2004-2008 | Порто | 114 | (24) |
2008-2010 | Интер | 24 | (1) |
2009 | → Челси | 4 | (0) |
2010-2012 | Бешикташ | 46 | (18) |
2013 | Ал Ахли | 10 | (2) |
2014-2015 | Порто | 42 | (10) |
2015- | Бешикташ | 100 | (12) |
Репрезентација ‡ | |||
2000 | Португалија 17 | 5 | (2) |
2000-2001 | Португалија 19 | 4 | (0) |
2002-2006 | Португалија 21 | 21 | (6) |
2003- | Португалија | 80 | (10) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Неговиот прекар е Ciganito (малиот циган), бидејќи неговиот татко е од ромско потекло; мајка му е анголка. Неговиот брат Алфредо и неговиот дедо Артур биле фудбалери. Тој има брат по име Абелардо, кој исто така бил фудбалер.
Својата кариера ја започнал на 16 годишна возраст во резервниот тим на Спортинг Лисабон, а потоа бил прекомандуван во првиот тим за сезоната 2001-02 од страна на тренерот Лашло Болони. Во таа сезона, одиграл 28 натпревари и постигнал 3 гола во освојувањето на првенствената титула. Дебито на Кварежма во Примеира лигата дошло во натпреварот на Спортинг против Порто.
Во сезоната 2002-03 бил втор најкористен играч на Спортинг Лисабон: 31 изигран натпревар, вкупно 2216 минути поминати на тернот и 5 постигнати голови. Сезоната за клубот била слаба, завршувајќи на третото место, па почнале да се шират шпекулации околу иднината на Кварежма.
Во 2004 година бил купен од страна на Барселона за 6 милиони евра плус бесплатен заем на Фабио Рочембак во клубот од Лисабон.[1] Тој одиграл 22 натпревари, 10 како стартер и 11 како замена, постигнувајќи еден гол.
За време на Европското првенство 2004 најавил дека повеќе не сака да игра за Барселона, додека таму е тренер Франк Рајкард.[2] Португалецот бил ставен на трансфер листата и на крајот бил продаден на лутиот соперник на неговиот прв тим Спортинг, екипата на Порто како дел од трансферот на Деко во Барселона.[3]
Кварежма ја започнал својата кариера во Порто со одлични игри, постигнувајќи гол во својот деби натпревар во Суперкупот на УЕФА 2004 (пораз со 2-1 од Валенсија),[4] и бил стрелец на единствениот гол во триумфот на Порто против Бенфика во Суперкупот на Португалија. Тој постигнал пет гола во 32 натпревари од португалското првенство и бил постојан стартер во натпреварите на Порто во Лигата на шампионите. Тој, исто така придонел за победата на Порто против Онсе Калдас во Интерконтиненталниот куп, реализирајќи еден пенал во пенал-серијата што заврши со резултат 8-7 во корист на Порто.
Кварежма беше жестоко критикуван за време на неговата прва година со Порто заради неговата себичност и обидите често да ја надмудри гостинската одбрана, наместо да направи едноставно додавање. Тој постепено почнал да ги вклучува своите соиграчи во игра, и по својата трета година со Порто, станал миленик на навивачите и клучна компонента на тимот.
На 1 септември 2008 година, Кварезма потпишал за италијанскиот шампион Интер за кеш плус размена на играч во вкупна сума од 18.600.000 €, во која младиот португалски играч од средниот ред Пеле заминал за Порто.[5]
Тој го одиграл својот прв натпревар за клубот во пријателска средба против Локарно, играјќи како лево крило. Натпреварот завршил 2-2, и Кварежма бил прогласен за човек на натпреварот. Тој бил одлучувачки во својот прв Серија А натпревар против Катанија, по неговиот удар Џузепе Маскара постигнал автогол. Натпреварот завршил 2-1 за Интер.[6] Кварежма, сепак, неуспеал да се избори за место во стратните XI на Интер, а тренерот Жозе Мурињо изјавил:.
"Тој е голем талент, но радоста што ја имам додека го гледам начинот на кој Ибра работи за и со тимот јас сè уште не сум го видел од Кварежма тој ќе мора да научи, во спротивно тој нема да игра, и јас сум сигурен дека тој ќе се промени и дека ќе стане повеќе тактички дисциплиниран. Тој сака шутирање на топката со надворешната страна на стапалото, но ако мене ме прашувате за него за неколку месеци, ние ќе зборуваме за различен Кварежма".[7][8]
Своето време во Италија не може да го смета за успешно бидејќи не успеал да остави добар впечаток, па дури ја добил златната канта наградата за најлош фудбалер во Серија А за 2008 година.[9]
На 2 февруари 2009, последниот ден од прелазниот рок во Англија, Кварежма дошол на позајмица во Челзи до крајот на сезоната.[10] Дебито за сините го имал на 7 февруари 2009 против Хал Сити, започнувајќи како стартер и играл до 63-тата минута кога бил заменет со Дидје Дрогба, во натпреварот што завршил без голови (0-0).[11] Кварежма изјавил дека многу подобро се чувствува во Челзи и дека има многу повеќе самодоверба отколку во Интер.[12] Својот последен натпревар за Челзи го одиграл на 21 март кога неговиот тим бил поразен од Тотенхем со 1-0. На крајот од сезоната се вратил во Интер.
Во летото Интер се обидел да го продаде Кварежма,[13] но не наишле на интерес. По пензионирањето на Луис Фиго, Кварежма го преземал неговиот дрес со број 7, а Мурињо најавил дека ќе му даде шанса во новата сезона.[14] Првиот натпревар во сезоната го имал против Бари, влегувајќи како замена за Патрик Виера.[15] По долга серија на отсуство од натпреварите, за првпат како стартер во сезоната 2009-10 Кварежма играл против Фјорентина,[16] но за време на натпреварот се повредил и бил заменет во 73-тата минута од Мансини. Со доаѓањето во клубот на Горан Пандев испаднал од плановите на Мурињо и уште поретко добивал шанса. До крајот на сезоната само уште еднаш бил стартер за Интер во натпреварот против Ливорно на 24 март 2010.
На 13 јуни 2010 Кварежма му се приклучил на турскиот Бешикташ.[17] Бешикташ платил 7,3 милиона евра за неговиот трансфер, а играчот потпишал тригодишен договор според кој во првата сезона ќе заработи 3,5 милиони а во другите две сезони по 3,75 милиони евра. Својот прв гол го постигнал против П’лзењ во Лига Европа.[18] Кварежма бил еден од најважните играчи во освојувањето на турскиот куп во 2011 година. Во финалниот натпревар против Истанбул го постигнал првиот гол во 33-тата минута а мечот е завршен со резултат 2-2, за по изведувањето на пенали Бешикташ да победи со 4-3. Кварежма бил прогласен за играч на натпреварот.[19] Во март 2012 клубот го суспендирал заради конфликтот кој го имал со тренерот Карлос Карваљал, откако овој го извадил од игра во натпреварот против Атлетико Мадрид.[20] Кварежама наводно рекол: "Јас ве донесов овде, а вие мислите само на себе. Ако ја не бев тука, [Карваљал] тој не би бил овде. Ти не можеш да ме отстраниш од натпреварот затоа што ти си ништо."
Во јануари 2013 Кварежма потпишал договор со екипата на Ал Ахли од Дубаи.[22] Во мај истата година е отпуштен.[23]
По раскинувањето на договорот со Ал Ахли и заминувањето од Дубаи во мај 2013 година бил без клуб цели шест месеци. На изненадување на многумина на 1 јануари 2014 Кварежма се вратил воПорто, клубот во кој ги пружил најдобрите партии во текот на кариерата и каде ги остварил најдобрите резултати како екипни така и поединечни. Дури 10.000 навивачи на португалскиот гигант го дочекале Кварежма на неговиот прв тренинг по враќањето на Драгао.[24] Како и при својот прв престој во Порто повторно го зел дресот со број 7.
На 21 јули 2015, Кварежма се вратил во турскиот Бешикташ потпишувајќи договор на две години со можност за плус уште една.[25][26] Во својата прва сезона одиграл 26 натпревари и постигнал 4 гола, а на крајот на сезоната со клубот го освоил турското првенство.
Кварежма со репрезентацијата до 17 години го освоил Европското првенство 2000 година. Своето деби во сениорската репрезентација го имал во јуни 2003, во пријателски натпревар против Боливија.[27]
Заради повреда морал је да ги пропушти Европско првенство за играчи до 21 година 2004, Евро 2004 и Олимписките игри 2004.[28] Не играл ниту на Светското првенство 2006, но затоа настапил на Европското првенство 2008, каде неговата репрезентација била елиминирана во четвртфиналето.
Заради лошата форма не бил повикан на Светското првенство 2010, но повторно настапувал на Европското првенство 2012 каде со својата репрезентација стигнал до полуфиналето.
Кварежма не се нашол во составот меѓу 23-тите играчи на Португалија ниту за следното Светско првенсгво во 2014. Затоа пак бил повикан за Европското првенство 2016 во Франција каде Португалците неочекувано стигнале до титулата; тој постигнал еден гол на турнирот, меѓутоа решавачки за победата над Хрватска во осминафиналето.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.