Критериум ди Дофине 2016

издание во 2016 година на велосипедската трка Критериум ди Дофине From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Критериум ди Дофине 2016 — 68. издание на велосипедската етапна трка Критериум ди Дофине. Осуметапната трка започнала во Ле Же на 5 јуни и ќе завршило во СуперДеволиј на 12 јуни. Претставувала шеснаесетта трка во сезоната на Светската турнеја. Дофине се смета за подготовка за јулскиот Тур де Франс и бројни кандидати за генералниот пласман на Тур ќе учествуваат на трката.[1][2]

Кратки факти

Трката била освоена од Крис Фрум од Тим Скај, успешно одбранувајќи ја титулата од претходната година и станувајќи петти велосипедист кој ја освоил трката трипати. Победил со 12 секунди пред Ромен Барде од Аг2р ЛаМондијал, додека Даниел Мартин од Етикс-КвикСтеп го заокружил подиумот.

Едвалд Боасон Хаген од Тим Дименжн Дата ја освоил зелената маичка како победник на бодовниот пласман, додека колегата Даниел Теклехајманот го освоил планинскиот пласман втора година по ред. Жилијан Алафилип од Етикс-КвикСтеп го освоил пласманот за млад возач, а Тим Скај го освоиле екипниот пласман.

Remove ads

Екипи

Сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. На четири професионални континентални екипи им биле доделени покани.[3]

Екипи од Светската турнеја

Професионални континентални екипи

Remove ads

Рута

Повеќе информации Етапа, Датум ...
Remove ads

Етапи

Пролог

5 јуни 2016 – Ле Же, 4 км (поединечен хронометар)
Повеќе информации Место, Возач ...

Етапа 1

6 јуни 2016 – Клиз - Сен Вилба, 186 км
Повеќе информации Место, Возач ...

Етапа 2

7 јуни 2016 – Креш на Саон до Шалмазел-Жансањиер, 168 км
Повеќе информации Место, Возач ...

Етапа 3

8 јуни 2016 – Боен на Лињон до Турнон на Рона, 182 км
Повеќе информации Место, Возач ...

Етапа 4

9 јуни 2016 – Тен-л’Ермитаж до Беле, 176 км
Повеќе информации Место, Возач ...

Етапа 5

10 јуни 2016 – Ла Равуар до Вожани, 140 км
Повеќе информации Место, Возач ...

Етапа 6

11 јуни 2016 – Ла Рошет до Мерибел, 141 км
Повеќе информации Место, Возач ...

Етапа 7

12 јуни 2016 – Ле Пон де Кле до СуперДеволиј, 151 км
Повеќе информации Место, Возач ...
Remove ads

Поредок

Повеќе информации Категорија, 1. ...

На Критериум ди Дофине 2016 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка со сина лента. Овој пласман бил сметан за најважен на Критериум ди Дофине 2014 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.[19]

Дополнително, постоел бодовен пласман наградуван со зелена маичка.[19] За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови за завршување во првите десет на етапа. На сите етапи, победата носела 15 бода, второто место носело 12 бода, третото 10, четвртото 8, петтото 6 и еден помалку за секое место надолу сè до еден бод за 10. место. Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 5 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.[19]

Постоел и планински пласман, кој бил наградуван со бело-црвена точкеста маичка.[19] За планинскиот пласман, бодови се добивале на врвот на некое искачување, доколку стигнеш пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија, а повеќе бодови носеле повисоките категории. Искачувањата од екстра категорија носеле најмногу бода, 20 за првиот возач преку врвот; првите десет возачи на искачувањата од екстра категорија добивале бодови за планинскиот пласман, првите осум за оние од прва категорија и првите шест за оние од втора категорија.[19] Помалку бодови се добивале на помалите искачувања, обележани со трета или четврта категорија.[19]

Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, наградуван со бела маичка.[19] Пласманот бил пресметуван на истиот начин како генералниот пласман, но тука се натпреварувале само возачите родени по 1 јануари 1991. Постоел и екипен пласман, каде се пресметувале времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа на крајот на екипата била онаа со најмало вкупно време.[19]

Забелешки
  • На првата етапа, Ричи Порт, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Алберто Контадор (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман. Крис Фрум, кој бил трет во планинскиот пласман, ја носел точкестата маичка, бидејќи Алберто Контадор (на првото место) ја носел жолтата маичка, а Ричи Порт (на второто место) ја носел зелената маичка.
  • На етапите 2-5, Ричи Порт, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел точкестата маичка, бидејќи Алберто Контадор (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман.
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads