Издеглавје

село во Општина Дебрца From Wikipedia, the free encyclopedia

Издеглавјеmap
Remove ads

Издеглавје — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, југозападна Македонија.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Издеглавје се наоѓа во областа Дебрца, меѓу Славеј и Илинска Планина. Од Охрид е оддалечено 31км, Издеглавје граничи со следните села: од север и северозапад со селата Лактиње и Арбиново, од запад со селото Песочани, од исток со Слатино, и од југ со Оздолени и Слатински Чифлик. Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Кочица, Ралејца, Врежалица, Бела вода, итн.

Историја

Во XIX век, Издеглавје се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.

Во октомври 1943 година во Издеглавје бил организиран Првиот свештенички собор на кој била донесена одлуката за возобновување на Охридската Архиепископија како Македонска православна црква.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Издеглавје имало 220 жители, сите Македонци христијани.[2] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Издеглавје имало 224 жители.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Издеглави е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 28 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Издеглавје живееле 136 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 44 жители, од кои 26 Македонци и 18 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Во минатото до кај средината на XVIII век во атарот на селото Издеглавје постоело селото Зглавица. Тоа село било огромно и имало околу 500 куќи, но Турците го уништиле селото и многу население убиле. Од тие што преживеале некои го основале денешното Издеглавје, а некои отишле во поддалечните места. Родови во селото Издеглавје се:[12]

Тувчевци или Шулевци (20 к.), Трповци (5 к.), Куловци (5 к.), Милевци (3 к.), Гавриловци (6 к.), Игларовци (3 к.), Стојановци (4 к.), Паунковци (4 к.), Николовци (3 к.) и Србиновци (4 к.), староседелци, кои живееле во раселеното село Зглавица; Коњаровци (4 к.) и Савевци (3 к.), доселени се од селото Арбиново, Коњаровци таму имаат истоимени роднини кои се староседелци, и Савевци имаат роднини во Арбиново кои се староседелци; Китановци (5 к.), доселени се однекаде, некои за нив мислат дека се доселени од некое место во Албанија; Штакаровци (2 к.), доселени се од селото Нерези, Дримкол; Цолевци (2 к.), доселени се од селото Врбјани, во Врбјани биле староседелци, таму им се род Гавриловци; Чавдаровци (2 к.), доселени се однекаде.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Издеглавје се:[13]

  • Староседелци: Шулевци (35 к.); Ничевци (7 к.); Марковци (10 к.); Чавдаровци или Андревци (3 к.); Лулевци (7 к.); Китановци (8 к.) и Смилевци или Милевци (3 к.).
  • Доселенички: Коњаровци (3 к.), доселени се во 1850 година од соседното село Арбиново, таму припаѓале на истоимениот род; Прензовци (2 к.), доселени се во 1860 година од селото Сливово, таму припаѓале на истоимениот род; Митревци (1 к.), доселени се во 1865 година од селото Нерези, Дримкол и Димовци (2 к.), доселени се во 1870 година од селото Оздолени, таму припаѓале на родот Шулевци.
  • Роми: Демировци (1 к.), доселени се во средината на XIX век од некое место, овде дошле како ковачи.
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Издеглавје, во која покрај селото Издеглавје, се наоѓале и селата Оздолени, Слатино, Слатински Чифлик и Сошани. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Слатински Чифлик, во која влегувале селата Издеглавје, Оздолени, Слатино, Слатински Чифлик и Сошани.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1325 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 83 гласачи.[16]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Обновената црква „Св. Димитриј“, која се наоѓа на селските гробишта надвор од селото

Според преданијата и археолошките испитувања се смета дека некогаш во селото имало 18-26 цркви. Многу од нив се наоѓаат во урнатини.[17]

Цркви[18][19]
Археолошки наоѓалишта[21]
Remove ads

Личности

Иселеништво

Од Шулевци иселеници има во САД (едно семејство, од 1903 година); од Коњаровци иселеници има во САД (едно семејство, од 1903 година)

Вељановци се иселени во Охрид во 1870 година, во Издеглавје припаѓале на некој род.[13]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads