Јагол Доленци
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јагол Доленци (или само Доленци) — мало село во областа Горно Кичево, во Општина Кичево, сместено во околината на градот Кичево.
Remove ads
Потекло на името
Историски, името на селото било само Доленци. Името доаѓа од придавката „долен“ со значење луѓе што се населени во долниот дел на месноста. Додека, Јагол го добило во своето име поради непосредната близина на селото Јагол,[2] а со цел да се прави разлика со уште двете кичевски села, Бигор Доленци и Манастирско Доленци.
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Горно Кичево, сместено во североисточниот дел на Кичевската Котлина, во северниот дел на подрачјето на Општина Кичево.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 750 метри. Од градот Кичево е оддалечено 17 километри.[3]
Селото се наоѓа во долина засечена во подножјето на планината Буковиќ и се наоѓа во непосредна близина на соседното село Јагол. Други околни села се: Бериково на север и Поповјани на југ.[4]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Јаголска Река, Граслојца, Планиница, Слогој Волески, Горни и Долни Нивишта, Јани Дол, Рамниште и Богоројчин Камен.[4]
Селото има збиен тип. Не е поделено на маала, бидејќи е мало и доста едноставно. Сепак роднинските куќи се поблизу една со друга.[4]
Remove ads
Историја
Во втората половина на XV век, во Кичевско постоеле три села со името Доленци, колку што постојат и денес. Тоа биле селата Јагол Доленци, Бигор Доленци и Манастирско Доленци. Едното имало 4, другото 12, а третото 44 словенско-христијански куќи. Веројатно, Јагор Доленци било тоа со 12 куќи.[4]
Помеѓу денешното село и железничката пруга се наоѓа месноста Грамаѓе. На таа месност биле ископани ѕидови од куќи, старо железо, црквиште и некогашни гробови, што припаѓало на некогашното население. Тоа се отселило веројатно кон крајот на XVII век.[4]
Месноста Богоројчин Камен (го нарекуваат и Црквиче) се наоѓа северно од селото кон селото Бериково. Постои предание дека таму месноста била посед на поповјанскиот манастир.[4]
Денешното село потекнува од втората половина на XVIII век, кога било основано од тројца браќа Словени. Тие дошле од областа Мат во денешна Албанија. Од таму заминале поради крвна одмазда. Од нив потекнува денешното население.[4]
Во XIX век, земјата на ова село и шумата на планината Буковиќ била присвоена од кичевскиот ага Исен Јаричка (Торбеш). Агата имал проблеми со некои муслимани од околината на Прилеп, поради што на помош викнал некои Арбанаси од Северна Албанија, кои за постојано се населиле во планинското село Бериково.[4]
Во XIX век, Јагол Доленци било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
Во отоманскиот период, но и за време на балистичката окупација во текот на Втората светска војна, значаен број на жители од Јагол Доленци и од околните села биле убиени од страна на Арбанасите. Воедно, им ја краделе стоката и им ги палеле куќите.[4]
Стопанство

Атарот е мошне мал и зафаќа простор од 3,9 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 230 хектари, на шумите отпаѓаат 75 хектари, а на обработливото земјиште 72 хектари.[3]
Во минатото, земјата и шумата била во посед на агата Исен Јаричка. Подоцна, Македонците ја купиле од него обработливата површина.[4]
Население
Според податоците од 1873 година, селото (тогаш познато како Доленци) имало 16 домаќинства со 68 жители христијани.[5]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 210 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Јагол Доленци имало 240 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Доленци се води како две чисти македонски села во Кичевската каза, Горно Доленци со 20 куќи и Долно Доленци со 20 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[9]
Јагол Доленци било, како што е и денес, мало село, коешто во 1961 година броело 143 жители, а во 1994 година само 17 жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Јагол Доленци живееле 13 жители, сите Македонци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
Јагол Доленци е македонско село.[4]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се: Ниновци (11 к.), Аврамовци (7 к.) и Гиновци (6 к.), потекнуваат од тројца браќа Нино, Аврам и Гино, биле основачи на денешното село. Доселени се од некое село во областа Матија во Албанија во втората половина од XVIII век. Го знаат следното родословие: Љубе (жив на 67 г. во 1961 година) Илија-Митре-Ѓоргија-Секула-Аврам, основачот на родот; Брцевци или Сандевци (1 к.), доселени се од сега албанското село Бериково, од каде се иселиле во 1900 година, го знаат следното родословие: Јордан (жив на 40 г. во 1960 година) Мишко-Санде, кој се доселил, се зборува дека Албанците сакале да им одземат некое девојче, и затоа избегале.
Според истражувањата, пак, на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[15] Секуловци (10 к.), Ниневци (4 к.) и Ѓиновци (14 к.), доселени се од некое село Долени кај Дебар. Овде се доселиле тројца браќа Нине, Ѓино и Секула. Нине прешол на ислам и отишол во селото Арангел, но неговата жена со детето останале во Доленци. Останатите браќа по некое време прешле во Кичево, каде останале седум години, но некој ага ги вратил назад. Од Ѓиновци има иселеници во Белград. Сите слават Богородица.
Remove ads
Општествени установи

- Основно училиште „Наим Фрашери“, централно основно училиште
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Осломеј.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Јагол Доленци, во која покрај селото Јагол Доленци, се наоѓале и селата Бериково, Јагол, Папрадиште, Поповјани и Туин. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Доленци, заедно со селата Бериково, Јагол, Папрадиште и Поповјани.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 799 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 9 гласачи.[17]
Remove ads
Личности
Личности родени во Јагол Доленци:
- Мане Тодороски (1922-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Културни и природни знаменитости

- Цркви[18]
- Црква „Св. Богородица“ — главна селска црква
Иселеништво
По Втората светска војна се иселиле најмалку 12 семејства, најмногу во Скопје, Кичево и Белград.[4]
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads