Глигор Чемерски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Глигор Чемерски (Кавадарци, 1940 - Скопје, 2 април 2016 ) — македонски сликар и вајар. Негов син е Огнен Чемерски, познат преведувач и лектор.
Remove ads
Животопис
Творештво
Чемерски е еден од позначајните современи македонски уметници. Неговиот стил е инспириран од експресионизмот и православните икони.[1] Неговот творештво е богато: тој ги изработил мозаиците во Стопанска банка (1971) и на Споменикот на слободата во Кочани (1981).
Чемерски го напаѓа секое платно како мечувалец, он го боде со заглушувачки удари сè додека ликовите и облиците не се изнедрат под валкањето на четката
— Ентони Ф. Јенсен, 1998
Чемерски имал бројни самостојни изложби во Македонија и во странство. Во декември 2014 година, во галеријата на Руската академија на уметноста „Зураб Цератели“ во Москва била отворена неговата самостојна изложба „Настани и знаци на земјата македонска“. Изложбата била поставена во чест на неговата инаугурација во почесен член на Руската академија на уметностите „Императорска“, а на неа биле изложени 43 дела од различни периоди на творештвото на Чемерски.[2] Починал во Скопје на 2 април 2016 година.[3]
Remove ads
Галерија на уметнички дела
- „Витезот и змијата“ (1998)
- „Гнездо III“ (2003)
- „Даниел и лавовите I“ (2007)
- „Моја антика II“ (2008)
- „Напад“ (2003)
- „Св. Ѓорѓи и ламјата“ (2008)
- „Оплакување IV“ (1995)
- „Иконична глава I“ (1982)
- Дело на Глигор Чемерски на изложба
- Дело на Глигор Чемерски на изложба
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads