Виничка Кршла
село во Општина Виница From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Виничка Кршла — село во Општина Виница, во околината на градот Виница.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото Виничка Кршла, се наоѓа на североисточната страна на градот Виница, селото е распрскано на поголема територија над реката Драгобраштица. Од централното градско подрачје е оддалечено 5 км. Селото, односно Кршлата, по која го носи името започнува од источниот излез на градот.[2]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Виничка Кршла живееле 100 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Виничка Кршла имало 112 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според пописот во 2002 година во селото живееле 99 жители Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 58 жители, од кои 57 Македонци и 1 лице без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
Виничка Кршла е македонско село.
Според истражувањата од 1959 година, родови во селото се:
- Доселеници: Јуруци (8 к.), Мечкарци (4 к.), Газарци (3 к.) и Ташовци (1 к.) првите три рода се најстари во селото, доселени се однекаде; Газарци (5 к.), Насевци (3 к.) и Анаќијовци (2 к.) доселени се од селото Драгобраште; Божанци (4 к.) доселени се од селото Илиово кај Делчево. Го знаат следното родословие: Блажо (жив на 49 г. во 1959 година) Ефтим-Арсо, кој се доселил во селото; Туријчани (2 к.) доселени се од селото Турија кај Делчево; Трајановци (2 к.) и Чакалци (1 к.) доселени се од селото Грљани; Митрашинци (1 к.) доселени се од селото Митрашинци кај Берово; Катанци (3 к.) доселени се од селото Дулица кај Македонска Каменица.[11]
Remove ads
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 314 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 50 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[14]
Во селото има повеќе археолошки наоѓалишта од античкиот римски период, кои се под надлежност на Виничкиот музеј.[15]
- Барбашки Дол — некропола и тумули од железното време.
- Вршник — могила од римското време.
- Градиште 1 — некропола и тумули од железното време.
- Градиште 2 — утврдена населба од железното време и доцноантичкото време.
- Ѓафурски Лозја — населба од римското време.
- Кршлански Гумења — некропола од железното време.
- Могила — населба и могила од римското време.
- Русалски Гробишта — некропола од железното време.
- Сушица — населба и некропола од римското време.
- Коколов Рид — населба од раното и доцното бронзено време и железно време;[16]
Remove ads
Култура и спорт
Во селото постои основно училиште.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads