Питер Кенох
британски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Питер Роберт Кенох MBE (англиски: Peter Robert Kennaugh; р. 15 јуни 1989 во Даглас) — поранешен мански професионален велодромски и друмски велосипедист,[1] кој возел професионално во периодот 2010-2019 за екипите Тим Скај и Бора-Хансгрое.[2]
Во 2012 година го освоил златниот медал како дел од британскиот состав на дисциплината екипната потера на Летните олимписки игри 2012 станувајќи првиот Манец во 100 години кој освоил злато.[3]
На 5 април 2019 година објавил дека ќе земе неодредена пауза од професионалниот велосипедизам за да се насочи на неговото душевно здравје.[4]
Remove ads
Кариера
Ран живот и кариера
Роден е во Даглас. Неговиот помлад брат, Тим и неговиот татко се исто така велосипедисти. Мајката на Питер, Џеки, исто така возела велосипед и во минатото го држела рекордот на 10 милји хронометар на островот Ман.[5] Започнал со трки во BMX на возраст од шест години.[6]
Станал член на олимписката академија на британската велосипедистичка федерација во 2008 година, преселувајќи се со остатокот од екипата да живее во Тоскана, Италија.[7] Во 2008 година завршил втор на националното друмско првенство, со штака станал британски првак под 23 години. Во февруари 2009 година станал британски медисон првак заедно со Марк Кристијан.[8]
На 9 септември 2009 година било објавено дека Кенох ќе стане професионален возач во 2010 година, возејќи за новата професионална британска екипа Тим Скај.[9][10] Бил опишан од Cycling Weekly како „најталентираниот младинец кој излегол од островот Ман зад неговиот пријател и познатиот спринтер Марк Кевендиш“.[7]
Тим Скај (2010–17)
2010

Во 2010 година се насочил на велодромскиот велосипедизам, освојувајќи ги трките поединечна потера и скреч на националните велодромски првенства. Завршил втор зад колегата од Скај, Герајнт Томас, на националното друмско првенство. Кенох го имал својот прв настап на некоја голема трка на Вуелта а Еспања, но Скај се повлекол по смртта на помошникот на екипата Чема Гонсалес.[11]
2011
Во 2011 година, Кенох бил замена во последната минута за Серж Паувелс на Џиро д’Италија[12] и завршил на 86. место на неговиот прв настап на Џиро. Кенох завршил трет на Рут ду Суд, но не бил избран за Тур де Франс 2011. Завршил на третото место зад колегите Бредли Вигинс и Герајнт Томас во националното друмско првенство.[13] Во август, завршил петти во генералниот пласман на Трката околу Полска.[14]
2012
Во 2012 година започнал да се насочува на велодромскиот велосипедизам. Бил дел од британскиот состав за екипна потера кој поставил нов светски рекорд од 3:53,295 секунди и го освоил златото на Светското велодромско првенство на 4 април 2012 година во Мелбурн.[15] Меѓутоа, тоа достигнување било подобрено на 3 август кога бил дел од британската репрезентација за екипна потера заедно со Ед Кленси, Герајнт Томас, Стивен Бурк, кои не само што го освоиле златниот медал на Летните олимписки игри, туку и со време од 3:51,659, го засениле својот светски рекорд кои го поставиле во квалификациите.[16][17] Кенох бил првиот Манец кој го освоил олимпиското злато од 1912 година.
Кенох бил прогласен за член на Редот на Британската Империја (MBE) во новогодишните прогласување 2013 година за заслуги во велосипедизмот.[18][19]
2013
Кенох целосно се насочил на друмскиот велосипедизам во 2013 година. Одиграл важна улога во победата на Крис Фрум на Трката околу Оман во февруари. Кенох бил дел од екипата на Скај која го освоила екипниот хронометар на Џиро дел Трентино во април, но не бил избран да вози на Џиро д’Италија. Наместо тоа, Кенох победил на Линколн гран при пред да биде клучен помошник на планините за Фрум и Ричи Порт кои однеле победа 1-2 на Критериум ди Дофине во јуни. Бил избран да вози на Тур де Франс по првпат. На осмата етапа, Кенох одиграл клучна улога во етапната победа на Крис Фрум помагајќи му да го достигне опасниот потег на Наиро Кинтана. Меѓутоа, на следната етапа, Кенох бил вклучен во драматичен пад откако Рајдер Хесједал,[20] возач на Гармин-Шарп, удрил во него, испраќајќи го во ендекот и растителноста покрај патот. Иако Кенох не бил лошо повреден, изгубеното време го спречило да ги следи нападите по што Фрум останал целосно сам.[21]
2014

Кенох ја освоил својата прва поединечна професионална победа на Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали во март, освојувајќи ја втората етапа, откако се одвоил на последното искачување со Франческо Бонџорно од екипата Бардијани-ЦСФ и го претекнал за победа. Кенох ја освоил трката со 12 секунди предност пред колегата Дарио Каталдо, кој имал 48 секунди предност пред завршниот 10-километарски поединечен хронометар.
Во мај 2014 година, Кенох го срушил хронометарскиот рекорд на 10 милји на островот Ман од 2007 година држен од Марк Кевендиш, поставувајќи нов рекорд од 19м 38,982с.[22] Кенох го освоил националното друмско првенство на 29 јуни, претекнувајќи го колегата од Скај, Бен Свифт.[23] И покрај добрата форма, Кенох не бил избран за Тур де Франс, наместо тоа возел на Трката околу Австрија, каде ја освоил првата етапа и ја носел водечката маичка на остатокот од трката, стигнувајќи до втора победа на етапна трка во сезоната.[24] Потоа, Кенох настапил за островот Ман на Комонвелтските игри во Глазгов, освојувајќи сребрен медал на бодовната трка во велодромскиот велосипедизам[25] и осмото место на друмската трка по долгото соло бегство.[26] Кенох возел на Вуелта а Еспања, помагајќи му на Крис Фрум да заврши втор.
2015

Кенох ја освоил воведната етапа на Критериум ди Дофине по нападот на последното искачување и одржувајќи се пред главната група за две секунди на спустот до завршницата во Албервил.[27] Кенох го изгубил водството во трката по екипниот хронометар на третата етапа, но потоа му помогнал на Фрум да ја освои трката.
Во јуни го освоил националното друмско првенство, оддалечувајќи се од Марк Кевендиш на последното калдрмисано искачување[28] и станал прв возач кој успешно ја одбранил титулата од Роџер Хамонд во 2004 година.[29] Бил избран да вози на Тур де Франс 2015, но се разболел и се повлекол на шеснаесеттата етапа.[30]
Во септември, Кенох го урнал хронометарскиот рекорд на Крис Бордман од 1993 година поставен на хронометарската патека на островот Ман за шест секунди.[31]
2016
Кенох ја започнал сезоната во Австралија во јануари. По учеството на Тур Даун Андер, ја освоил Големата океанска друмска трка „Кедел Еванс“ откако нападнал од мала група на завршното искачување и се одржал 12 километри до целта пред другите. Завршил шест секунди пред групата од 19 возачи.[32] Следната недела, Кенох возел на Хералд Сан Тур. На втората етапа, кога тој и колегата Крис Фрум и се одвоиле поминувајќи ја целта 17 секунди пред другите; Кенох ја освоил етапата и повел на трката. Следните две етапи завршиле во спринтови, каде што Кенох го зголемил своето водство. На завршната етапа, Фрум нападнал на претпоследното искачување и повторно на завршното искачување, освојувајќи ја етапата и целата трка. Кенох бил втор со 29 секунди зад него.
ВО мај, Кенох паднал на третата етапа на Трката околу Калифорнија, при што ја скршил клучната коска.[33] Кенох првично бил вклучен во репрезентацијата на Обединетото Кралство на Летните олимписки игри, меѓутоа, во јули 2016 година се повлекол наведувајќи недостиг на форма, што му дозволило на етапниот победник на Тур де Франс, Стив Камингс да го заземе неговото место.[34]
Кенох бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања. Тим Скај го освоил воведниот екипен хронометар и Кенох бил прв возач кој поминал преку целта, со што ја презел водечката црвена маичка, првпат кога повел на некоја голема трка во неговата кариера.[35]
2017
Во јуни, Кенох ја освоил седмата етапа на Критериум ди Дофине, станувајќи првиот британски возач кој освоил етапа на Алп д’Ез.[36] Меѓутоа, не бил вклучен во составот на Тим Скај за Тур де Франс 2017.
Бора-Хансгрое (2018-2019)
2018
Во август 2017 година било објавено дека го напушта Скај и дека ќе се приклучи на Бора-Хансгрое со двегодишен договор од 2018.[37][38]
Сезоната 2018 ја започнал со настап на Тур Даун Андер 2018.[39]
Remove ads
Кариера по тркањето
Во 2019 година, Кенох се приклучил на телевизијата ITV4 при следењето на Тур де Франс заедно со Гери Имлач, што се случило по заминувањето на Крис Бордман претходната година.[40] Бордман се вратил за Тур 2020, меѓутоа Кенох продолжил таму заедно со Бордман и Имлач.[41]
Достигнувања
Друмски велосипедизам
- 2006
- 2. Краен пласман Трка околу Велс за јуниори
- 3. Национално јуниорско друмско првенство
- 2007
- Национални јуниорски друмски првенства
- 1.
Краен пласман Кајзер (јуниори)
- 1. Национална јуниорска друмска серија
- 3. Краен пласман Трка околу Велс за јуниори
- 2008
- 1.
Национално друмско првенство под 23 години
- 1. Трофео Интернационале Бастијанели
- 1. ГП Каподарко
- 1. Пролог (ТТТ) Тур Алзас
- 2. Национално друмско првенство
- 2. Гран при Велс
- 2009
- 1.
Национално друмско првенство под 23 години
- 3. Национално друмско првенство
- 3. Краен пласман Џиробио
- 1. Етапа 3
- 4. Светско друмско првенство под 23 години
- 8. Трофео Интернационале Бастијанели
- 2010
- 2. Национално друмско првенство
- 2011
- 3. Национално друмско првенство
- 3. Краен пласман Рут ди Суд
- 5. Краен пласман Трка околу Полска
- 2013
- 1. Етапа 1b (ТТТ) Џиро дел Трентино
- 4. Национално друмско првенство
- 2014
- 1.
Национално друмско првенство
- 1.
Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
- 1. Етапа 1b (ТТТ)
- 1. Етапа 2
- 1.
Краен пласман Трка околу Австрија
- 8. Друмска трка, Комонвелтски игри
- 10. Краен пласман Трка околу Баварија
- 2015
- 1.
Национално друмско првенство
- 1. Етапа 1 Критериум ди Дофине
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Тур де Романди
- 6. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 9. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 9. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
- 2016
- 1. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
- 2. Краен пласман Хералд Сан Тур
- 1. Етапа 1
- 5. Краен пласман Вуелта а Бургос
- 2017
- 1. Етапа 7 Критериум ди Дофине
- 4. Национално друмско првенство
- 2018
- 1. Гран При Пино Черами
- 3. Тре Вали Варезине
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал
Велодромски велосипедизам
- 2006
- Светски јуниорски првенства
- 1.
Европско јуниорско првенство - екипна потера
- 2007
- Европски јуниорски првенства
- 1.
Европско првенство под 23 години - екипна потера
- Национални јуниорски првенства
- 1. Куп на UIV, Шест дена Гент (со Адам Блајт)
- 2008
- 1.
Европско првенство - екипна потера
- 1. Куп на UIV, Шест дена Берлин (со Џонатан Белис)
- 1. Куп на UIV, Шест дена Копенхаген (со Џонатан Белис)
- 2.
Светски куп Кали - бодовна трка
- 2009
- 1.
Национално медисон првенство (со Марк Кристијан)
- Светски куп 2008–2009
- 2010
- Национални првенства
- 2011
- 1.
Европско првенство - екипна потера
- Национални велодромски првенства
- 1.
Медисон (со Лук Роу)
- 1.
Бодовна трка
- 1.
- 3.
Светско првенство - екипна потера
- 2012
- 1.
Екипна потера, Олимписки игр
- 1.
Екипна потера, Светско велодромско првенство
- 2014
- 2.
Бодовна трка, Комонвелтски игри
- 2017
- 2. Шест дена Лондон (со Марк Кевендиш)
Светски рекорди
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads