МТФ „Војдан Чернодрински“

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ (МТФ „Војдан Чернодрински“) — театарски фестивал основан во 1965 година на иницијатива на Здружението на драмските уметници од Република Македонија. Првата претстава на овој фестивал се одржала на 4 јуни 1965 година. Фестивалот го носи името на основоположникот на македонската драмаВојдан Чернодрински, драмски автор, глумец и режисер. Традиционално, фестивалот се одржува секоја година во градот Прилеп во почетокот на јуни. Фестивалот има натпреварувачки карактер и на него се доделуваат награди „Војдан Чернодрински“ во повеќе категории.

Remove ads

39 МТФ „Војдан Чернодрински“ - 2004

Програма

Во официјалната програма биле прикажани следниве претстави[1]:

  • ТРИ СЕСТРИ од Антон Павлович Чехов, во режија на Александар Поповски, продукција на Народен театар –Битола;
  • БЕШЕ ЕДНАШ ВО МАЈ од Жолт Пожгај, во режија на Горан Булајиќ, продукција на Народен театар – Штип;
  • ПАПОКОТ НА СВЕТОТ од Венко Андоновски, во режија на Златко Славенски, продукција на [[Македонски народен театар – Драма;
  • ДЕРВИШОТ И СМРТТА од Меша Селимовиќ, во режија на Владимир Милчин, продукција на Албански театар – Скопје;
  • БУДЕЊЕ од Трајче Кацаров, во режија на Владимир Талески, продукција на Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ – Велес]];
  • ЛЕТНИ СИЛЈАНЕ од Благоја Ристески-Платнар, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, продукција на [[Народен театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп;
  • ДОЛЕ ВЛАДА од Непознат автор, во режија на Сашо Миленковски, продукција на Македонски народен театар – Драма;
  • МАРИСОЛ од Хосе Ривера, во режија на Владимир Милчин, продукција на Драмски театар – Скопје;
  • ГАЛЕБ од Антон Павлович Чехов, во режија на Дејан Пројковски, продукција на [[Народен театар – Куманово;
  • ТАТКО од Август Стриндберг, во режија на Слободан Унковски, Независна театарска продукција на Бајруш Мјаку – Скопје;
  • ГИЛГАМЕШ во режија на Дејан Пројковски, продукција на Турски театар – Скопје;
  • МАРА ДЕ САД од Петер Вајс, во режија на Јани Бојаџи, продукција на Народен театар „Антон Панов“ – Струмица;

Освен нив, во придружната програма биле прикажани претставите:

  • ФИЛОКТЕТ од Љубиша Георгиевски, во режија на Борислав Чакринов, продукција на [[Драмски театар – Пловдив и Здружение на артистите „Адаптација“, Бугарија;
  • АНТИГОНА од Софокле, во режија на Никита Миливојевиќ, продукција на Народен театар – Битола;
  • АДСКА МАШИНА од Венко Андоновски, во режија на Димитар Станкоски]], продукција на Народен театар – Куманово;
  • EVERYMAN од Горан Стефановски, во режија на Сенди Маберли, продукција на Театар „Melange“,Англија
  • ДЕЦАТА НА ЛИЛИТ од Маја Мицевска, во режија на Ѓорѓи Јолевски, Драмска продукција на Универзална сала – Скопје;
  • НИКАДЕ НИКОГО НЕМАМ од Едвард Бонд, во режија на Егон Савин, продукција на Црногорско народно позориште – Подгорица, Србија и Црна Гора;
  • СЛУЧАЈОТ М. ДЕ САД ИЛИ ЗА ГОСТУВАЊЕТО НА ТЕАТАРСКАТА ТРУПА „ЈУКИО МИШИМА “ ВО МАРИОВО од Блаже Миневски, во режија на Владо Цветановски продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп;
  • EVERYMAN/СЕКОЈ од Горан Стефановски, во режија на Ѓурѓа Тешиќ, продукција на „Атеље 212“ – Белград, Србија и Црна Гора
  • ПЕТ МАЛИ ДРАМИ настап на студентите од Факултетот за драмски уметности;

Награди

На фестивалот биле доделени следниве награди: Награди на 39.Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп:

1. Награда за рекламен материјал: Филип Јовановски и Иван Јерчиќ за рекламниот материјал од претставата „Три сестри“, НТ Битола.

2. Награда за кореографија и сценски движења: Кренаре Невзати-Кери и Александра Хонг за кореографијата во претставата „Гилгамеш“, Турски театар - Скопје.

3. Награда за млад глумец „Трајко Чоревски “: Јасмина Василева за улогата на Нина Заречнаја во претставата „Галеб “, НТ Куманово.

4. Награда за епизодна улога „Димче Трајковски “:Михајло Петровски-Џими за улогата на Ферапонт во претставата „Три сестри“, НТ Битола.

5. Награда за музика: Марјан Неќак за музиката во претставите „Марисол“, Драмски театар – Скопје и „Дервишот и смртта“, Албански театар - Скопје.

6. Награда за костимографија: Марија Пупучевска за костимите во претставата „Марисол“, Драмски театар – Скопје.

7. Награда за сценографија: Благој Мицевски за сценографијата во претставата „Татко“, Независен проект на Бајруш Мјаку – Скопје.

8. Награда за режија: Слободан Унковски за режијата на претставата „Татко“, Независен проект на Бајруш Мјаку – Скопје.

9. Награда за текст: Благоја Ристески-Платнар за претставата „Летни Силјане“, НТ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.

10. Награда за современа сценска драматизација: Венко Андоновски за драматизацијата во претставата „Папокот на светот“, МНТ - Драма.

11. Награди за глумечки остварувања: Арта Мучај за улогата на Лаура во претставата „Татко“, Независен проект на Бајруш Мјаку – Скопје; Бајруш Мјаку за улогата на Капетанот во претставата „Татко“, Независен проект на Бајруш Мјаку – Скопје; Дејан Лилиќ за улогата на Човекот со палка и Лени во претставата „Марисол“, Драмски театар - Скопје.

12. Награда за уметничко остварување на претстава во целина: Претставата „Татко“, во режија на Слободан Унковски, во изведба на Независната театарска продукција на Бајруш Мјаку – Скопје.на Народниот театар "Војдан Чернодрински" од Прилеп.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

40 МТФ „Војдан Чернодрински“ - 2005

Наводи

Надворешни врски

41 МТФ „Војдан Чернодрински“ - 2006

Наводи

Надворешни врски

42 МТФ „Војдан Чернодрински“ - 2007

Наводи

Надворешни врски

43 МТФ „Војдан Чернодрински“ - 2008

Наводи

Надворешни врски

44 МТФ „Војдан Чернодрински“ - 2009

Наводи

Надворешни врски

45 МТФ „Војдан Чернодрински“ - 2010

46 МТФ „Војдан Чернодрински“ - 2011

47 МТФ „Војдан Чернодрински“ - 2012

49 МТФ „Војдан Чернодрински“ - 2014

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads