Веселчани

село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia

Веселчаниmap
Remove ads

Веселчани — село во Општина Прилеп, во областа Пелагонија, во околината на градот Прилеп.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Пелагонија, во јужниот дел на Прилепско Поле. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Алинци на исток, Тополчани на југ, Загорани на запад и Галичани на север. Оддалечено е 14 километри јужно од Прилеп.

Историја

Подрачјето на Веселчани е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Старо Село на околу половина километар јужно од селото.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Веселчани живееле 350 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Веселчани имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Веселчани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 20 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]

Во 1961 година селото има 361 жител, додека во 1994 година има само 121 жител.

Според пописот во 2002 во селото има 98 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 36 жители, од кои 34 Македонци и 2 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Веселчани е чисто македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.

Родови во Веселчани се:

  • Доселеници: Момировци (7 к.), доселени се од селото Света во Железник, доселени се во ХVIII век, во Света имале 300 кози, и затоа на нив нападнале арамии, и потоа решиле да се преселат во Веселчани. Го знаат следното родословие: Илија (жив на 70 г. во 1951 година) Томе-Димитрија-Миле-Кочо кој се доселил; Опашиновци (11 к.), доселени се однекаде, една нивна гранка се вика Газијановци; Пашовци (4 к.) и Марковци (4 к.), порано биле еден род, доселени се однекаде; Дошлаковци (2 к.), доселени се однекаде; Мојсовци (7 к.), доселени се во турско време од Беровци. Порано се викале Маѓанци, можеби подалечно потекло имаат од областа Мат во Албанија (?); Бришковци (3 к.), доселени се во турско време од Вардино во Железник; Јошмановци (2 к.) доселени се во турско време од Загорани, таму припаѓале на родот Брсјаковци, подалечно потекло од некое село во Железник.[13]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1501 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 73 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

Цркви
Археолошки наоѓалишта[2]
  • Горник — некропола од доцноантичко време
  • Старо Село — населба од доцноантичко време

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Стојковци(1 к.) се иселени во Ерековци, Веселчанци (1 к.) живеат во Боротино, Милошевци (1 к.) иселени се во Алдинци. И неколку семејства се иселени во Прилеп.[13]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads