Грешница (Порече)
село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Грешница — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
За други истоимени места, погледајте Грешница.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, од левата страна на реката Треска.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 680 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 11 километри.[2]
Атарот е мошне голем и зафаќа површина од 22,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.675,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 198,8 хектари, а на обработливото земјиште 127,3 хектари.[2]
Remove ads
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) под името Градешнича со 60 семејства и 8 неженет и 3 вдовици, сите христијани.[3]
Во XIX век, Грешница било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Стопанство
Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Грешница имало 450 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Грешница имало 400 жители.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Грешница се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 50 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]
Грешница е мала населба доведена во фаза на раселување. Во 1961 година селото броело 229 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 39 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Грешница имало 27 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 17 жители, од кои 13 Македонци и 4 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Remove ads
Родови

Грешница е македонско село.
Според истражувањата од 1926 година, родови во Грешница се:
- Староседелци: Поповци (13 к.) доселени се од околината на Ниш во Србија. Ова е стар свештенички род, преку 300 години. Овој род порано го опслужувало цело Порече. Неколку свештеници од овој род ги убиле Турците (Димитрија, Блаже, Димитрија); Данковци-Камендоловци (24 к.) доселени се од селото Камен дол во Кавадаречко; Кадијовци-Марковци (21 к.) доселени се од некое село Кадино Село во Охридско (?) близу грчката граница (такво село не постои, можеби се мисли на прилепското); Пашовци (1 к.) стар род, кој не се размножувал, доселеници со непозната старина; Грдановци (2 к.) доселени се од селото Требино; Василевци (2 к.) доселени се од раселеното село Барбарос; Бурџиевци (1 к.) доселени се од Охридско; Алабаковци (1 к.) исто така доселени се од Охридско, од охридско најпрво се населиле во Девич, па од таму дошле во Грешница, со Бурџиевци потекнуваат од заеднички предок, некој предок од овој род некое време живеел и во Скопје, таму бил познат како Мутавџиовци; Кокевци (1 к:) доселени се однекаде; Теиловци (1 к.) доселени се од Црешнево; Мојсовци (1 к.) доселени се од Македонски Брод, а во Македонски Брод од Староец во Кичевско.[15]
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Слатина, во која влегувале селата Грешница, Горно Крушје, Долно Крушје и Слатина.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Брод, во која покрај селото Грешница се наоѓале селата Брод, Девич, Дреново, Латово, Сланско, Суво Дол и Требино.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0237 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[16]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[17] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[18]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Цркви[19]
- Црква „Св. Петка” — главна селска црква
Личности
Личности родени во Грешница:
- Андон Апостолски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Методија Симоноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Иван Симоноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Лефтерија Симоноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Милосав Велески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Стерија Бошкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Зарија Апостолоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Стојмир Богески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Иван Божиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Милија Матески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Стојмир Миладиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Ѓopѓиja Дукоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Трајан Аврамоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Димко Стојчески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Целе Кочоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Јанкула Стефаноски (1914 - 1943) — загинат во НОБ.
- Богдан Милески (1914 - 1944) — загинат во НОБ.
- Стојан Дукоски (1914 - 1944) — загинат во НОБ.[21]
- Стојан Талески (1922 - 1944) — загинат во НОБ.[21]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads