Волта а Каталуња 2014

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Волта а Каталуња 2014 — 94. издание на велосипедската етапна трка Волта а Каталуња. Започнала на 24 март во Калеља, а завршила на 30 март Барселона, одржувајќи вкупно седум етапи. Претставувала петта трка во сезоната на Светската турнеја.

Кратки факти Детали за трката, Датум(и) ...

Трката била освоена по вторпат од Шпанецот Хоаким Родригес од Катјуша,[2] кој го презел водството по освојувањето на третата етапа и го одржал до крајот на трката во Барселона, освојувајќи по првпат етапна трка во изминатите две години.[3] Родригес го освоил генералниот пласман за четири секунди пред второпласираниот и сонародникот Алберто Контадор (Тинкоф-Саксо),[4] додека возачот на Ванти-Груп Гобер Тиџеј ван Гардерен го заокружил подиумот, три секунди зад Контадор,[5] и седум зад Родригес; Ван Гардерен ја освоил кралската етапа на трката на четвртиот ден.[6]

Во другите пласмани на трката, Стеф Клемент, од екипата Белкин Про Сајклинг,[5] бил освојувач на црвената маичка за планинскиот пласман; исто така освоил и етапа носејќи ја маичката, победувајќи на претпоследната етапа.[7] Возачот на Канондејл Михел Кох ги освоил двата спринтерски пласмани; заедно со нормалниот спринтерски пласман,[5] Кох бил победник и на специјалниот спринтерски пласман,[5] именуван во чест на Мигел Поблет, со доделување бодови на специфични места на патеката. Втора година по ред, Гармин-Шарп го освоиле екипниот пласман.[5]

Remove ads

Распоред

Повеќе информации Етапа, Датум ...
Remove ads

Екипи

Бидејќи Волта а Каталуња е настан од Светската турнеја, сите 18 UCI World Tour екипи биле поканети автоматски и се обврзани да испратат екипа. На четири други екипи им биле доделени специјални покани, со тоа создавајќи ја главната група од 22 екипи.

Екипи кои настапиле на трката се:[8]

Remove ads

Етапи

Етапа 1

24 март 2014 Калеља до Калеља, 169,7 км[9]
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 2

25 март 2014 Матаро до Жирона, 168 км[10]
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 3

26 март 2014 Бањолес до Ла Молина, 162,9 км[11]
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 4

27 март 2014 Алп до Валтер 2000-Сеткасес, 166,4 км[12]
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 5

28 март 2014 Лјанарс до Валс, 218,2 км[13]
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 6

29 март 2014 Ел Вендрел до Виланова и ла Желтру, 172 км[14]
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 7

30 март 2014 Барселона до Барселона, 120,7 км[15]
Повеќе информации Rider, Team ...
Remove ads

Поредок

На Волта а Каталуња 2014 се доделувале четири маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временските бонуси на средните спринтови и на крајот на етапите, предводникот ја добил бело-зелената маичка. Овој пласман се смета за најважен на Волта а Каталуња 2014 и победникот на овој пласман се смета за победник на трката.

Дополнително, постои и спринтерски пласман, кој се наградува со белата маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добиваат бодови доколку завршат на некое од првите 3 места на средните спринтови во текот на секоја етапа; овие средни спринтови исто така нудат и бонус секунди за генералниот пласман. Воедно постои и специјален спринтерски пласман, во кој се сметаат бодовите кои се нудат на посебно одредена точка во текот на етапата; пласманот бил именуван во чест на поранешниот велосипедист Мигел Поблет, кој починал во 2013. Исто така, постои и планински пласман, каде се доделува црвена маичка. Во планинскиот пласман, бодови се добиваат доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти, така што повеќе бодови има на повисоките категоризирани искачувања.

Постои и пласман за екипите, каде времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја екипа се додаваат заедно; водечка екипа на крајот на трката е екипата со најниско вкупно време.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads