Голозинци
село во Општина Чашка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Голозинци — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес.
Remove ads
Географија и местоположба
Историја
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[2]
Стопанство
Население
Во 2002 година во селото живееле 43 жители, македонско население.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 30 жители, од кои 28 Македонци и 2 Албанци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[3]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[4]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]
Родови
Голозинци е македонско село.
Според истражувањата од 1966 година, родови во селото:
- Староседелци: Козаровци (2 к.), Пачариовци (2 к.), Натовци (2 к.), Ѓоревци (2 к.), Опаловци (2 к.), Бошковци (1 к.), Анчевци (1 к.), Тодоровци (1 к.) и Ангелевци (1 к.)
- Доселеници: Агушовци (2 к.), Анчевци (2 к.), Миленковци (2 к.), Ладевци (1 к.), Крстевци (1 к.), Стојковци (1 к.) и Стојанчевци (1 к.) сите се доселени после Првата светска војна од селото Бистрица; Грнчаровци (1 к.) доселени се од селото Богомила; Капиновци (1 к.) доселени се од селото Капиново; Кочиштани (2 к.) доселени се од селото Кочиште во Железник (демирхисарско); Тодоровци (1 к.) потекнуваат од предок кој дошол како службеник после Првата светска војна од Књажевац во Србија. Тука се оженил и останал во селото.[7]
Remove ads
Општествени установи
- Црква „Св. Вознесение Христово“ („Св. Спас“)
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2232 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[10]
- Големи Баби — населба од римско време; и
- Ридот — населба од неолитот.
Редовни настани
Личности
- Андон Ќосето (1855-1953) — истакнат револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација
Култура и спорт
Иселеништво
До 1966 година од селото целосно се иселиле староседелските родови, Куралевци, Скакаровци и Стојанчевци. Жителите од наведените родови се наоѓаат во Велес. Таму се наоѓа и најголемиот број од иселеното население од Голозинци.[7]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads