Англофризиски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Англофризиските јазици (наречени и Островски германски јазици) е група северноморски западногермански јазици која се состои од староанглискиот, старофризискиот јазик, и нивните денешни потомци. Семејната лоза на англофризиските јазици е следнава:
- Англофризиски
Холандски (западногермански)
Горногермански (западногермански)
Англиска група или Островски англофризиски (западногермански)
Фризиска група или Континентални англофризиски (западногермански)
Источни северногермански
Западни северногермански
Линија на поделбата на северногерманските и западногерманските јазици.
Англофризиските јазици се разликуваат од останатите западногермански јазици делумно по „северноморската носна струјна согласка“, „англофризиското осветлување“ и палатализацијата на прагерманското *k во преднојазична слеана согласка пред предните самогласки: спор. англиското cheese и западнофризиското tsiis со холандското kaas и германското Käse, или пак англиското church и западнофризиското tsjerke со холандското kerk и германското Kirche. Првобитните англофризиски говори образувале јазичен сојуз со старосаксонскиот, кој се вбројува во групата на долносаксонско-долнофранконски јазици.
Германскиот јазичар Фридрих Маурер го отфрла англофризиското групирање како историски правилна целина, и наместо него предлага друга група наречена северноморски германски јазици (или „ингвагеонски“), како заеднички предок на старофризискиот, староанглискиот и старосаксонскиот јазик.
Remove ads
Примери
Еве една споредба на називите на броевите од 1 до 10 на разни англофризиски јазици.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads