Баварски јазик

From Wikipedia, the free encyclopedia

Баварски јазик
Remove ads

Баварски (германски: Bairisch, бајриш; баварски: Boarisch, боариш) или наизменично австрискобаварски, ― западногермански јазик,[1] дел од горногерманското семејство, заедно со алеманскиот и источнофранконскиот.

Кратки факти Баварски, Изговор ...
Thumb
Горногерманско јазично подрачје по 1945 година: сино: баварско-австриски дијалекти.

Баварскиот јазик го зборуваат приближно 12 милиони луѓе на површина од околу 125.000 км2, што го прави најголемиот од сите германски јазици. Може да се најде во германската покраина Баварија (особено Стара Баварија), поголемиот дел од Република Австрија (со исклучок на Предарлска) и италијанскиот регион Јужен Тирол.[2] Во 2008 година, 45 отсто од Баварците тврделе дека користат јазикот во секојдневното општење.[3] Пред 1945 година, баварскиот исто така бил распространет во делови од јужна Чешка и западна Унгарија.[4]

Разликата помеѓу баварскиот и стандардниот високогермански е поголема од разликата помеѓу данскиот и норвешкиот или меѓу чешкиот и словачкиот;[2] како таков, постои несогласување во однос на неговата класификација. Меѓународната организација за стандардизација го класифицира како посебен јазик, доделувајќи му единствен јазичен код ISO 639-3 (лента).[1] Се наоѓа на списокот на УНЕСКО во Атласот на загрозени јазици од 2009 година.

Remove ads

Потекло

Историја и етимологија

Зборот баварски е изведен од името на луѓето кои ја населиле Баварија заедно со нивниот племенски дијалект. Потеклото на зборот е спорно. Најчестата теорија го следи зборот до бајоварјоз, што значи „жители на земјата Бојер“. Потоа, зборот Бојер (латински: Boii, германски: Boier, Бојер) настанало како име за поранешните келтски жители на областа - Боите, при што името преминало на мешаното население од Келти, Римјани и последователни бранови на германски пристигнувања во текот на раниот средновековен период.[5]

Месното население на крајот го образило Војводството Баварија, образувајќи го југоисточниот дел на Кралството Германија. Старогорногерманските документи од областа на Баварија се идентификувани како алтбајриш („старобаварски“), иако на овој ран датум имало неколку особени одлики што би го поделиле од алеманскиот јазик.

Дијалектното раздвојување на горногерманскиот кон источногорногерманскиот (баварски) и западногорногерманскиот (алемански) станало поопипливо во средногорногерманскиот период, од околу 12 век.

Remove ads

Географска распространетост и дијалекти

Три главни дијалекти на баварскиот јазик се:

Разликите се јасно забележливи во тие три подгрупи, кои во Австрија често се совпаѓаат со границите на одредени држави. На пример, секој од нагласоците на Корушка, Штаерска и Тирол може лесно да се препознае. Исто така, постои забележлива разлика помеѓу источниот и западниот среднобаварски, што приближно се совпаѓа со границата помеѓу Австрија и Баварија. Покрај тоа, виенскиот дијалект има некои одлики што го разликуваат од сите други дијалекти. Во Виена, мали, но препознатливи варијации се карактеристични за различни области на градот.

Пред протерувањето на Германците од Чехословачка, јазичната граница на баварскиот со чешкиот била на оддалечената страна на Шумава, а нејзината бохемиска предина била со баварско говорно подрачје.

Remove ads

Употреба

Thumb
Јавен знак кој комбинира стандарден германски и баварски.

На интернет

Постои Википедија на баварски јазик . Исто така, службената мрежна страница на ФК Баерн Минхен била достапна на баварски.[6]

Поврзано

Наводи

Дополнителна книжевност

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads