Грекање
село во Општина Маврово и Ростуше From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Грекање (служб. Грекај, албански: Grekaj) — село во Општина Маврово и Ростуше, Гостиварско.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Горна Река, на источните ограноци на планината Кораб и во горното сливно подрачје на реката Радика. Како планинско село, лежи на надморска височина од 1.089 м, а атарот зафаќа 18,2 км2.[2] Крај селото минува Рибничка Река, која тука ги прима притоките Грекајска Река од север и Завојски Поток од југ.
Отаде речниот дол, во близина на селото се наоѓа местото на некогашното село Завојско, уништено за време на Првата светска војна. Во непосредна близина на север е селото Нивиште.
Remove ads
Историја
Сите села во Горна Река порано биле македонски. Во почетокот на XIX век, Грекање како и останатите села во областа биле во процес на албанизација. Во 1852 г. жители на Грекање го поддржале издавањето на „Утешение грешним“ на Кирил Пејчиновиќ.[3]
На крајот на XIX век Грекање веќе било „албанско“ село во Реканската каза на Отоманскто Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Грекање има 25 жители Арнаути христијани и 14 Арнаути муслимани.[4] Се поставува прашањето колкав дел од нив биле вистински Албанци доселени од Албанија, а колку биле албанизирани (или неалбанизирани) Македонци.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Грекане е претставено како албанско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 36 куќи.[5]
Работејќи во полза на српската пропаганда, патријаршискиот митрополит Поликарп Дебарски и Велешки напишал дека во 1904 г. во Грекање имало 2 „српски“ куќи, кои всушност биле македонски.[6] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското на Грекање се состело од 12 „Албанци“.[7]
Remove ads
Стопанство
Грекање има сточарско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. атарот опфаќа 1.111,7 ха шуми, 681,3 ха пасишта и само 22,6 ха обработливо земјиште.[2]
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Албанци.[8]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 20 жители, сите Албанци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Албанци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Remove ads
Иселеништво
Според истражување од 1950 г. во скопското село Патишка Река (Општина Сопиште) живее родот Гегалар (13 куќи), доселен од Грекање.[14]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads