Долно Христос
село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Долно Христос, Христос или Ристос (грчки: Κάτω Χριστός, Като Христос) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[2]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на 7 км северозападно од градот Сер и на 3 км северозападно од Каваклија. Лежи во Серското Поле, недалеку од југозападните падини на планината Шарлија. Низ атарот минува Европскиот пат Е79.
Историја
Во Отоманското Царство
Во минатото селото се нарекувало Долене и се наоѓало понасевер, на планината Шарлија. До средината на XVIII век било чифлик на манастирот „Св. Јован Претеча“, за кое имало султански ферман. Во 1770 г. чифликот е самоволно присвоен од бегот Возникоглу и неговите наследници. Негов последен стопан бил Сулејман-бег. На местото на денешното село имало друг чифлик.[3]
Во XIX век Христос било чисто македонско село во Серската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Христос (Christos) имало 34 домаќинства сочинети од 98 жители Македонци.[4][5] В 1878 година поп Иван от Христос е затворен в Сяр, защото въвел българския език в богослужението.[6]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Ристос, чифлик на Ада-бег серјанин, на З од Вишен кај пазувите на една вейка от Бродска Планина. Од Сер патот е рамен и фаќа нешто околу 11⁄2 час. Се зборува дека ова село било чифлик на манастирот Маргарит. Куќи 30 само македонски.[7] Грчка црква „Св. Ѓорѓи“.[8] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 во Христосъ имало 240 жители Македонци христијани.[4][9]
На почетокот на XX век селото било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Христос (Hristos) имало 200 Македонци егзархисти и во него работело бугарско основно училиште со 1 учител и 13 ученици.[10]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 137 жители, а во 1920 г. нивниот број се накачил на 171 лице.[2] Во 1924 г. властите довеле биле сместени грчки колонисти, од кои повеќето биле сместени на 1 км западно. Таа западна населба почнала да се нарекува Долно Христос, а старата Горно Христос. Во 1928 г. се попишани двете населби заедно (како Христос) со вкупно 450 жители,[2] од кои 285 лица (79 семејства) биле грчки дојденци[11].
Сè до 1940-тите Горно Христос останало македонско. До 1940 г. кмет на селото бил Тодор Печанов. Таа година броело 370 жители[2] (54 семејства).
Во 1960-тите жителите на Горно Христос почнале да се иселуваат во Долно Христос. Во 1972 тоа веќе имало само 2 житела, а во 1981 г. се води како напуштено.[2] Селаните си ги задржале имотите во старата населба и продолжуваат да ги обработуваат.
Според бугарски извори, со повлекувањето на бугарската војска во 1944 г. сите жители на Горно Христос се иселиле во Бугарија и денес нивните потомци живеат во Петрич, Петричко, Пловдив, Кнежа и други.[3]
Во 1986 г. е изградена црквата „Св. Троица“.[12]
Remove ads
Население
- Горно Христос (Христос)
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
- Долно Христос
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
- Црква „Св. Троица“ од 1986 г.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads