Слатински Чифлик

село во Општина Дебрца From Wikipedia, the free encyclopedia

Слатински Чифликmap
Remove ads

Слатински Чифлик — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Слатински Чифлик се наоѓа во областа Дебрца, во подножјето на Илинска Планина.

Историја

Според податоците од преданијата и историските записи Слатински Чифлик е младо село кое било основано во 1880 година од страна на Шаќир-бег кој живеел во Битола и Дебар, а тука на атарот на соседното село Слатино населил 4 семејства[2]. Чифликот се распаднал веднаш по завршувањето на Првата светска војна, а обработливото земјиште кое зафаќало површина од околу 100 хектари (1 хектар е „три кила семе“) ја купиле жителите на ова и соседните села Слатино и Оздолени[2]

Во XIX век, Слатински Чифлик се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.

Во 2013 година, селото се нашло под опасност да биде потопено, откако напукнал земјениот насип на Слатинското Езеро, изградено во 1963 година, кое се наоѓа на само 2 километри од селото.[3]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Слатински Чифлик имало 40 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Слатински Чифлик имало 40 жители.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Слатински Чифлик е претставен како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 5 куќи.[6]

Според пописот од 2002 година, во селото Слатински Чифлик живееле 11 жители, сите Македонци.[7]

Во 2008 година во селото живееле само 3 жители тоа биле: Јордан Кочоски, Божин Петрески и Трајче Китески.[8]

Во 2013 година се проценувало дека останале само четворица жители.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Слатински Чифлик се:[13]

  • Доселеници: Китевци (5 к.), потекнуваат од селото Брезово во Железник. Од таму се иселиле околу 1840 година, најпрво во Издеглавје, па во селото Слатински Чифлик; Стевчевци или Петревци (3 к.), доселени се во 1878 година од селото Белчишта, каде припаѓале на родот Стевчевци; Иљовци (3 к.), доселени се во 1903 година од селото Сошани; Шулевци или Војневци (1 к.), доселени се во 1903 година од селото Оздолени, каде припаѓале на истоимениот род; Димовци (1 к.), доселени се во 1920 година од селото Сливово, каде припаѓале на родот Димчевци.

Роми: Таировци (1 к.), доселени се во 1928 година од селото Оздолени, како ковачи. Пред тоа живееле во селото Оздолени, а уште порано во селото Издеглавје.

Според истражувањата од 1978 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Китевци (7 к.) најстар селски род. По потекло се од некое село во соседната област Железник. Од таму се населиле во селото Издеглавје, па потоа еден предок (Вељан) се доселил во Слатински Чифлик околу 1880 година. Во Издеглавје имаат роднини, Милевци. Го знаат следното родословие: Милан (жив на 65 г. во 1978 година) Неде-Вељан-Ките, Вељан се доселил од Издеглавје; Петревци (4 к.) доселени се одма после родот Китевци. Доселени се од селото Белчишта, каде имале роднини, Стевчевци; Иљовци (3 к.) доселени во исто време со претходниот род од селото Сошани. Таму имале роднини, и биле староседелци; Србиновци (1 к.) доселени се во 1922 година од селото Сливово.
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта.

Во периодот 1952-1955, селото влегувало во рамките на тогашната Општина Издеглавје, во која покрај селото Слатински Чифлик, се наоѓале и селата Издеглавје, Оздолени, Слатино и Сошани. Во периодот 1950-1952 година, селото било седиште на некогашната Општина Слатински Чифлик, во која влегувале селата Издеглавје, Оздолени, Слатино, Слатински Чифлик и Сошани.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1326 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на здружен дом.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 30 гласачи.[15]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Новоизградената црква „Св. Богородица“ во селото
Цркви[16]

Личности

Марко Китевски - Македонски фолклорист.

Иселеништво

Родот Ратајковци е иселен во Слатино околу 1898 година, Секуловци се иселени во Оровник, а по потекло биле од Лактиње.

Во Охрид и Охридско се иселиле 39 семејства: од Арсланоски (три семејства), Војнески (три семејства), Иљоски (девет семејстваи), Китески (седумнаесет семејства), Петрески (седум семејства).

На други места се иселени: Иљоски (девет семејства во Скопје, и едно во Кичево), Китески (две семејства во Скопје, едно во Кичево, едно во Подмоље, и едно во Кралево), и од Петрески (две семејства во Струга, и едно во Скопје).[8]

Меѓу првите иселеници од ова село се вбројуваат: Славе Петрески (Мучоски) во Струга, Миладин и Трајан Иљоски во Скопје, Круме Китески во Кичево, Душан Китески во Кралево, и Миле Китески, Петре и Иван Иљоски, Ристо Иљоски и Левко Иљоски во населбата Ѓорче Петров (Скопје), и др.[8]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads