Велосипедизам на Летните олимписки игри 2012 - хронометар за мажи

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Хронометарот за мажи, дел од олимписките велосипедски настани на Летните олимписки игри 2012, се одржал на 1 август во Лондон.[1]

Повеќе информации Друмски велосипедизам, Велодромски велосипедизам ...

На хронометарот, велосипедистите ја започнувале својата трка во интервал од 90 секунди, додека за победник се прогласува оној велосипедист, кој ќе оствари најбрзо време на патеката. Бредли Вигинс од Велика Британија го освоил златниот медал.

Remove ads

Квалификации

Секоја земја во првите 15 од националниот пласман на Светската турнеја 2011, првите 7 од Европската турнеја, првите 4 од Американската турнеја, првите 2 од Азиската турнеја и предводниците во Океанската и Африканската турнеја се квалификувале да имаат по еден возач на трката. Дополнително, десет земји оствариле право на уште еден натпреварувач поради резултатите на нивните возачи на Светското хронометарско првенство 2011; тоа биле Германија, Велика Британија, Швајцарија, Австралија, Холандија, Казахстан, Данска, Шпанија, Шведска и Канада. САД добиле право на уште еден возач, откако Луксембург се повлекол од трката.

Remove ads

Фаворити пред трката

Бранителот на титулата во оваа дисциплина бил Фабијан Канчелара од Швајцарија и се очекувало повторно да прикаже солидни резултати. Меѓутоа, Канчелара доживеал тежок пад во последните километри на олимписката друмска трка, првично доведувајќи го неговото учество на хронометарот во прашање. Снимките покажеле дека тој избегнал кршење на неговата клучна коска по вторпат во оваа сезона и возел на хронометарот.[2]

Победникот на Тур де Франс 2012, Бредли Вигинс од Велика Британија исто така бил сметан за голем фаворит, претходно освојувајќи седум хронометри во сезоната 2012 и сакал да додаде нов медал на неговиот список на шест олимписки медали освоени на велодромите. Светскиот првак Тони Мартин од Германија бил сметан како фаворит, но се здобил со многу повреди низ сезоната и се повлекол од Тур де Франс со надеж да биде подготвен за олимписката трка.[3]

Од другите фаворити, сонародникот на Вигинс Крис Фрум покажал силна форма на Тур де Франс, каде завршил втор во генералниот пласман и втор на двата хронометри зад Вигинс. Уште еден колега на Вигинс, Мајкл Роџерс, светскиот хронометарски првак 2003–2005 ја претставувал Австралија, бидејќи победникот на Тур де Франс 2011 Кедел Еванс избрал да не ја започне трката поради замор. Младиот Американец Тејлор Фини, кој го освоил воведниот хронометар на Џиро д’Италиа 2012 ги претставувал САД. Силвен Шаванел бил единствениот француски возач, заедно со Луис Леон Санчес од Шпанија и Марко Пиноти, победникот на завршниот хронометар на Џиро, кој ја претставувал Италија.

Remove ads

Патека

Thumb
Судската палата Хемптон била домаќин на почетокот и крајот на хронометарот.

Трката започнувала и завршувала пред судската палата Хемптон во југозападен Лондон и вклучувала делови во Ричмонд, Кингстон на Темза и Сари. Двете трки, машката и женската, биле одржувани по еден круг, со мали разлики во патеките претставувајќи различни растојание - 44 километри за мажите и 29 километри за жените.[4]

Распоред

Повеќе информации Датум, Време ...

Резултати

Thumb
Бредли Вигинс при влегувањето во паркот Баши, 2 километри пред целта.

Списокот на настапи бил објавен на 1 август.[5]

Повеќе информации Место, Возач ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads