Галишта

село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Галиштаmap
Remove ads

Галишта (дијалектно: Галишча; грчки: Ομορφοκκλησιά, Оморфоклисија; до 1926 г. Γκάλιστα, Галиста)[2] — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција.

Кратки факти Галишта Ομορφοκκλησιά, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 20 километри северно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Корешта на десниот брег од реката Бистрица. Селото се наоѓа на надморска височина од 888 метри.

Историја

Во XV век во Кономлади биле евидентирани 39 глави на домаќинства[3] Селото се споменува во отомански дефтер од 1530 под името Галиште со 205 христијански и 5 муслимански семејства.[4]. Името на селото исто така е споменато во XVI век во Слепченскиот поменик како Галишта.

Во 1684 година Галишта, заедно со црквата „Св. Ѓорѓи“ и селото Чука со манастирот Свети Архангел биле придадени на манастирот „Пресв. Богородица Мавровска“.[5].

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Галишта имало 160 муслимани и 600 Македонци[6][7]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 720 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и работело егзархиско училиште[6][8]. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади.[9]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Галишта се води како мешано македонско-турско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 130 куќи.[10] Треба да се напомене дека тогаш исламизираните Македонци биле нарекувани „Турци“.

Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 228 жители Грци, 180 Македонци и 350 Турци[11]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 100 македонски семејства и 50 муслимански семејства[12]. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади.[9].

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[13]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 763 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 596 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Оморфоклисија.[14]. Според едни извори, во 1928 година биле населени 113 бегалци[11], додека според други 32 семејства со 118 жители[15].

Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупатори[16], но имало случаи и на репресија од страна на партизаните на ЕЛАС[17]. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 21 деца од селото биле протерани како деца бегалци[18]

Remove ads

Демографија

Во 1928 година селото броело 406 жители.[15], додека во 1940 година селото броело 569 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 270 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 251 жител, во 1971 година имало 153 жители, во 1981 година имало 87 жители, додека во 1991 година имало 109 жители[19]. Денеска, населението на селото е 47 жители според пописот од 2001 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

Личности

Родени во Галишта
  • Вангелија Десподова (р. 1941) — македонски филолог
  • Васил Иванов (1882 - ?)[20]
  • Дамјан Сидов[21]
  • Иван Христов (1889 - ?)[22]
  • Илија Атанасов (1887 - ?)[23]
  • Кољо Галушниски (1887 - ?)[24]
  • Леонид Костов (1892 - ?)[25]
  • Мељо Јанушев
  • Пандо Термовски (1907 - 1946)
  • Ставре Сиромахов[26]
  • Стерјо Лаков
  • Штерјо Пасков (1891 - ?)[27]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads