Роберт Попов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Роберт Попов (Струмица, 16 април 1982 ) — македонски поранешен професионален фудбалер кој играл на бековската позиција. Исто така бил член на Македонската фудбалска репрезентација. Тој е брат на фудбалерот Горан Попов.
Remove ads
Клупска кариера
Роберт е десен одбранбен играч или одранбен играч за врска. Кариерата ја започнал со ФК Беласица. Во 2003 година Попов потпишал со Литекс од Ловеч за сума од 200.000 евра.[1] Во мај 2004 година тој им помогнал да го освојат Купот на Бугарија. Во јануари 2008 година Роберт Попов потпишал со француски ФК Осер. Попов имал сериозна повреда додека бил во Осер, но кога се опоравил, не играл многу, па Попов и клубот меѓусебно се договориле да го раскинат неговиот договор во летото 2010 година.
Тој се пензионирал како фудбалер по крајот на сезоната 2015/16 кога играл во швајцарски Бирменсдорф.[2]
Remove ads
Меѓународна кариера
Под 19 години
Попов остварил 2 настапи за Македонија под 19 години. Во тие натпревари тој не постигал голови.[2]
Под 21 година
Попов остварил 5 настапи за Македонија под 21 година. Во тие натпревари тој не постигал голови.[2]
Сениорска репрезентација
Тој го имал своето сениорско деби за Македонија во јули 2001 година пријателски натпревар против Катар и има стекнато вкупно 16 натпревари, без постигнати голови.[3] Неговиот последен репрезентативен натпревар бил пријателскиот натпревар во ноември 2009 година против Иран.[4]
Список на натпреварите на Македонија во кои бил вклучен Попов.[5]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads