Бен Свифт

англиски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Бен Свифт
Remove ads

Бенџамин „Бен“ Ијан Свифт (англиски: Benjamin "Ben" Ian Swift; р. 5 ноември 1987 ) — англиски професионален велодромски и друмски велосипедист,[1] кој вози за UCI World Tour екипата Инеос Гренадиерс.[2]

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...

Свифт ја освоил дисциплината скреч на Светското велодромско првенство и друмските трки на Националното друмско првенство во 2019 и во 2021 година.[3][4] Неговиот братучед, Конор Свифт, е исто така англиски професионален друмски велосипедист и национален првак од 2018 година.

Remove ads

Животопис

Свифт е роден во Ротерхем, Јужен Јоркшир, тој започнал со велосипедизам со Мосли КРТ, на возраст од 12. Во 2003, стигнал втор на трката скреч на државното првенство зад олимпиецот Стивен Бурк. Како јуниорски возач, Свифт се натпреварувал на Комонвелтските јуниорски игри, земајќи ја бронзата за бодовната трка, како и две национални титули, бодовната трка на јуниорското првенство во 2004 и јуниорската скреч трка во 2005. Исто така се натпреварувал на сениорската скреч трка во 2005, покажувајќи ја неговото способност да заврши трет, освојувајќи ја бронзата. Свифт започнал да се натпреварува на меѓународно ниво, освојувајќи неколку трки за медисон. Во 2012, ја освоил трката скреч на светското првенство, станувајќи прв Британец, кој станал светски првак во скреч.

Remove ads

Кариера

Го направил неговото професионално друмско деби во август 2007 придружувајќи му се на Барловорлд како тренинг-партнер, со кои го освоил планинскиот пласман на Трката околу Британија.

Во текот на 2008 се натпреварувал за развојната екипа на Бритиш Сајклинг и ја освоил неговата прва рангирана трка од UCI. Ја претставувал Велика Британија на друмската трка на Олимписките игри 2008 и на Светското друмско првенство UCI, каде завршил четврти на друмската трка под 23 години.

Катјуша

По првенствата потпишал двегодишен договор со новата руска екипа Катјуша.[5]

Во 2009 бил избран да вози на Џиро д’Италиа. Свифт завршил трет на етапата 2 на Џиро д’Италиа. Исто така освоил етапа на Трката околу Британија. Свифт изјавил за CyclingNews во 2009, опишувајќи се себеси како „универзален возач, кој добро може да вози на класиците и да освојува етапи. 'Моја слабост е хронометарот. Не сакам да возам на хронометри и воопшто не сум добар на нив.'"[6]

Тим Скај

Thumb
Свифт спринта за победа на етапата 5 на Тур де Романди 2011

Свифт му приклучил на новооснованиот британски тим Тим Скај во јануари 2010. Во текот на неговата прва сезона со Скај, најголемиот резултат за Свифт бил на Тур де Пикард, каде освоил една етапа, генералниот, бодовниот и пласманот за млад возач.

Свифт во 2011 ја освоил својата прва етапа на трка од Светската турнеја, победувајќи етапа на Тур Даун Андер во Аделаида. Четири дена подоцна исто така ја освоил и етапата шест. Свифт ја овоил етапата 2 на Трката околу Калифорнија и го зел водството на трката, откако првата етапа била откажана поради лошото време.[7] Свифт бил избран во екипата за Тур де Франс пред Грег Хендерсон,[8] и завршил шести на етапата 15.[9]

Во 2012, Свифт се фокусирал на велодромскиот велосипедизам и претставувањето на Велика Британија на Летните олимписки игри 2012. На 4 април, Свифт ја освоил трката скреч на Светското велодромско првенство и ја зел маичката виножито. Завршил втор на бодовната трка и ги здружил силите со Герајнт Томас за земање на среброто во медисон.

Свифт бил избран да вози на Џиро д’Италиа, но бил приморан да се откаже откако го скршил рамото во пад на еден тренинг една недела претходно.[10] Иако не успеал да биде избран од долгиот список за олимпискиот тим на Велика Британија, тој бил избран од екипата Скај да вози на Трката околу Полска, победувајќи на втората и петтата етапа, воедно освојувајќи го бодовниот пласман.[11] Свифт бил избран за спринтер на Скај за Вуелта а Еспања 2012, каде завршил втор на етапата 18.

Во март 2014, Свифт го остварил еден од најголемите резултати во неговата кариера, завршувајќи трет на Милано-Санремо.[12] Во април 2015 година, Свифт паднал на новосоздадената Тур де Јоркшир, повредувајќи го рамото.[13]

На 19 март 2016 година, Свифт завршил втор на Милано-Санремо, во тесен спринт со Арно Демар (ФДЖ).[14]

ОАЕ Тим Емирати

По седум сезони со Скај, во септември 2016 година, Свифт објавил дека ќе се приклучи на ОАЕ Тим Емирати со двегодишен договор од 2017 година со цел за нови можности за себе.[15]

Враќање во Тим Скај

Во октомври 2018 година потпишал да се врати во Тим Скај за сезоната 2019.[16] Во јуни 2019 година, Свифт го освоил националното друмско првенство, победувајќи го предводникот на екипата Ијан Станард.[17][18] Во септември 2019 година, Свифт потпишал нов договор за да остане со Тим Инеос до крајот на сезоната 2021. Свифт изјавил дека нашол обновен ентузијазам и мотивација за спортот.[19]

Remove ads

Достигнувања

2004
1. Национално јуниорско велодромско првенство - бодовна трка
2005
1. Национално јуниорско велодромско првенство - скреч
1. 2-дневен јуниорски медисон Ротердам
1. Ноќ 1
1. Ноќ 2
1. 3-дневен медисон под 23 години Дортмунд
2006
2. Национално велодромско првенство - екипна потера
2007
1. Европско велодромско првенство под 23 години - екипна потера
Џиро деле Реџиони
1. Планински пласман
1. Етапа 4
1. Планински пласман Трка околу Британија
3. Милано-Бусето
4. Гран Премио дела Либерационе
5. Европско друмско првенство под 23 години
7. Ла Кот Пикард
2008
1. Копа деле Паче
1. ГП Копа Ромита
1. Етапа 5 Џиро Сиклистико Вале д’Аоста
4. Светско друмско првенство под 23 години
4. Европско друмско првенство под 23 години
6. Гран Премио Индустри дел Мармо
10. Гран Премио дела Либерационе
2009
1. Етапа 7 Трка околу Британија
2. Нокере Курсе
8. Гран Премио ди Лугано
10. Гран Премио дел’Инсубрија-Лугано
2010
1. Краен пласман Тур де Пикард
1. Бодовен пласман
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 2
2. Светско велодромско првенство - екипна потера
2011
1. Етапа 5 Вуелта а Кастиља и Леон
1. Етапа 5 Тур де Романди
1. Етапа 2 Трка околу Калифорнија
3. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 2
1. Етапа 6
2012
Светски велодромски првенства UCI
1. Скреч
2. Бодовна трка
2. Медисон (со Герајнт Томас)
Трка околу Полска
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 5
4. Национално друмско првенство
2013
3. Национално хронометарско првенство
3. Трофео Палма де Мајорка
5. Трофео Сера де Трамунтана
10. Трофео Кампос-Сантањи-Сес Салинес
10. Класик РајдЛондон-Сари
2014
Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1а
1. Етапа 1б (ТТТ)
1. Етапа 5 Трка околу Баскија
2. Национално друмско првенство
2. Класик РајдЛондон-Сари
2. Трофео Сес Салинес
3. Трофео Муро-Порт д’Алкудија
3. Милано-Санремо
8. Нокере Курсе
2015
2. Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
3. Трофео Плаја де Палма
3. Класик РајдЛондон-Сари
7. Трофео Сантањи-СесСалинес-Кампос
9. Меѓународен друмски велосипедски предизвик
9. Јапонски куп
2016
1. Бодовен пласман Вуелта а Андалусија
2. Милано-Санремо
7. Краен пласман Тур ди Поату Шарант
7. Џиро дел Пиемонте
8. Краен пласман Трка околу Британија
8. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
2017
5. Светско друмско првенство
5. Национално друмско првенство
10. Трка околу Франкфурт
2019
1. Национално друмско првенство
2020
8. Курне-Брисел-Курне
10. Милано-Торино
2021
1. Национално друмско првенство
3. Гран при де Денен
2022
8. Милано-Торино

Распоред на резултатите на големите трки

Повеќе информации Голема трка, Џиро ...

СО = се откажал; — = не учествувал

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads