Добрача
село во Општина Старо Нагоричане From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Добрача — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Remove ads
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Добрача имало 76 жители, од кои 75 Македонци и 1 Србин.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 49 жители, од кои 43 Македонци, 1 Албанец и 5 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
Добрача е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
- Староседелци: Дулутовци (4 к.), Бајдовци (4 к.), Царци (3 к.), Трајановци (9 к.) и Велковци (7 к.) сите родови потекнуваат од двајца браќа кои се викале Ристо и Велко, и кои преживеале по пропаста на старото село. Во родот Велковци се знае следното родословие: Постол (жив на 65 г. во 1971 година) Манасија-Анто-Илија-Ристо.[9]
Remove ads
Личности
Личности родени во Добрача:
- Лена Антевска — учесник во НОВ на Македонија и носител на Орден заслуги за народ (II ред).
Културни и природни знаменитости
- Цркви
- Црква „Св. Дух“ од почетокот на XVII век
- Археолошки наоѓалишта[10]
Иселеништво
Добрача до 1944 година пораснала до 40 домаќинства. А потоа настанало големо иселување на населението. Населението почнало да се иселува во Глогоњ кај Панчево (околу 4 семејства), Куманово, Скопје и Белград.
Постари иселеници по селата се. Добрачани се иселени во селото Опае. Бачковци во Горно Коњаре. Китановци во Бедиње.[9]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads