Патишка Река

село во Општина Сопиште From Wikipedia, the free encyclopedia

Патишка Рекаmap
Remove ads

Патишка Река — село во Општина Сопиште, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје, сместено на падините на планината Караџица.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е дел од областа Торбешија. Селото се наоѓа на планината Караџица.

Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско[2] и муслиманско[3] население, каде имало 34 христијански и 34 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 93 мажи христијани, со 7 новороденчиња и 111 мажи муслимани со 12 новороденчиња. Било забележано дека двајца мажи муслимани со своите семејства се доселени тазе во Патишка Река. Се проценува дека селото во тој период имало 450 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 908 жители.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Патишка Река живееле 670 жители, од кои 550 Албанци и 120 Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Патишка Река имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.[7]

Патишка Река е средно по големина село, коешто во 1961 година имало 608 жители, а во 1994 година 706 жители, албанско население.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 579 жители, сите Албанци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 231 жител, од кои 191 Албанец, 1 Турчин и 39 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Патишка Река е албанско село.

Според истражувањата од 1950 година, родови во селото

Македонски

  • Доселеници: Живко или Безика (1 к.) тие биле последни православни што живееле во селото. Овде живееле во 1950 година, по што се иселиле од селото. Во Патишка Река биле доселени од селото Пожаране кај Гостивар. Од тука во Констанца во Романија, и во Скопје има иселено преку 35 семејства до 1950 година.[14]
Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads