Преднојазична согласка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Преднојазични согласки (коронални) се согласки што се создаваат со свитливиот преден дел на јазикот. Само преднојазичните согласки можат да се поделат на врвнојазични (апикални), рамнојазични (ламинални), засводени (јазикот е збран) и подјазични (субапикална), како и неколку поретки ориентации,[1] бидејќи само предниот дел на јазикот има способност за такви спретни движења. Преднонепчените согласки имаат и друга димензија - „зажлебеност“, со која се создаваат шушкави согласки заедно со горенаведените ориентации. Во арапската и малтешката филологија, т.н. „сончеви букви“ означуваат преднојазични согласки.

Кратки факти Места натворба ...

Во македонскиот јазик преднојазични се гласовите з, с, ж, ш, н, д, т, л и р (погл. примерите подолу).

Во австралиските јазици, педнојазичните се спротивни на крајните (периферни) согласки.

Повеќе информации Рамнојазични, Врвнојазични ...
Remove ads

Места на творба

Местата на творба на преднојазичните согласки се: горните заби кај забните согласки, горното непце (забниот венец) кај венечните согласки, веднаш зад тоа се образуваат разните задновенечени согласки (засводена преднонепчено-венечна, рамнојазична задновенечна согласка и врвнојазична свиена согласка), вистинските свиени согласки (каде јазикот е збран до тврдото непце) и јазичноуснените согласки, каде јазикот ја допира горната усна.

Повеќе информации МФА (симбол), Согласка ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads