Јунчии
село во Солунско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јунчии, Јунчиите или Јунџулар (грчки: Κύμινα, Кимина; до 1926 г. Γιουντζήδες, Јунѕидес[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 3.210 жители (2021), сите Македонци.[3]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото е сместено во областа Вардарија во Солунското Поле, 25 км западно од градот Солун. Лежи напосредно до западниот брег на Солунскиот Залив, на надморска височина од 8 м.[3] Денес е споено во една целина со селото Нов Малград основано во 1909 г.
Историја
Османлиско време
Во османлиско време Јунчии било чисто македонско село в Солунската каза, едно од 37-те села и 10 чифлици во Солунското Поле а Камбаниската епархија со седиште во Кулаќа. Основано е во XV век, првобитно го носело името Чадирќој. Околу 1750 г. во Јунчии имало 110 куќи, а во 1780 г. се заведени 118 домаќинства.[4] Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Јунци како македонско[5] село.[6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Унчите (Untchyté) — село со 230 домаќинства и вкупно 1.424 жители Македонци.[7][8] Во 1885 г. селото имало 150 домаќинства.[4]
Во селото имала пуштено корени католичката пропаганда. Од 1865 до 1869 г. во католичката црква „Св. Петар и Павле“ служел отец Поликарп Анастасиадис.[9]
Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Юнчии живеят 890 Македонци христијани.[7][10] Населението било поделено по вероисповед, живеејќи под странските пропаганди. По податоци на секретарот на Бугарска егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Јунчиите (Yountchiité) имало 848 жители, од кои 640 под врховенството на Цариградската патријаршија и 208 Македонци унијати.[7] Во селото работело грчко училиште.[11] Според пописот од 1905 г. Јунчии имало 780 жители.[4] Тодор Симовски смета дека овие бројки за населението се прениски, со оглед на доста поголемиот број на жители во следниот попис.[3]
Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 1.247 жители.[3]
Пролетта 1914 г. грчките власти го уапсиле унијатскиот свештеник во Јунчии и го одвеле во Солун, а триесетмината унијатски семејства биле заведени како „православни Грци“. Унијатскиот епископ во Солун, Епифаниј Шанов напишал протестно писмо до властите во Солун, но не добил одговор.[12]
Во 1920 г. селото имало 1.441 жител, а во 1928 г. нивниот број нараснал на 1.570[3], и продолжил да расте поради поволната местоположба и пространата и плодна почва.
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Вардар со седиште во Јунчии, која припаѓа на поголемата општина Делта, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Јунчии, каде тоа е еднственото населено место.
Стопанство
Земјиштето на Јунчии е многу плодно, целосно се наводнува и дава многу високи приноси. Населението произведува големо количество овошје, памук и други земјоделски производи.[3]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads