Арсо Локвички

македонски револуционер From Wikipedia, the free encyclopedia

Арсо Локвички
Remove ads

Арсо Јовески, познат како Арсо Локвички[1] (1870 - 10 март 1923) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и поречки војвода на Македонската револуционерна организација.

Кратки факти Арсо Јовески, Прекар: ...
Remove ads

Животопис

Арсо Локвички е роден во 1870 година во поречкото село Локвица. По професија бил ѕидар и долг период бил на печалба во Романија и Трансилванија. Иако не бил школуван, читал и пишувал на македонски и романски, а ги знаел влашкиот и турскиот јазик. Тој бил строен со широки плеќи и лице прошарано со слаби лузни од прележана сипаница за време на детството. По разговор со повеќе дејци на македонското револуционерно движење тој се приклучил во движењето за самостојна македонска држава.

Илинденското востание го затекнува во неговиот роден крај. За време на востанието земал активно учество како дел од четата на Јордан Пиперката. По востанието, Арсо Локвички станал поречки војвода и бил еден од првите кој водел жестоки борби со четите на српската пропаганда во Поречието и Азот. Во пролетта 1904 година Локвички ја уништил четата на Тренко Рујанов од село Крапа која застапувала просрпски позиции. Во 1905 година, се обединил со четите на војводите Пано Костадинов, Иван Наумов Алабакот и Ѓакон Евстатиј.

Thumb
Четата на Арсо Локвички, фотографија на браќата Манаки

На 6 август 1905 година, во борбата на обединетите чети на Македонската револуционерна организација и четите на српската вооружена пропаганда предводени од србоманите Глигор Соколов и Тренко Рујанов, која се води во близина на селото Крапа, Арсо Локвички бил ранет во десната нога. Во 1911 година, српската пропаганда се обидува да го поткупи со плата од три лири месечно, но не успева во својата намера. Сепак, за време на Првата балканска војна во 1912 година дејствува со четата во Поречието и ја помага српската војска. По завршувањето на Првата светска војна Арсо Локвички заминал во Бугарија, каде што работел како ѕидар. Тој бил физички здрав и на барање на организацијата повторно се приклучил во борбените акции.

Thumb
Арсо Локвички (десно) со неговите соборци Петар Ацевски (лево) и Андреја Тодоровски (средина) пред неговото погубување.
Thumb
Чета на кичевскиот војвода Јанаки Јанев и подвојводата Максим Ненов. Арсо Локвички е втор од лево.

Во 1922 година заедно со својот соборец Петар Ацевски биле испратени за Кичевско од централниот комитет на ВМРО со задача да достават летоци, но во Скопско тие биле заробени од српските окупациони власти. На 26 јуни 1922 бил осуден на смрт од страна на скопскиот воен суд и бил стрелан на 10 март 1923 година во атарот на селото Визбегово.[2]

Смртта на Арсо Локвички била една од најголемите загуби на Македонското револуционерно движење во Западна Македонија.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads