From Wikipedia, the free encyclopedia
Текстилната индустрија — гранка на индустријата која првенствено се занимава со преработка на влакнести суровини и изработка на предиво, ткаенини, плетени производи и друго, и добивање на нивни производи. Суровината може да биде природна или синтетичка со користење на производи од хемиската индустрија. Текстилната индустрија е една од најстарите индустрии во светот. Истата најрано се појавила и се развила на територијата на Велика Британија.
Памукот е најважното природно влакно во светот. Во 2007 година, глобалниот принос бил 25 милиони тони од 35 милиони хектари одгледувани во повеќе од 50 земји[1]. Постојат пет фази во процесот пред да се добие готов производ[2]: одгледување и собирање, подготвителни процеси, предење, добивање текстил за производство, завршна фаза за добивање готов производ.
Суровините кои се користат во текстилната индустрија, според своето потекло можат да бидат поделени на:
Според видот на производството, текстилните компании се делат на:
Според суровините што ги користи, текстилните компании се делат на
Првата текстилна фабрика на територијата на денешна Македонија била отворена во с. Дихово, Битолско, а покрај неа биле отворени уште три други, кои пак, едната се наоѓала во Магарево, Битолско, втората во Тетово и третата во Гевгелија. Покрај нив работеле и уште 12-ина други помали работилници, а најголем дел од нив бил сконцентриран во Битолско. Во сите овие работеле околу 800 лица.
Овој период се одликува со отворање на нови 14 фабрики во Скопје, Битола, Гевгелија, Струмица. Во нив работеле околу 455 лица. Во овој период градот Скопје го презел приматот на центар на текстилната индустрија од Битола.
Во овој период, текстилната индустрија силно се развила и го доживеала својот расцут. Имено, со Указ на Народното собрание на НР Македонија од 10 септември како индустриски претпријатија од текстилната индустрија биле прогласени десет фабрики. Во 1950 година била изградена и пуштена во редовно производство фабриката за свила „Нонча Камишова“ во Велес, а наредната 1951 година, фабриката за преработка на волна „Тодор Виповски Мерџан“ во Тетово и фабриката за преработка на памук „Македонка” во Штип. Така, во овој период биле поставени основите на текстилната индустрија и во некои други градови во државата. Наредниот втор импулс во развојот на текстилната индустрија во Македонија се појавил во околу 60-тите години, поточно околу 1958 и 1966 година. Во овие години вкупно биле изградени 22 текстилни фабрики и тоа речиси во сите делови на државата. Третото ширење на текстилната индустрија во Македонија се одвило од 1970 до 1985 година. Тогаш биле изградени 14 фабрики.
Во 1950 година биле вработени околу 3000 вработени во текстилната индустрија во Македонија, во наредната деценија околу 10500, додека пак, во 70-тите години овој број се удвоил на 21535 вработени. Вработеноста во текстилната индустрија продолжила да расте со мошне интензивно темпо и во наредните години достигнувајќи го својот максимум во 1990 година кога имало 61000 вработени. Исто така, од 55 претпријатија колку што постоеле во 1985 година, во 16 од нив работеле со по над 1000 вработени.
Во четвртиот период, кој започнал со осамостојувањето на Македонија, текстилната индустрија како и останатите индустриски гранки се нашле во транзиција. Зафатена од снажни трансформациони преоцеси и приватизација, значаен број од големите текстилни комбинати го намалиле производството, а добар дел од нив престанале да постојат. Наместо сложените текстилни комбинати во градовите со развиена текстилна индустрија, масовно биле формирани бројни мали текстилни претпријатија главно од конфекциска дејност кои работат на „Лон” – систем. Најголем дел од ова производство се пласира во земјите на ЕУ. Во 2003 година, бројот на вработени во оваа индустријата изнесувал околу 27 521 лице. Во последните години, бројката на вработени во текстилната индустрија изнесувала околу 35 000.
Текстилната индустрија е трета најзначајна индустриска гранка во Македонија. Производството на облека учествува со 12,73% во вкупното индустриско производство, а заедно со производството на текстил, учеството изнесува речиси 15%. Во 2009 година имало 1.930 претпријатија во текстилната индустрија, т.е. 4,3% од вкупниот број претпријатија во Македонија. Од нив, 600 биле производствени фирми. Речиси 50% од текстилните фирми се наоѓаат во Источна Македонија, а 87% се микро или мали претпријатија. Во 1998 година, извозот на текстилни производи учествувал со 31% во вкупниот македонски извоз, 17% во 2011 и 15,2% во 2014 година.[3]
Табела бр. 3 - Извозот на текстилни производи (1998-2014)[3]
Година | Извоз (милиони долари) |
---|---|
1998 | 405 |
2005 | 539 |
2007 | 684,5 |
2008 | 766 |
2009 | 627,5 |
2010 | 620 |
2011 | 720 |
2012 | 658 |
2013 | 701,5 |
2014 | 748,4 |
Претпријатие | Вкупен приход (во милиони денари) |
---|---|
Комфи-Ангел | 1 704 |
Адиент-Сеатинг | 1 618 |
Адиент-Аутомотиве | 1 032 |
Техникал Текстајлс | 850 |
Г.С. Текстил | 539 |
Иннацо Мак | 325 |
Ветекс | 290 |
Илфа-Текстил | 278 |
Тетексјарн лимитед | 235 |
Фротирка-компани | 194 |
Лутекс | 122 |
Алкалоид Берово | 117 |
Фешн линк интернационал | 111 |
ККШ-текстил | 82 |
Јосиба-протект | 71 |
Кате | 70 |
Фролинг | 53 |
Фротекс компани | 51 |
СИН-АГ-95 | 50 |
Дреник М | 41 |
Текстилната индустрија учествува со над 12% во создавањето на македонскиот БДП при што производството на облека изнесува со 7,55% додека учеството на производството на текстил изнесува 4,55%. Во 2019 година, текстилната индустрија на Македонија ја сочинувале 264 претпријатија од кои 6 се занимавале со подготовка и предење на текстилни влакна, 9 за ткаење на текстил, 55 за довршување на текстил, а 194 за производство на останати видови текстил. Според големината, 183 биле микро-претпријатија, 69 мали, 7 средни, а 5 биле големи претпријатија. Во поглед на географската распределба, најмногу текстилни претпријатија имало во Скопје (75), а потоа во Тетово (21), Струмица (17), Охрид (16), Прилеп (15), Штип (12) и Битола (11). Во јули 2020 година, просечната нето-плата во текстилната индустрија изнесувала 21 882 денари.[5]
Претпријатие | Добивка (во милиони денари) |
---|---|
Техникал Текстајлс | 182 |
Адиент-Сеатинг | 109 |
Комфи-Ангел | 87,5 |
Адиент Аутомотиве | 75 |
Г.С. Текстил | 20,6 |
Јосиба-протект | 15,6 |
Дреник М | 13 |
Ветекс | 12 |
Фролинг | 11,2 |
Алкалоид Берово | 9,6 |
Иннацо Мак | 8,2 |
Фаст фешн линк 76 | 7,5 |
Лутекс | 6,6 |
Гифти текс | 6,4 |
Фротекс компани | 5,9 |
СИН-АГ-95 | 2,5 |
Вами-пром | 1,7 |
Тетексјарн лимитед | 1,5 |
Донитекс | 1,4 |
Генијафилтекс | 1,4 |
Претпријатие | Вработени |
---|---|
Адиент-Сеатинг | 2 170 |
Адиент Аутомотиве | 1 603 |
Комфи-Ангел | 808 |
Тетексјарн лимитед | 179 |
Ветекс | 165 |
Фротирка-компани | 164 |
Техникал тексталјс | 161 |
Кате | 160 |
ККШ-тесктил | 156 |
Иннацо Мак | 144 |
Тевокс-ком | 100 |
Алкалоид Берово | 82 |
Фешн линк интернационал | 75 |
Кара текс-АК | 75 |
Нетам | 50 |
Ведра текс | 45 |
Лутекс | 44 |
Г.С. Текстил | 42 |
Јосиба-протект | 34 |
Фротекс компани | 30 |
Во 2019 година, индустријата за облека во Македонија ја сочинувале 1 159 претпријатија од кои 739 биле микро-претпријатија, 384 мали, 29 средни и 7 големи. Од нив, 1 106 претпријатија биле ангажирани во производството на облека, освен облека од крзно; 6 претпријатија се занимавале со производство на предмети од крзно; а 52 со производство на плетена и „хеклана“ облека. Според географската распределба, најмногу претпријатија имало во Скопје (210), а потоа во Штип (112), Кочани (81), Тетово (70), Куманово (52), Прилеп (52), Гостивар (50) итн. Во јули 2020 година, просечната нето-плата во индустријата за облека во Македонија изнесувала 17 969 денари.[7]
Претпријатие | Вкупен приход (во милиони денари) |
---|---|
Окитекс | 416,2 |
Арини фешн | 407,2 |
Текстилна коорпорација | 348,6 |
Лаура ГМБХ | 290,2 |
Бенттон | 281,9 |
Алекс-3 | 273,9 |
Тетекс | 273,0 |
Кара | 237,9 |
Мода | 229,9 |
Алма | 214,6 |
ВАВ | 214,6 |
Ноел | 209,6 |
ЕАМ | 206,4 |
Алена | 205,7 |
Семак фешн компани | 203,4 |
Албатрос | 200,5 |
Фалко | 196,1 |
Конигтон | 185,9 |
Текспорт | 176,3 |
Империал НТТ | 169,4 |
Претпријатие | Добивка (во милиони денари) |
---|---|
Алекс-3 | 99,8 |
Кара | 93,6 |
Тетекс | 34,0 |
Модна конфекција ЗЕН | 25,6 |
ЕАМ | 24,1 |
В и Е | 21,7 |
Монд | 18,1 |
Тексико | 17,5 |
Стампа | 16,2 |
Алма | 14,8 |
Алена | 14,2 |
Њу ера техтиле | 13,9 |
Вабо | 13,8 |
Тритекс трејд | 13,1 |
Арини фешн | 13,0 |
Евро-џинс | 12,2 |
Фам моде | 11,8 |
Мадако | 11,1 |
Ланком | 10,7 |
Империал НТТ | 10,7 |
Претпријатие | Вработени |
---|---|
Ноел | 549 |
Мода | 538 |
Окитекс | 467 |
Алена | 426 |
Текстилна коорпорација | 415 |
Босут | 410 |
Албатрос | 342 |
Конигтон | 340 |
Алкон-текс | 296 |
Штиптекс | 295 |
Бреботекс | 292 |
Империал НТТ | 292 |
Тритекс трејд | 281 |
Арини фешн | 253 |
Модна конфекција Линеа | 249 |
Ју-Ка | 249 |
Камотекс | 243 |
Фалко | 240 |
Фам моде | 240 |
Текспорт | 237 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.