Европска престолнина на културата

From Wikipedia, the free encyclopedia

Европска престолнина на културата
Remove ads

Европска престолнина на културата — град назначен од Европската Унија за период од една календарска година, во која се организираат серија културни настани со силна европска димензија.

Thumb
Thumb
Марсеј (Франција), европска престолнина на културата за 2013
Thumb
Кошице (Словачка) е европска престолнина град на културата за 2013 заедно со Марсеј

Подготовката за европска престолнина на културата може да биде можност за градот да стекне значителни културни, општествени и економски користи и може да помогне во урбаната регенерација, менувањето на градскиот углед и подигнување на неговата видливост и профилот на меѓународната сцена.

Во 1985, поранешната глумица Мелина Меркури, тогашна грчка министерка за култура и нејзиниот француски колега Жак Ланг дошле до идеја за одредување годишен град на културата со цел донесување истакнување на богатството и разновидноста на европските култури и подигнувањето на свеста за нивнита заедничка историја и вредности.

Комисијата на Европската Унија управува со насловот и секоја година Советот на министри на Европската Унија формално назначува европска престолнина на културата: повеќе од 40 градови досега се назначени.

Меѓународна комисија на културни експерти е задолжена за оценување на предлозите од градовите за титулата во согласност со критериумите одредени од Европската Унија.

Студија од 2004 година од Роберт Палмер за Европската комисија, покажала дека изборот на европска престолнина на културата служи како катализатор за развојот на културата и трансформацијата на градот.[1] Како резултат на тоа, корисниот социо-еконоски развој и влијание за избраниот град сега се смета во одредувањето на избрани градови.

Remove ads

Историја

Програмата европска престолнина град на културата првично била наречена европски град на културата и била замислена во 1983 од Мелина Меркури, тогашна грчка министерка за култура. Меркури верували, дека на културата не ѝ се дава истото вниание како на политиката и еконоија и проектот за промовирање на европските култури во рамките на земјите-членки требало да започне. Програмата европски град на културата била отпочната во летото 1985 со Атина како нејзин прв носител. Во текот на германското Претседателство во 1999, програмата европски град на културата била преименувана во Европска престолнина на културата.

Remove ads

Минати години

* Според официјалното мрежно место на ЕУ.[3] Градовите и државите од 2020 и 2029 не се точно одредени.

Remove ads

Моментални градови

Идни градови

Земји-членки кои се опфатени во организирање на настанот помеѓу 2018 и 2019 се следниве (изборот ќе биде организиран во следните години во рамките на овие земји со цел избор на градови за титулата):

Комисијата предложи држави за домаќини на Европската престолнина на културата по 2019

Remove ads

Наводи

Извори

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads