Војводина (село)
село во Кајларско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Војводина (грчки: Σπηλιά, Спилија; до 1927 г. Βοεβοδίνα, Воеводина,[2] турски: Oyvodina, Ојводина) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Еордеја на областа Западна Македонија, Грција. Има 69 жители (2011), а атарот зафаќа површина од 25 км2.[3]
Оваа статија се однесува на село во Кајларско, Егејска Македонија. За истоимената покраина во Србија, погл. Војводина.
Remove ads
Географија
Селото е сместено во областа Сариѓол, 15 км источно од градот Кајлари, во подножјето на планината Каракамен.
Историја
Кај Војводина е откриена древномакедонска гробница (наречена Војводинска гробница), слична на Кралските гробници во Кутлеш.[4] Низ ова подрачје минува познатиот римски пат Вија Егнација.
Во Отоманското Царство
Кон крајот на XIX век Војводина бил турски чифлик. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Војводино (Voïvodino) било село во Џумалиската каза со 15 домаќинства и 30 машки жители муслимани.[5]
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Војводина:
„ | На југ одовде [Козлуќој] лежи муслиманското село Војводина со 28 куќи и 62 нуфузи, од кои се зема 3100 пијастри данок. Во селото има 1 џамија и неколку извори.[6] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Војводина имала 250 жители Турци.[7]
Според грчка статистика од 1904 г. во Војводина живееле 250 Турци.[8]
Потпаѓање под Грција
Во Првата балканска војна селото го зазела грчката војска, а по Втората балканска војна Војводина конечно била припоена кон Грција, кога се заведен 381 жител.[3] Во 1924 г. е иселено турското население, а на негово место се доведени грчки бегалци од Мала Азија согласно Лозанскиот договор. Во 1928 г. селото е заведено како наполно грчко, со 86 доселенички семејства од вкупно 332 лица.[9] Во 1927 г. му е дадено новото име Спилија.[10]
Remove ads
Демографија
Во следниот период бројот населението останал устојчив, така што во 1940 г. имало 394 лица, а во 1951 и 1961 г. селото имало 347 односно 375 жители. Населението во овој период почнало да се намалува поради релативната неплодност на почвата и иселувањето во градот Кајлари, кој доживеал подем благодарение на термоцентралите и фабриката за вештачки ѓубрива.[3] Така, во 1971 г. селото се намалило на 188 жители, во 1981 г. на 133, а во 1991 г. на 114 лица.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Во селото Војводина претежно се одгледуваат житото, компирите и грозјето, а делумно е развиено и сточарството поради широките тревни предели.[3]
Поврзано
- Војводинска гробница — древномакедонска гробница од II век п.н.е.
Надворешни врски
- Војводина на порталот на некогашната Општина Света Петка Архивирано на 21 март 2009 г. (грчки)
- История на селото Војводина Архивирано на 28 ноември 2004 г. (англиски)
- Информации за поранешната општина Света Петка Архивирано на 27 септември 2007 г. (грчки)
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads