Даниел Теклехајманот

еритрејски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Даниел Теклехајманот
Remove ads

Даниел Теклехајманот Гирмазион (тигриња: ዳንኤል ተክለሃይማኖት ግርማጽዮን; р. 10 ноември 1988 ) — еритрејски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Кофидис.[1]

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...
Remove ads

Кариера

Thumb
Теклехајманот на Тур де Франс 2015

Теклехајманот бил член на тренинг програмата на Светскиот велосипедистички центар на UCI пред да потпише за новата австралиска велосипедска екипа ГринЕЏ во 2012 година.[2] Додека бил во Светскиот велосипедистички центар му била дијагностицирана тахикардија, која била отстранета со операција на почетокот во 2009 година. Се вратил со возење во мај истата година и завршил шести во генералниот пласман на Тур де л’Авенир.[3] Во 2010 година возел како стажант за Сервело ТестТим. Истата година ја освоил друмската трка, поединечниот хронометар и екипниот хронометар на африканските првенства, како на елитни, така и за возачи под 23 години. На Африканската турнеја на UCI 2010-2011 ја освоил Трката околу Руанда и Квита Изина.[4] Учествувал на Летните олимписки игри, станувајќи првиот Еритреец кој настапил во спорт различен од атлетиката; ја завршил друмската трка на 73. место. Во 2012 година станал првиот Еритреец кој возел на Вуелта а Еспања, една од трите големи трки; ја завршил трката на 146. место.

Теклехајманот се приклучил на екипата МТН Кубека за сезоната 2014 на двегодишен договор.[5] Во 2015 година, на Критериум ди Дофине ја освоил првата маичка на трка во Светската турнеја во историјата на екипата, освојувајќи го планинскиот пласман.[6] Бил вклучен во составот на екипата за Тур де Франс 2015[7] заедно со колегата и сонародник Мерхави Кудус,[8] станувајќи еден од двајцата црни Африканци кои возеле на Тур.[9]

Теклехајманот стана прв црн африкански возач кој ја носел точкестата маичка по освојувањето на истата на шестата етапа на Тур де Франс 2015.[10]

Remove ads

Достигнувања

2008
1. Национално друмско првенство
5. Краен пласман Тур Ивоарин де ла По
2009
2. Краен пласман Трка околу Еритреја
1. Етапа 1
1. Етапа 3
6. Краен пласман Тур де л’Авенир
2010
Африкански првенства
1. Друмска трка
1. Поединечен хронометар
1. Екипен хронометар
1. Краен пласман Трка околу Руанда
1. Етапа 2
1. Етапа 2 Куп де Насионс Вил Сагене
2011
Африкански првенства
1. Поединечен хронометар
1. Екипен хронометар
1. Национално хронометарско првенство
1. Краен пласман Квита Изина
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 5 Трка околу Алжир
5. Краен пласман Тропикал Амиса Бонго
1. Етапа 4
2012
Африкански првенства
1. Поединечен хронометар
1. Екипен хронометар
1. Национално друмско првенство
1. Национално хронометарско првенство
2013
Африкански првенства
1. Поединечен хронометар
1. Екипен хронометар
1. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
2014
4. Краен пласман Мзанси Тур
2015
Африкански првенства
1. Екипен хронометар
2. Поединечен хронометар
1. Национално хронометарско првенство
1. Планински пласман Критериум ди Дофине
2016
1. Планински пласман Критериум ди Дофине
1. Национално хронометарско првенство
1. Национално друмско првенство
2017
3. Национално хронометарско првенство
7. Краен пласман Трка околу Австрија

Распоред на резултатите на големите трки

Повеќе информации Голема трка ...

СО = се откажал; — = не учествувал

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads