Единаковци
село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Единаковци (се сретнува и како Единаково) — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Remove ads
Географија и местоположба
Единаковци се наоѓа во источниот дел на Општина Демир Хисар потегот на излезниот дел на Црна Река во Пелагонија. Селото е рамничарско на надморска височина од 670 метри. Од Демир Хисар селото е оддалечено 7 километри.
Историја
Името на селото потекнува од зборот „единак“, што значи чешел за лен.
Подрачјето на Единаковци е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта околу селото. Селската црква „Св. Никола“ е од 1884 година.[3]
Во XIX век селото било дел од Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.
Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Remove ads
Стопанство
Селото има поледелско-сточарски карактер[5]. Во Единаковци има и млин за мелење пченично брашно „Жито Брест“ со 15 вработени лица[5]. Во селото има две колонијални продавници. Населението се занимава со одгледување на тутун, градинарство (пипер), одгледување на овци (200) и крави (100), живина и сл[5]. Секоја куќа има трактор, значи над 100 трактори, 1 комбајн, неколку камиони, а има и косачки, балерачи и др[5].
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Единаковци живееле 300 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Единаковци имало 448 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Единаковци се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 66 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[9]
Според пописот од 2002 година, во Единаковци живеат 338 жители, сите се Македонци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 228 жители, од кои 223 Македонци, 1 Албанец и 4 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Родови
Единаковци е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[16]
- Доселеници: Котевци и Лутовци (15 к.) доселени се од раселеното село Љутоица кое постоело кај селото Вардино. Го знаат следното родословие: Блаже (жив на 100 г. во 1952 година) Никола-Коте-Вељан, кој се доселил; Главевци (30 к.) се делат на Мирчевци, Цветановци, Милошовци и Трпчевци. доселени се од некое место во Прмет во Албанија. Го знаат следното родословие: Спиро (жив на 80 год, во 1952 година) Ристе-Лозан-Кочо, предокот кој се доселил; Барбовци или Стојановци (1 к.) стари деленици од Главевци; Божиновци и Јанковци (5 к.) доселени се од Шумадија во Србија; Ортаковци или Сиљановци (5 к.) доселени се од селото Вардино; Темелковци со Нешковци (8 к.) доселени се од селото Бирино; Јанкуловци или Анчевци (4 к.) доселени се од некое место кај Пелистер (Баба), Битолско; Паспаловци (1 к.), Радевци (1 к.), Шеклевци (1 к.), Домазетовци (1 к.) и Алексовци (2 к.) доселени се однекаде.
Remove ads
Општествени установи
- Основно училиште „Гоце Делчев“ до V одделение[17], подрачно училиште на ОУ „Гоце Делчев“ - Демир Хисар
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Единаковци, се наоѓале и селата Бараково, Вардино, Белче, Граиште, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Граиште, во која влегувале селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци и Света.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 625 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 240 гласачи.[19]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Цркви
- Црква „Св. Никола“ од 1884 г.
- Археолошки наоѓалишта[20]
- Во Селото — населба од доцната антика
- Стевано Лозје — некропола од доцната антика
- Црквиште — црква и некропола од старохристијанско време
Личности
Иселеништво
Постари иселеници од селото до 1952 година имало во Битола (2 семејства), Скопје (1 семејство), Романија (1 семејство) и во Србија (1 семејство),[16]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads