Евдокија Фотева - Вера
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Евдокија Фотева - Вера исто и Евдокија Балева-Николова (Д’мбени, Костурско, 2 август 1926 - Скопје, 10 март 2011 ) — македонска револуционерка, борец и дел од комунистичкото движење од Егејска Македонија.[1]
Remove ads
Животопис
Рани години
Евдокија Фотева (моминско презиме, Балева) е родена на 2 август 1926 во село Д’мбени, Костурско. Нејзини родители биле Никола Балев и Невена Мангова, и двајцата од семејства со револуционерна традиција. Нејзиниот татко уште на нејзини неполни три години заминал на печалба во Канада, по што грижата за неа паднала на нејзината мајка. Основното училиште го завршила во Д’мбени, а после положувањето на прогимназискиот курс се запишала во прва година гимназија во Костур.
Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција

Организирана е во КПГ од 1941 година. Учесник во НОБ на Грција, партизан во СНОФ. Во партизанските редови стапува во 1944 година, во месец април, и набргу станува заменик комесар на чета во Првата егејска ударна бригада. Во 1945-1946 година е секретар на Околискиот одбор на НОФ, а од 1947 година е секретар на Главниот одбор на АФЖ на Македонките од Егејска Македонија.[2] Во октомври 1947 година е избрана за потпретседател на ПДЕГ (Сегрчкиот демократски сојуз на жените), како претставник на АФЖ.[3]
Во советските затвори и логори
По поразот на ДАГ била обвинета од КПГ за „агент на меѓународната реакција“ и спроведена во советските затвори и логори (Љубјанка, Лефортово и Буртика).
Во 1952 година недокажано била осудена на 8 години во логорите за принудна работа во Сибир. Во 1955 година била ослободена, но наместо за Македонија била испратена во Алма-Ата, Казахстан.
Враќање во Македонија
По ослободувањето од логорот во летото 1956 година се вратила во НР Македонија. Заедно со други жени од Костурско ја формирале пејачко-фолклорната група „Костурчанки“, со цел да се зачуваат македонските песни од костурскиот крај.
Remove ads
Мисли на Вера Фотева
Љубовта е свето нешто. Од љубов и за љубов сè се прави. Повозвишено од љубовта единствено е татковината. Без слободна татковина љубовта не може да дојде до нејзиниот вистински израз.
Творештво
- Евдокија Фотева-Вера „До пеколот и назад“, Скопје, 2004
- Евдокија Фотева-Вера „Патот за дома“, Скопје, 2011
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads