Волта а Каталуња 2015
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Волта а Каталуња 2015 — 95. издание на велосипедската етапна трка Волта а Каталуња. Се одржала од 23 до 29 март и била петта трка во сезоната на Светската турнеја.[1][2] Бранителот на титулата Хоаким Родригес требало да ја брани титулата, но се повлекол од учество неколку дена претходно, поради стомачен вирус.[3]
Трката била освоена од Ричи Порт (Тим Скај), негова втора победа во сезоната, додека Алехандро Валверде (Мовистар Тим) се нашол на второто место, а подиумот го заокружил Доменико Поцовиво (Аг2р-Ла Мондијал).
Remove ads
Распоред
Remove ads
Екипи
Волта а Каталуња е дел од Светската турнеја, па така сите 17 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Организаторите на трката, исто така, дале седум специјални покани на професионалните континентални екипи. Групата била составена од 24 екипи.[4]
Екипи во Светската турнеја биле:
Екипи кои добиле специјални покани биле:
- Бретањ-Сеше анвиронман
- Каха Рурал-Сегурос РГА
- ЦЦЦ-Спранди-Полковице
- Кофидис
- Колумбија
- Тим Јуропкар
- Ванти-Груп Гобер
Remove ads
Етапи
Етапа 1
Етапа 2
- 24 март 2015, Матаро—Олот, 191,8 км
Етапа 3
- 25 март 2015, Ѓирона—Ѓирона, 156,6 км
Етапа 4
- 26 март 2015, Тона—Ла Молина, 188,4 км
Етапа 5
- 27 март 2015, Алп—Валс, 195,4 км
Забелешки:
- ^1 — Дарвин Атапума и Тиџеј ван Гардерен добиле временски надоместувања по етапата.[5]
Етапа 6
- 28 март 2015, Сервера—Порт Авентура, 194,1 км
Етапа 7
Remove ads
Поредок
На Волта а Каталуња 2015 се доделувале четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временските бонуси на средните спринтови (3, 2 и 1 секунда) и на крајот на етапите (10, 6 и 4 секунди, соодветно за првите тројца велосипедисти), предводникот ја добил бело-зелената маичка. Овој пласман се сметал за најважен на Волта а Каталуња 2015 и победникот на овој пласман се сметал за победник на трката.
Дополнително, постоел и спринтерски пласман, кој се наградувал со белата маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на некое од првите 3 места на средните спринтови во текот на секоја етапа; овие средни спринтови исто така нуделе и бонус секунди за генералниот пласман. Исто така, постоел и планински пласман, каде се доделувала црвена маичка. Во планинскиот пласман, бодови се добивале доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти, така што повеќе бодови имало на повисоките категоризирани искачувања.
Постоел и пласман за екипите, каде времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја екипа се додавале заедно; водечка екипа на крајот на трката била екипата со најниско вкупно време.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads