Вилијам Дампир

From Wikipedia, the free encyclopedia

Вилијам Дампир
Remove ads

Вилијам Дампир (или Вилијам Дампиер англиски: William Dampier; крстен 1651 година, починал во март 1715) бил англиски морепловец, истражувач, природонаучник, писател, поморски капетан, гусар и пират. Тој е првиот човек кој трипати ја обиколил Земјата, и бил првиот Англичанец кој истражувал делови од Нова Холандија (Австралија) и Нова Гвинеја. Тој е еден од најважните британски истражувачи од периодот помеѓу Френсис Дрејк (16 век) и Џејмс Кук (18 век). Со неговите експедиции открил и именувал многу растенија, животни, храна и техники за готвење дотогаш непознати во Европа, и е меѓу првите англиски писатели кои ги употребиле зборовите авокадо, стапчиња за јадење, гвакамоле. Дампир бил инспирација на неколку личности кои се попознати од него, како: Данел Дефо, Џејмс Кук, Хорацио Нелсон, Чарлс Дарвин и Алфред Расел Волес.

Кратки факти Вилијам Дампир, Роден(а) ...
Remove ads

Првата обиколка на Земјата

Во текот на 1670-тите, Дампир со буканири пловел во Карипското Море. Во 1679 година се приклучил на гусарска експедиција, со која пловел по океаните. Најпрво учествувале во нападот долж Панама. Заробиле шпански бродови на тихоокеанскиот брег на Панама, па ги нападнале и шпанските населби во Перу, по што се вратиле во Карипското Море.

Во 1683 г. отишол во Вирџинија, каде што повторно се здружил со пиратите, и повторно ги пљачкосувале шпанските поседи во Галапагос и Мексико. Во март 1686 година, преку Тихиот Океан се упатиле кон Манила, Кина и Австралија. На 5 јануари 1688 година, со бродот се закотвил на северозападниот брег од Австралија. Дампиер и неговиот брод останале таму до 12 март, и за тоа време направил белешки за фауната и флората и домородните народи што ги нашол таму. Подоцна истата година, Дампиер и двајцата соработници биле заробени на еден од Никобарските Острови. Добиле мало кану, со кое успеале да стигнат до Суматра. Во 1691 година, преку 'ртот Добра Надеж се вратил во Англија, без пари. Единствен имот му биле само бродските дневници и тетовираниот роб познат како Џоло.

Remove ads

Експедицијата Роебук

Во 1697 година го објавил патописот „Ново патување низ светот“, кој предизвикал заинтересираност кај Британскиот адмиралитет[1] и затоа по налог на кралот Вилијам III во 1699 г. му ја довериле командата на воениот брод Роебук, со мисија да го истражува источниот брег на Нова Холандија. Намерата на Дампиер била да отпатува таму преку Кејп Хорн.

Експедицијата тргнала на 14 јануари 1699 година, но било предоцна да патува преку Кејп Хорн, и наместо таму се упатиле преку 'Ртот Добра Надеж кон Западна Австралија (каде што собрал многу примероци од растителниот свет на Австралија), а оттаму се упатил на север кон Тимор. Тој дојде во Нова Гвинеја во декември. Тој пловел по неговиот брег, а подоцна се свртел кон исток, а потоа ја открил Нова Британија, главниот остров на архипелагот Бизмарк . Тој го открил и Дампиерското Море помеѓу архипелагот Бизмарк и Нова Гвинеја.

Потоа отпловил на исток и на 3 декември 1699 година ја обиколил Нова Гвинеја. Потоа одел по југоисточните брегови на Нов Хановер, Нова Ирска и Нова Британија, исцртувајќи го Дампировиот Проток меѓу овие острови (сега Бизмарков Архипелаг) и Нова Гвинеја. Попатно, собирал примероци од џиновски школки.[2]

Роебак бил во многу лоша состојба така што Дампир бил принуден да се откаже од својот план да го испита источниот брег на Нова Холандија иако бил на помалку од сто милји од него. Дампир сакал да се врати за Англија, но бродот на 21 февруари 1701 година почнал да се полни со вода крај островот Вознесение.[3] Екипажот на Дампир останал (заглавен) таму пет недели пред да бидат спасени (на 3 Април), и во август 1701 година се вратиле дома.

Иако многу од документите ги изгубиле со Роебак, Дампиер успеал да спаси некои обележувања на крајбрежјето од островите и неговите записи за пасатите и струите во морињата околу Австралија и Нова Гвинеја. Успеал да зачува и неколку примероци од растителниот свет кои биле донирани на Универзитетот во Оксфорд, а во септември 1999 година, овие примероци биле позајмени во Западна Австралија за прославата на 300 години од неговото патување.[4] Во 2001 година, потонатиот брод Роебак бил пронајден во Кларенсовиот Залив крај Вознесенскиот Остров, од тим од Поморскиот музеј на Западна Австралија.[5] Неговиот извештај за експедицијата бил објавен под наслов „Патување во Нова Холандија“ во 1703 година.

Remove ads

Воен суд

По враќањето во Англија од Роебак експедицијата, Дампиер бил изведен пред воен суд за суровост. Дампиер од бродот го избркал поручникот Џорџ Фишер и го затворил во Бразил. Фишер се вратил во Англија и се пожалил на неговиот третман кај Адмиралитетот. Дампиер агресивно го бранел своето однесување, но бил прогласен за виновен. Му бил намален надоместот за експедицијата и бил отпуштен од Кралската морнарица .

Второ обиколување

Во 1701 година избувнала Војната за шпанското наследство. Дампиер бил назначен за командант на бродот Сент Џорџ со екипаж од 120 души. Ним им се приклучил и бродот Синке Портс и од Кинсејл, Ирска. испловиле на 11 септември 1703 година.[6] Бродовите преку Кејп Хорн пристигнале на Хуан Фернандес островите во февруари 1704 година.[7]

Дампир успеал да зароби мноштво мали шпански бродови долж брегот на Перу, но ги ослободувал откако ќе им одземел дел од стоката која ја пренесувале.[8] Сакал да го нападне градот Санта Марија во Панамскиот Залив за кој се шпекулирало дека поседува залихи на злато од блиските рудници, но по неочекувано силниот отпор кој му бил пружен, Дампир се повлекол.[9] Во мај 1704 година, Синке Портс се одвоил од Сент Џорџ, а набрзо потоа потонал во близина на брегот на денешна Колумбија. Дел од членовите на екипажот преживеале, но биле заробеници од Шпанците.[10]

Сега Сент Џорџ требало сам да го нападне Манила галеонот, главната цел на експедицијата. Бродот бил забележан на 6 Декември 1704 година (веројатно Нуестра Сењора дел Росарио). Бродот бил фатен неподготвено и не ги имал извадено топовите. Но, додека Дампиер се расправал со своите офицери за тоа како да нападнат, галеонот ги извадил топовите и битката започнала. Сент Џорџ набрзо претрпел сериозна штета, и биле принудени да го прекинат нападот.[11]

Неуспехот да заробат шпански галеон предизвикало крах на експедицијата. Го напуштиле бродот Сент Џорџ на крајбрежјето на Перу. Дампир со дел од екипажот се впуштил во напади на шпански бродови во Источна Индија, но биле затворени како пирати од нивните наводни сојузници Холанѓаните; сепак подоцна биле ослободени.[12] Без брод, Дампир се вратил во Англија кон крајот на 1707 година.

Remove ads

Трета обиколка и смрт

Во 1708 година, Дампиер бил ангажиран на гусарскиот брод Дјук, но не како капетан, туку како пилот. Дјук отишол во Јужниот Тихи Океан.[13] Под команда на Вудс Роџерс, ова патување било поуспешно: Го спасиле Селкирк на 2 февруари 1709 година,[14] а експедицијата ограбила стока во вредност од 147.975 фунти[15] (денешни 22,5 милиони фунти).[16] [17]

Во јануари 1710 година, Дампиер го преминал Тихиот Океан во бродот Дјук. Застанале во Гуам пред да заминат за Батавија. Потоа отпловиле кон 'Ртот Добра Надеж каде што се задржале повеќе од три месеци каде што чекале конвој. Оттаму си заминале придружени од 25 холандски и англиски бродови.[18] На 14 октомври 1711 година се закотвиле во Темза во Лондон.[19]

Дампир починал во Лондон.[20] Точниот датум, околностите на неговата смрт и неговото последно почивалиште се непознати. Неговата тестамент бил прочитан на 23 март 1715 година, и се претпоставува дека умрел кратко пред тоа, но не може со сигурност да се потврди.[21] Имал долг од речиси 2.000 фунти.[22]

Remove ads

Оставина

Дампир влијаел на неколку личности кои се попознати од него:

  • Тој дал важен придонес во навигацијата, и за прв пат собрал податоци за струите, ветровите и плимните движења низ сите светски океани, кои подоцна ги користеле Џејмс Кук и Хорацио Нелсон.[23]
  • Неговите патеписи за Панама можеби го поттикнале Дариеновиот проект, по што биле донесени Законите за Унијата од 1707 година.[24]
  • Даниел Дефо (авторот на Робинзон Крусо), веројатно бил инспириран од извештаите на Александар Селкирк, член на екипажот при патувањата на Дампиер кој бил исфрлен од бродот.[25]
  • Џонатан Свифт го спомнува Дампир во неговите Гуливерови патувања како морепловец споредлив со Лемуел Гуливер.[26]
  • Записите на Дампир за фауната и флората во Северозападна Австралија ги проучувал ботаничарот Џозеф Бенкс,[23] кој ги проширил овии студии за време на неговото прво патување заедно со Џејмс Кук. Ова пак придонело за колонизација на Ботаничкиот Залив и основањето на модерна Австралија.
  • Неговите записи за лебното дрво го поттикнале патувањето наВилијам Блај со бродот Баунти.[27]
  • Член на екипажот на Дампиер, Сајмон Хетли, кој е најпознат по тоа што пукал во албатрос за време на бура кај Кејп Хорн, бил инспирација за песната од Семјуел Тејлор Колриџ - Песната на стариот морнар.[28]
  • Анализите на Дампиер за природонауката им помогнале на Александар фон Хумболт и Чарлс Дарвин во развивањето на своите научни теории.[26]
  • Дампир е цитиран преку 80 пати во Оксфордскиот речник на англиски речник, познат е по зборовите како „скара“, „авокадо“, „ стапчиња за јадење“ и „подвидови“.[29]
  • Тој запишал првите рецепти на англиски јазик за Гвакамоле и зелени манго чатни.[30][31]
Remove ads

Почести

Следниве географски места се именувани по Вилијам Дампир:

  • Дампир, град и главно индустриско пристаниште во регионот Пилбара во северозападниот дел од Западна Австралија;
  • Архипелагот Дампир, Западна Австралија;
  • Округот Дампир, катастарски дел од Нов Јужен Велс;
  • Островот Дампир, во архипелагот Дампир, Западна Австралија, преименуван како Полуостров Буруп во 1960-тите кога со насип бил поврзан со копното;
  • Област Дампир Ленд, катастарска поделба на Западна Австралија;
  • Полуостровот Дампир, Западна Австралија;
  • Дампиров срт, дел од потопениот континент Зеландија;
  • Дампиер, трет по височина врв во Нов Зеланд ;[32]
  • Дампиер Симаунт, во близина на островот Света Елена ;
  • Дампиров Проток (Индонезија) ;
  • Дампиров Проток (Папуа Нова Гвинеја);
  • Улица Дампир, во Бристол (Англија);
  • Малата планета 14876 Дампиер ;[33]
  • Бродот Дампир, во служба со Кралската морнарица помеѓу 1948 и 1968 година;
  • поштенски марки со неговиот лик издадени од Австралиски пошти во 1966 и 1985 година.[34]
  • австралиското цветно растение од родот Дампириа (Dampiera)
Remove ads

Дела

  • Ново патување околу светот (1697)
  • Патувања и описи (1699)
  • Патување во Нова Холандија (1703)
  • Додаток кон патувањето околу светот (1705)
  • Патувањата на кампот (1705)
  • Дискурс на ветровите (1705)
  • Продолжување на патувањето во Нова Холандија (1709)

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads