Теново

село во Општина Брвеница From Wikipedia, the free encyclopedia

Теновоmap
Remove ads

Теново — село во Општина Брвеница, во околината на градот Тетово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на десниот брег на реката Вардар, во подножјето на Сува Гора. Селото се наоѓа меѓу селата Радиовце и Стенче.

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 49 семејства, 2 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[2]

Во XIX век селото било дел од Тетовската каза на Отоманското Царство.

Население

Следува табела со хронолошки преглед на населението на Теново:

Повеќе информации Година ...
Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Теново живееле 305 жители, од кои 170 Македонци и 135 Албанци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Теново имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Теново било дел од Стенчевска општина во Долнополошкиот срез и имало 75 куќи со 455 жители Македонци и Албанци.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци и 300 Албанци.[10]

Според пописот од 2002 година селото има 1.602 жители, од кои 210 Македонци, 1.391 Албанец и 1 останат.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.175 жители, од кои 189 Македонци, 963 Албанци и 23 лица без податоци.[12]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[13]

Повеќе информации Година, Македонци ...

Родови

Теново е мешано македонско-албанско село, македонските родови во селото се староседелски и доселенички, додека албанските родови сите се доселенички.

Македонски родови во Теново се:

  • Староседелци: Ѓоргијовци (7 куќи), Новаковци (3 куќи), Влкановци (5 куќи), Атлевци (4 куќи), Јоановци (2 куќи), Митревци (3 куќи)
  • Доселеници: Дошлаковци или Николовци (4 к.) доселени се од соседното село Милетино. И во Милетино се доселиле однекаде; Ристевци (1 к.) доселени се од денес албанското село Градец; Ѓуревци (3 к.) доселени се од некое село во Охридско; Војновци (4 к.) доселени се од раселеното село Смрдеш на Сува Гора; Терзијевци (3 к.) доселени се од некое село во Охридско; Даниловци (1 к.) овде се доселил основачот на родот Рафе. Тој дошол како домазет од селото Железна Река; Чарлевци (4 к.) доселени се од некаде. Некои мислат дека се од некое албанско село во Скопски Дервен; Бацој (1 к.) доселени се од селото Милетино, таму имале роднини. Подалечно потекло имаат од селото Долна Лешница.

Албански родови во Теново се:

  • Доселеници: Рамовци (5 куќи) доселени се од некое село во околината на Пешкопеја; Вајитовци (1 куќа) доселени се од селото Гургурница, таму се доселени од селото Рибница, Горна Река; Рустемовци (10 куќи) доселени се од некое село во Кичевија, таму се доселени од Северна Албанија; Мифтаровци (3 куќи) и они се доселени од некое село во Кичевија, можеби Гарани (?). Таму се доселени одСеверна Албанија; Куковци (10 куќи) доселени се од Кичево. Возможно е да потекнуват од Торбеши; Емруловци (2 куќи) доселени се од Северна Албанија; Јашаровци (1 куќа) доселени се од селото Зајас, Кичевија, подалечно потекло од Северна Албанија; Ајрединовци (1 куќа) доселени се од Челопек; Садиковци (7 куќи) и они се доселени од Зајас, подалечно потекло од Северна Албанија; Локовци (16 куќи) доселени се од некое село кај Пешкопеја; Фетаовци (1 куќа) доселени се од Зајас, подалечно потекло од Северна Албанија.[14]
Remove ads

Редовни настани

Св. Недела

Thumb
Црквата „Св. Недела“

Еден од поголемите настани што се прославува во теново е празникот посветен на Св. Недела, чие име го носи манастирската црква која се наоѓа на блискиот рид Горица.

Одбележувањето на Св. Недела во ова подсувогорско село е традиија долга повеќе од 88 години, од самото основање на манастирската црква. Тогаш во Теново се збираат сите, а пред сè младите. Некои со друштва, скара и добра музика, а други пак радувајќи му се на богатиот панагур[15].

Богојавление

Чествувањето на Богојавление во Теново започнува од празникот Водокрст кога кумот во својот дом го врзува крстот со црвена врвца и го носи кај локалниот свештеник на осветување. Обичаите продолжуваат и на самиот празник Водици во селската црква „Св. Никола“ кога верниците пречекани со пригодни богојавленски песни го бакнуваат и го даруваат осветениот крст. Дел од обичаите е и лицитирањето или дарувањето на јаболката кои се собрани во текот на претходниот ден како одврзувањето на крстот[16].

Remove ads

Општествени установи

Thumb
Црквата „Св. Никола“
Цркви
Thumb
Поглед на Теново од возвишението Горица, Сува Гора

Личности

  • Рефет Елмази (р.5 септември 1959) - Висок функционер на ДПА, поранешен заменик министер за внатрешни работи и функционер во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2047 и 2048 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.612 гласачи.[18]

Стопанство

Културни и природни знаменитости

Култура и спорт

== Иселеништво ==-->

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads