Девичка Река
река во Поречието, западна Македонија, мала притока на Треска From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Девичка Река или Мала Река — река во Поречието, западна Македонија, помала лева притока на Треска која ја прима спротиводно на 76,7 км од својот влив.[1] Извира на источните падини на планината Песјак на надморска височина од 1.595 м, се влева во Треска на 515 м кај селото Девич.
За други значења на поимот, погл. Мала Река.
Remove ads
Физички особености
Вкупната должина од изворот до вливот и изнесува 9,1 км,[1] а минималната должина е 8,0 км. Вкупниот пад помеѓу изворот и вливот е доста висок и изнесува 1.080 м а просечниот е исто така висок и изнесува 118,7‰. Вкупната должина на водоразделната линија и изнесува 19,5 км а сливот зафаќа 21,7 км2 или 1,1% од вкупната површина на сливот на реката Треска.[1]
Течение
Реката извира меѓу врвите Седлар и Стари Говедарник на планината Песјак, западно од с. Грешница и северозашадно од с. Требино. Тече стрмно надолу под возвишенијата Црквиште и Долно Ќафе во североисточен правец и по Свештенички Рид свртува во југоисточен правец, одминувајќи го селото Грешница на север. Потоа реката стрмно се спушта продолжува под ридот Вртешка од десната страна и меѓу него и ридот Попец свртува на север, и веднаш потоа на исток. Тука ја прима реката Уча и продолжува во рамницата на с. Девич, поминува низ селото и потоа се влева во Треска, под возвишението Камениште од североисточна страна.
Remove ads
Долина
Долината на Девичка Река е мошне стрмна. Во изворишниот дел е всечена во кристалести шкрилци и го пресекува појасот од плиоценски конгломерати и глини, а во долниот тек со тесни и кратки сатески се пробива низ доломитската зона.[1]
Поврзано
- Попец
- Девини Кули
- Песјак
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads