Горан Попов
македонски фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горан Попов (Струмица, 2 октомври 1984 ) — пензиониран македонски фудбалер, кој настапувал како играч од одбраната.
Remove ads
Животопис
Горан Попов е помлад брат на Роберт Попов кој, исто така, е професионален фудбалер.
Кариера

Попов ја започнал својата кариера во Беласица, а оттаму преминал во грчкиот клуб Продефтики, каде играл една сезона како позајмен играч, а потоа потпишал за АЕК Атина. Истата 2004 година, Попов се преселил во редовите на Црвена Ѕвезда, но поради серијата на повреди, тој не одиграл ниту еден натпревар. Поради тоа, Попов се вратил во грчкиот фудбал, овојпат во редовите на Егалео, откако поминал сезона во Полска, играјќи како позајмен играч во Одра Водзислав. Кога Егалео испаднал од лигата во 2007 година, Попов му се приклучил на Левадијакос, пред да потпише со холандскиот прволигаш Херенфен во 2008 година. Во неговата прва сезона во клубот, тој го освоил КНВБ купот, постигнувајќи и еден погодок во финалето против Твенте. По две добри сезони во Херенфен, во 2010 година, Попов потпишал за Динамо Киев, со кого освоил уште еден трофеј, украинскиот Супер куп. Во Киев, Попов останал до 2012 година.[1]
Вест Бромвич Албион
На 10 август 2012 година, Попов потпишал најпрво за Стоук Сити, но трансферот пропаднал откако не му била издадена работна дозвола за играње во Англија. Сепак, во последниот ден од трансферниот прозорец, тој се преселил во Премиер лигата, потпишувајќи за Вест Бромвич Албион каде играл како позајмен играч. Своето деби во Премиер лигата, Попов го направил на 30 септември 2012 година, во шестото коло од сезоната, започнувајќи како стартер против Астон Вила во дербито на Бирмингем. Во следните два месеци од сезоната, Попов бил главно на клупата за резерви, бидејќи менаџерот на тимот Стив Кларк повеќе верувал во Лајам Риџвел кој играл на позицијата лев бек. Во текот на декември 2012 година, Попов бил во првиот тим во 4 од 6 натпревари, колку што одиграл неговиот клуб во тој месец. На 3 февруари 2013 година, Попов бил исклучен од страна на судијата Марк Клатенбург за плукање кон десниот бек на Тотенхем Кајл Вокер, во натпреварот кој завршил 1-0 за петлите.
На 18 септември 2014 година, Попов потпишал тригодишен договор со Вардар, со право да настапува од 1 јануари 2015 година. Претходно, Попов предвремено го раскинал договорот со Динамо Киев, кој имал важност до 2016 година.[1]
Репрезентативна кариера
Попов бил член на македонската фудбалска репрезентација за која одиграл 46 натпревари и постигнал два гола. Својот прв погодок за Македонија, Попов го постигнал на 30 мај 2004 година, во победата над Естонија со 4-2.
Remove ads
Статистика
Согласно мај 2014 година[4]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads