КК Работнички сезона 2014/15
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сезоната 2014/15 на КК Работнички била 23. сезона во Првата македонска кошаркарска лига и 69. сезона од неговото постоење. Клубот оваа сезона во Првенството стигнал до полуфиналето, додека во Купот станал првак, освојувајќи ја деветтата титула.
Remove ads
Преглед на сезоната
Претсезонски подготовки и промени
Во јули 2014 година, поранешниот кошаркар Александар Димитровски бил назначен за нов спортски директор на клубот.[1] Претходно, по завршувањето на сезоната, клубот го напуштил тренерот Емил Рајковиќ,[2] а на неговото место дошол Марин Докузовски.[3][4]
На почетокот на август, клубот го напуштил Душан Кнежевиќ кој потпишал за Карпош Соколи,[5][6] како и интернационалецот од Соединетите Држави - Вилијам Колмен кој заминал во израелски Хапоел Холон.[7] Димитар Мираковски потпишал нов договор со Работнички за новата сезона.[8] Подоцна, Владимир Брчков го напуштил клубот и заминал за Кожув.[9][10] На крајот на август потпишал бившиот репрезентативец Ристе Стефанов.[11][12]
Во септември, потпишале Србинот Миљан Павковиќ кој дошол од романска Стеауа[13][14][15] и слободниот играч и репрезентативец Ивица Димчевски.[16][17] Марко Симоновски на кого му истекол договорот, потпишал за МЗТ Аеродром.[18][19] Во средината на септември пристигнал Црногорецот Милош Коматина,[20] но тој не ги задоволил челниците на стручниот штаб и си заминал од клубот.[21]
Во почетокот на октомври, потпишале Црногорецот Игор Бијелиќ, кој дошол од словачка Хандлова, воедно и претходен играч на Фени Индустри од минатата сезона,[22][23] како и бившите играчи на МЗТ Аеродром, Тодор Гечевски и Ѓорѓи Чековски.[24][25]
Октомври
Работнички во првото коло бил слободен бидејќи неговиот противник Т-Баскет го откажал учеството во Лигата поради ненаоѓање на соответна сала.[26][27]
Во второто коло во Салата Градски Парк како гостинска екипа, Работнички се сретнал со Водњански Лисици кого го поразиле со 55:91. Најдобар стрелец во екипата бил Ѓорѓи Чековски со 22 бода, кој имал и седум скокови, исто колку и Ивица Димчевски, додека Дарко Соколов забележал осум асистенции.[28]
Во третото коло, Работнички му бил домаќин на штипски Гоце Делчев, кој бил поразен со 87:65. Ѓорѓи Чековски постигнал 19 бода, Тодор Гечевски 9 скокови и Дарко Соколов 7 асистенции.[29]
Ноември
Работнички во четвртото коло повторно бил домаќин, овојпат на главниот конкурент за титулата МЗТ Аеродром. Притоа, при убедливо водство на Работнички (51-35), натпреварот поради публиката бил прекинат. Откако делегатот побарал да биде испразнета трибината на која се наоѓале навивачите на клубот, во знак на протест, екипата на Работнички ја напуштила салата. Потоа, во согласност со правилата на МКФ, комесарот на MКФ, Бобан Јосифовски, донел одлука Работнички да биде исклучен од лигата и префрлен во Tретата лига, а МЗТ Аеродром го добил натпреварот службено, со резултат 0-20. Меѓутоа, клубот се жалел до Арбитражата на МКФ, која ја укинала одлуката за враќање во Третата лига, а предметот повторно го вратил кај комесарот.[30][31] Исто така, поради одбивањето за продолжување на натпреварот, биле суспендирани главниот тренер на Работнички - Марин Докузовски на шест месеци и помошникот тренер Марјан Србиновски на три месеци.[32][33] Како формален тренер станал капитенот на екипата Јане Петровски.[34][35]
Во петтото коло Работнички и гостувал на Струмица која ја победил со 54:96. Најефикасен стрелец бил Ѓорѓи Чековски со 22 бода и девет скокови, а Тодор Гечевски имал 6 асистенции.[36]
Во седмото коло Работнички му гостувал на Карпош Соколи кого го победил со 63:83. Најистакнати биле Тодор Гечевски со 29 бода и осум скокови и Миљан Павковиќ со 10 асистенции.[37]
Куманово 2009 му гостувал на Работнички во осмото коло кој бил поразен со 69:60. Најдобар стрелец бил Ѓорѓи Чековски со 23 бода и девет скокови, а Димитар Мираковски забележал четири асистенции.[38]
Декември
Во заостанатото шесто коло Работнички му бил домаќин на Кожув. Резултатот гласел 86:70, односно победа на Работнички. Најефикасни биле Тодор Гечевски со 32 бода, Ѓорѓи Чековски со седум скокови и Димитар Мираковски со седум асистенции.[39]
Во деветтото коло гостувал во Кавадарци против Фени Индустри. Работнички победил со 76:84. Најпрецизен бил Димитар Мираковски со 23 бода и 6 асистенции, додека Ѓорѓи Чековски имал 8 скокови.[40] Во десеттото коло бил слободен.
Јануари
Во јануари започнале квалификациите за завршниот турнир на Купот на Македонија 2015. Работнички во четвртфиналето се сретнал со Т-Баскет од Тетово. Првиот натпревар во Тетово завршил со победа од 72:91. Дарко Соколов имал 22 бода, Тодор Гечевски единаесет скокови и Миљан Павковиќ завршил со десет асистенции.[41] Вториот натпревар во Салата Градски Парк завршил со победа од 123:63. Најистакнати биле Тодор Гечевски и Ристе Стефанов со 21 бод, Ѓорѓи Чековски со девет скокови и Дарко Соколов со седум асистенции.[42]
Во меѓувреме бил избран нов Одбор на директори на клубот.[43][44]
Во единаесеттото коло му бил домаќин на Водњански Лисици, кој повторно бил поразен, овој пат со 101:67. Најдобри поединци биле Ѓорѓи Чековски со 25 бода и 14 скокови и Миљан Павковиќ со седум асистенции.[45]
Февруари
По истекувањето на суспензијата на Марјан Србиновски, тој се вратил како главен тренер[46]
Во дванаесеттото коло, Работнички го победил Гоце Делчев на гости со 64:81. Дарко Соколов и Тодор Гечевски постигнале по 19 бода, Ѓорѓи Чековски имал осум скокови, а Миљан Павковиќ завршил со шест асистенции.[47]
За Работнички потпишал крилниот центар, Србинот Александар Митровиќ кој дошол од словенечки Златорог Лашко.[48][49]
Работнички во тринаесеттото коло бил поразен на гости од МЗТ Аеродром со резултат од 78-71. Најдобар стрелец бил Ѓорѓи Чековски со 19 бода, Тодор Гечевски завршил со 11 скокови, додека Димитар Мираковски имал четири асистенции.[50]
На завршниот турнир во Купот на Македонија 2015, кој се играл во Спортскиот центар Јане Сандански во организација на МЗТ Аеродром, Работнички се сретнал со Куманово 2009 во полуфиналето. Резултатот бил 76:63 во полза на Работнички. Најефикасен бил Тодор Гечевски со 16 бода, девет скокови и шест асистенции.[51]
Во финалето на Купот, Работнички играл против Кожув кој бил поразен со 66:74. Најефикасни во екипата на Работнички во финалето биле Ѓорѓи Чековски со 18 бода и шест асистенции и Тодор Гечевски 11 скокови.[52] Ѓорѓи Чековски го добил признанието за најкорисен играч на завршниот турнир.[53]
Во четиринаесеттото коло во Лигата, Работнички и бил домаќин на Струмица кога ја поразил со 103:59. Најуспешни биле Александар Митровиќ со 23 бода, Игор Бијелиќ со девет скокови и Јане Петровски со девет асистенции.[54]
Во петнаесеттото коло Работнички му гостувал на Кожув, каде бил поразен со резултат од 85:73. Најдобар стрелец бил Миљан Павковиќ со 23 бода, Ивица Димчевски имал 10 скокови, а Дарко Соколов завршил со четири асистенции.[55]
Март
Во шестнаесетото коло играл дома против Карпош Соколи, кого повторно го победил, со резултат од 89:65. Најдобри биле Ѓорѓи Чековски со 27 бода и 10 скокови и Миљан Павковиќ осум асистенции.[56]
Во седумнаесеттото коло, Работнички бил поразен на гостувањето против Куманово 2009 со резултат 94:88. Истакнати поединци биле Димитар Мираковски со 33 бода, Тодор Гечевски со седум скокови и Миљан Павковиќ со шест асистенции.[57]
Во последното коло од Првата лига, Работнички дома го победил Фени Индустри со 91:67. Најуспешни биле Тодор Гечевски со 18 бода, Александар Митровиќ со 10 скокови и Миљан Павковиќ со 11 асистенции.[58] Работнички завршил на второто место во Првата лига.
Пред почетокот на натпреварите од Суперлигата, Работнички се засилил со српскиот кошаркар од Босна и Херцеговина - центарот Марко Ѓурковиќ кој дошол од романски Газ Метан.[59]
Работнички Суперлигата ја започнал на гости против Фени Индустри каде изгубил со 81:75. Димитар Мираковски постигнал 23 бода, Ѓорѓи Чековски имал девет скокови додека Миљан Павковиќ забележал осум асистенции.[60]
Април
На почетокот на април, Ристе Стефанов го напуштил клубот.[61]
Поради неодиграниот натпревар против Карпош Соколи, клуб кој не бил претворен во Акционерко Друштво и според правилата не смеел да учествува во Суперлигата, Работнички повторно бил исклучен од Лигата и пратен во понизок ранг, но клубот поднесол жалба на одлуката на Комисијата за натпреварување, која му била прифатена од Арбитражната комисија на МКФ.[62]
Во третото коло на Суперлигата Работнички му гостувал Кожув. Работнички победил со резултат 86:94. Дарко Соколов постигнал 21, Тодор Гечевски имал 11 скокови, додека Димитар Мираковски завршил со шест асистенции.[63]
Во заостанатото второ коло, Работнички играл дома против Карпош Соколи кого го поразил со 90:84. Најдобри поединци биле Димитар Мираковски со 19 бода, Марко Ѓурковиќ со осум скокови и Миљан Павковиќ со 11 асистенции.[64]
Работнички во четвртото коло му бил домаќин на Куманово 2009. Работнички победил со 91:84. Најдобри на натпреварот биле Дарко Соколов со 21 бод, Ѓорѓи Чековски со девет скокови и Миљан Павковиќ со 5 асистенции.[65]
Мај
МЗТ Аеродром му гостувал на Работнички во петтото коло. Резултатот гласел 82:83 за МЗТ Аеродром. Најистакнати биле Ѓорѓи Чековски со 24 бода, Тодор Гечевски со осум скокови, а Димитар Мираковски имал пет асистенции.[66]
Во шестото коло, Работнички го победил дома Фени Индустри со резултат 82:63. Ѓорѓи Чековски забележал 19 бода и 9 скокови, додека Дарко Соколов и Димитар Мираковски имале по четири асистенции.[67]
По истекот на шестмесечната суспензија на Марин Докузовски, тој се вратил на првичната функција главен тренер, додека Марјан Србиновски повторно станал помошник тренер.[68]
Во седмото коло, Работнички го победил на гости по четврти пат Карпош Соколи со резултат 73:81. Најистакнати кошаркари биле Тодор Гечевски со 24 бода и шест асистенции и Марко Ѓурковиќ со шест скокови.[69]
Во осмото коло му бил домаќин на Кожув, кого го победил со 83:73. Најдобри поединци на натпреварот биле Ѓорѓи Чековски со 25 бода и седум скокови и Дарко Соколов со осум асистенции.[70]
По победата против Кожув, клубот го напуштил Александар Митровиќ.[71]
Во десеттото коло, Работнички го победил на гости МЗТ Аеродром со резултат 76:85. Ивица Димчевски завршил со 19 бода, Ѓорѓи Чековски со осум скокови и Димитар Мираковски со пет асистенции.[72]
Во деветтото заостанато коло, Работнички загубил на гости против Куманово 2009 со резултат 108:98. Тодор Гечевски постигнал 26 бода, Дарко Соколов, Игор Бијелиќ и Ивица Димчевски имале по пет скокови и Миљан Павковиќ забележал 6 асистенции.[73] Работнички завршил на второто место во Супер лигата.
Во првиот натпревар од полуфиналната серија, Работнички загубил на домашен терен од Куманово 2009 со резултат 77:78. Ѓорѓи Чековски постигнал 19 бода и девет скокови додека Миљан Павковиќ завршил со шест асистенции.[74]
Вториот натпревар Работнички исто така го загубил на гости со резултат 85:71 и со тоа бил елиминиран. Тодор Гечевски завршил со 25 бода и 10 скокови, а Миљан Павковиќ имал осум асистенции.[75]
Remove ads
Состав и стручен штаб
Екипен состав
Извор: eurobasket.com
Играчи кои го напуштиле клубот за време на сезоната
Стручен штаб
Извор: basketball.org.mk Архивирано на 14 октомври 2015 г.
Remove ads
Статистика
- Работнички бил казнет со одземање на 1 бод поради неодигрување натпревар против МЗТ Аеродром
Легенда
|
|
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads