Бањица

село во Општина Чашка From Wikipedia, the free encyclopedia

Бањицаmap
Remove ads

Бањица — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Населбата се наоѓа во северниот дел на територијата на Општината Чашка, во средното сливно подрачје на реката Тополка, од нејзината лева страна. Селото е рамнинско, на надморска височина од 310 метри. Од градот Велес населбата е оддалечена 16,5 километри.

Историја

Стопанство

Атарот е голем и зафаќа простор од 20,9 км2. На шумите отпаѓаат 747,7 ха, обработливото земјиште зазема површина од 638,2 ха, а пасиштата имаат површина од 611,1 ха. Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци и 50 Албанци.[3]

Поради емиграција на населението, бројот на жителите во Бањица се намалил од 422 во 1961 година, на 102 жители во 1994 година, од кои 91 се Македонци, а 10 жители Албанци.

Според пописот од 2002 година селото имало околу 55 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 119 жители, од кои 19 Македонци, 98 Албанци и 2 лица без податоци.[4]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови

Бањица е македонско село, а имало и Албанци во селото.

Според истражувањата од 1966 година, родови во селото се:

Македонски

  • Староседелци: Еленовци (4 к.), Врковци (4 к.), Басаровци (5 к.), Шојлевци (3 к.), Ицковци (3 к.), Миовци (2 к.), Гочевци (2 к.), Радини (2 к.), Џимударовци (2 к.), Пинговци (1 к.), Кашлаковци (2 к.), Дупишовци (4 к.) и Леовци (2 к.)
  • Доселеници: Отиштани (2 к.) доселени се од селото Отиштино. Таму биле староседелци; Ацевци (4 к.), Маркови (3 к.), Делимаровци (3 к.) и Митушеви (2 к.) доселени се во периодот од 1926-1928 година од селото Дреново. Таму биле староседелци; Коцеви (4 к.), Американовци (2 к.) и Бистричани (3 к.) доселени се од селото Бистрица; Црешневци (3 к.) доселени се од селото Црешнево; Бузалковци (1 к.) доселени се од селото Бузалково; Белештевци (2 к.) доселени се од селото Белештевица.

Албански

Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2227 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект на месна заедница.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 30 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта
  • Бањичко Кале — градиште од доцноантичко време и природна знаменитост со фосили од праисториска морска фауна
  • Глаучица — утврдена населба од римско време

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads