Добрејка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Добрејка (обична добрејка, полска салата, грпка, грбач или крес; науч. Lepidium sativum) — брзорастечка билка од семејството на зелките (Brassicaceae). Сродна е на поточарката и горчицата (сенф), и како нив, има остар вкус и арома.

Ова едногодишно растение достигнува 60 см во висина, со многу гранки во горниот дел. Цветчињата се бели до розикави, сместени во гроздови на гранчиња и имаат пречник од само 2 мм.[1][2]
Remove ads
Во земјоделството
Добрејката пазарно се одгледува во Англија, Франција, Холандија и Скандинавија.[3]
Растението е собено погодно за хидропонско одгледување и добро успева ако се навадува со вода која е по малку базна. Во домашно одгледување, добрејката се набавува како расад.[3]
Фиданките се берат една до две недели по садењето, кога се високи 5–13 см.[4]
Во кулинарството
Добрејката се додава во чорби, сендвичи и салати поради остриот вкус кој го дава.[4] Се јаде и во облик на из’ртени никулци, а семките можат да се користат како зачин наместо бибер, свежи или сушени.[3] Во Англија често се става во сендвичи заедно со варено јајце, мајонез и сол.
Remove ads
Други примени
Семето на добрејката се користи како народен лек во Индија уште од древноста.[7] Семето се горчливо и се користи за загревање и прочистување, како тоник, афродизијак, за подобрување на видот, против скорбут, алергии и за подобрување на мокрењето. Помага во лечењето на астма, кашлици со искплукување, како топли облоги за шинати места, против лепра, кожни болести, дизентерија, пролив, спленомегалија, диспепсија, лумбаго, леукореја, скорбут и слабост во семето. Делува на симптомите на астмата и за подобрување на работењето на белите дробови.[8] Се смета дека семето има и хипогликемско својство,[9] а лепливата материја што се добива од нив може да биде замена за гумарабика и трагакант.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads