Добри Дол (Гостиварско)
село во Општина Врапчиште From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Добри Дол — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Горни Полог, оддалечено 10 километри северно од Гостивар.
Историја
Во XIX век селото било дел од Гостиварската нахија во Тетовската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 9 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Добри Дол живееле 940 жители, сите Албанци.[3]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Добри Дол — село во Пожаранска општина во Горнополошкиот срез и има 216 куќи и 1.489 жители, Албанци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.450 Албанци.[5]
Според пописот од 2002 година, во Добри Дол живеат 5.223 жители, од кои 5.206 Албанци, 2 Македонци, 1 Турчин и 14 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.546 жители, од кои 2 Македонци, 3.401 Албанец, 1 Србин, 3 Бошњаци, 2 останати и 137 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Добри Дол е воглавно албанско село
Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:
Маало Лица
- Доселеници: Лице (30 к.) доселени се од некое село во областа Љума, северна Албанија; Доче (20 к.) доселени се од селото Дочаја во областа Матија, северна Албанија; Меролар (9 к.) и Бајрам Ага (11 к.) доселени се од северна Албанија; Цаке (6 к.) доселени се од селото Ујмиште во Љума. Имаат роднини во Ѓургевиште; Горуше (11 к.) доселени се од некое село на Гора кај Призрен во Косово. Порано зборувале македонски
Маало Алиле
- Доселеници: Алиле (12 к.) доселени се од северна Албанија; Чечолар (8 к.) доселени се од местото Реч во северна Албанија; Шаракат (7 к.) доселени се од Чаје во Љума. Од Албанија, се иселиле тројца браќа, еден во Добри Дол, вториот во Ѓургевиште, а третиот во Теново; Бајрактар (7 к.) и Топче (9 к.) доселени се од северна Албанија; Ѓонке (14 к.) за нив се мисли дека се од словенско потекло;
Маало Јакупе
- Доселеници: Јакупе (18 к.) доселени се од северна Албанија; Лек (12 к.) доселени се од Малесија во северна Албанија; Бакиалар (12 к.) доселени се од Матија во северна Албанија; Калимеле (12 к.) доселени се од Дебарско; Оџалари (10 к.) гранка се од претходниот род; Сејдолар (7 к.) доселени се од Матија во северна Албанија.
Маало Али Синане
- Доселеници: Синан (9 к.), Али (8 к.) и Ризван (8 к.) доселени се од северна Албанија; Саколар (6 к.) од северна Албанија; Спајилар (12 к.) доселени се од Матија во северна Албанија; Незиралар (5 к.) исто така од Матија; Дурак (1 к.) и Нуредин (4 к.) доселени се од Албанија; Муни (4 к.) гранка се од родот Калимеле.
- Степе (5 к.) стар селски род. За нив некој вели дека се од словенско потекло.
- Дестан (1 к.) доселени се од селото Рестелица во Гора.
- Чапраз (2 к.) доселени се од селото Врапчиште. А таму од Мала Азија. Во Врапчиште имаат роднини. Нивното потекло е турско.[12]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 436, 436/1, 437, 437/1, 438, 438/1, 439 и 439/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5.183 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
- Билен Салиу (р. 1975) - македонски правник и министер за правда на Македонија;
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads