Девичка Река

река во Поречието, западна Македонија, мала притока на Треска From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Девичка Река или Мала Рекарека во Поречието, западна Македонија, помала лева притока на Треска која ја прима спротиводно на 76,7 км од својот влив.[1] Извира на источните падини на планината Песјак на надморска височина од 1.595 м, се влева во Треска на 515 м кај селото Девич.

Кратки факти Девичка Река Мала Река, Местоположба ...
Remove ads

Физички особености

Вкупната должина од изворот до вливот и изнесува 9,1 км,[1] а минималната должина е 8,0 км. Вкупниот пад помеѓу изворот и вливот е доста висок и изнесува 1.080 м а просечниот е исто така висок и изнесува 118,7. Вкупната должина на водоразделната линија и изнесува 19,5 км а сливот зафаќа 21,7 км2 или 1,1% од вкупната површина на сливот на реката Треска.[1]

Течение

Реката извира меѓу врвите Седлар и Стари Говедарник на планината Песјак, западно од с. Грешница и северозашадно од с. Требино. Тече стрмно надолу под возвишенијата Црквиште и Долно Ќафе во североисточен правец и по Свештенички Рид свртува во југоисточен правец, одминувајќи го селото Грешница на север. Потоа реката стрмно се спушта продолжува под ридот Вртешка од десната страна и меѓу него и ридот Попец свртува на север, и веднаш потоа на исток. Тука ја прима реката Уча и продолжува во рамницата на с. Девич, поминува низ селото и потоа се влева во Треска, под возвишението Камениште од североисточна страна.

Remove ads

Долина

Долината на Девичка Река е мошне стрмна. Во изворишниот дел е всечена во кристалести шкрилци и го пресекува појасот од плиоценски конгломерати и глини, а во долниот тек со тесни и кратки сатески се пробива низ доломитската зона.[1]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads