Џами Маала (Серско)
село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Џами Маала (грчки: Κουβούκλια, Кувуклија или Κουβούκλιο, Кувуклио; до 1927 г. Τζαμί Μαχαλέ, Ѕами Махале[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција.
Remove ads
Географија
Селото се намира в Серското Поле, южно от град Сер.
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX и почетокот на XX век Џами Маала било чисто македонско село во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Џеми (Djémi) имало 18 домаќинства со 48 жители муслимани.[3] Ова најверојатно е погрешно.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Џами Махала, на Ј од Кавакли до Струма, 3 часа до Сер; за време на многу вода плива како остров. Почвата е прекрасна, но често страда од оплоави. Патот рамен, но секогаш тинест. 26 куќи, македонски.[4][5] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) от 1900 година селото брои 240 жители, сите Македонци-христијани.[6][7]
На почетокот на XX век населението на селото било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Џумата-Махала (Djoumata-Mahala) се состоела од 560 Македонци егзархисти и во селото работело бугарско училиште.[6][8]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година Џами Маала имала 172 жители, кои во 1920 г. броело 190 лица.[9] Населението го напуштило селото, а на негово место властите довеле грчки колонисти. Во 1927 г. селото е преименувано во Кувуклион. На пописот од 1928 г. селото е претставено како чисто дојденско со 190 лица (41 семејство) грчки доселеници.[10]
Во 1978 г. е изградена црквата „Св. Јован Претеча“.[11]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
- Црква „Св. Јован Претеча“ од 1978 г.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads