Џорџ Бенет (велосипедист)

новозеландски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Џорџ Бенет (велосипедист)
Remove ads

Џорџ Бенет (англиски: George Bennett; р. 7 април 1990 ) — новозеландски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма.[3]

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...
Remove ads

Кариера

Бенет е роден во Нелсон, Нов Зеланд. Откако станал професионалец во 2012 година,[4][5] Бенет настапувал две години за екипата РадиоШек-Нисан пред да се пресели во Канондејл во 2014.[6][6][7] Во октомври 2014 година било објавено дека ќе се приклучи на Џамбо-Висма за сезоната 2015.[8] Во мај 2015 година бил спречен од учество на Џиро д’Италија поради ниско ниво на кортизол (подоцна било откриено дека било предизвикано од болест), поради правилата MPCC. Не бил заменет од неговата екипа.[9] Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2016[10] и завршил на 53. место.[11] Негов најдобар резултат на трката бил седмото место на деветтата етапа, според некои најтешката етапа во сезоната.[12]

Настапил на друмската трка на Летните олимписки игри 2016 и завршил на 33. место; ја опишал трката како „апсолутно“ најтешката во неговата кариера и 79 не завршиле.[13]

Во 2017 година станал првиот Новозеланѓанец кој освоил генерален пласман на некоја трка од Светската турнеја, кога ја освоил трката Трката околу Калифорнија.[14] Бенет настапил и на Тур де Франс 2017 и завршил седми на деветтата етапа, но се повлекол на шеснаесеттата етапа поради гастроентеритис.[15][16] Се повлекол во Ѓирона на опоравување.

Remove ads

Достигнувања

2009
2. Краен пласман Трка околу лозјата
9. Краен пласман Велосипедски класик Нов Зеланд
9. Краен пласман Трка околу Велингтон
2010
2. Краен пласман Трка околу лозјата
1. Етапа 3
6. Краен пласман Ронд де л’Исар
9. Краен пласман Велосипедски класик Нов Зеланд
9. Краен пласман Трка околу Велингтон
2011
1. Краен пласман Трка околу Велингтон
1. Етапа 3 Трка на лозјата
2. Краен пласман Ронд де л’Исар
2012
4. Краен пласман Трка околу лозјата
2013
2. Национално друмско првенство
8. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
2014
9. Краен пласман Трка околу Јута
9. Национално друмско првенство
9. Краен пласман Трка на лозјата
2015
5. Национално друмско првенство
10. Краен пласман Тур Даун Андер
2016
7. Краен пласман Трка околу Калифорнија
10. Краен пласман Вуелта а Еспања
2017
1. Краен пласман Трка околу Калифорнија
7. Краен пласман Трка Абу Даби
9. Краен пласман Волта а Каталуња
2018
4. Национално друмско првенство
4. Краен пласман Трка околу Полска
5. Краен пласман Трка на Алпите
6. Краен пласман Волта а Каталуња
8. Краен пласман Џиро д’Италија
9. Краен пласман Тирено-Адријатико
10. Џиро ди Ломбардија
2019
1. Етапа 2 (ТТТ) Тур де Франс
4. Национално хронометарско првенство
4. Краен пласман Трка околу Калифорнија
6. Краен пласман Париз-Ница
2020
8. Краен пласман Тур Даун Андер

Распоред на резултатите на големите трки

Повеќе информации Голема трка, Џиро ...

СО = се откажал; — = не учествувал

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads