Елисие Поповски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Елисие Поповски
Remove ads

Елисие Поповски - Марко (Маврово, 13 јули 1907 - Скопје, 9 ноември 1972 ) — македонски комунист, учесник во Шпанската граѓанска војна и во НОВ. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ.[1] Носител е на Партизанска споменица 1941.

Thumb
Елисие Поповски

Животопис

Thumb
Елисие Поповски

Поповски е роден на 13 јули 1907 година во село Маврово, Гостиварско.

Thumb
Биста на Елисие Поповски во Маврово

Како припадник на прогресивното работничко движење од 1934 година, станал член на КПЈ во 1936 година. Учествувал во Шпанската граѓанска војна, каде пристигнал од Кралство Југославија на 15 јули 1937 година. Бил доброволец во 129-та интернационална бригада. По крајот на војната, бил во логорот за шпанските доброволци во Франција (1939–1941).

Потоа се вратил во Југославија и вклучил во НОБ на Србија. Бил командант на Топличкиот партизански одред и заменик политички комесар на Озренскиот партизански одред. Во април 1943 година дошол во Вардарскиот дел на Македонија. Бил политички комесар на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ и член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Во ноември 1943 година водел преговори со Германската команда од Струга во Ботунската теснина меѓу Ботун и Струга за размена на германски заробеници за политички затвореници, припадници на НОАВМ.[2] Во август 1944 година бил учесник на Првото заседание на АСНОМ.

По Ослободувањето бил на разни политички должности. Меѓу другото, бил раководител на УДБ-а во Македонија до 1952 година. Починал во Скопје на 9 ноември 1972 година.

Во негова чест, Средното училиште за внатрешни работи, основано во 1971 година, го носело неговото име.[3]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads