Калиново
село во Кукушко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Калиново (грчки: Σουλτογιανναίικα, Султојанејка; до 1927 г. Καλίνοβο, Калиново[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција. Сè до 1913 г. било населено со мнозинство Македонци и малцинство Турци и Роми.[3]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа северозападно од Кукуш.
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Калиново е село во Кукушката каза, чифлик во сопственост на велепоседниците Султојанис.[3] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Калиново (Calinovo) имало 100 домаќинства сочинети од 60 жители муслимани, 430 Макдедонци и 25 Роми.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Калиново имало 320 жители Македонци христијани, 45 Турци и 120 Роми.[4][6]
Во Калиново пуштило корени унијатството, но во 1900 г. селото се откажало од него и станало егзархиско. Причината за ова е чинот што православните егзархиски свештеници им забраниле на нивните верници да склучуваат бракови со унијатите.[7]
Населението на селото било под врховенството на Бугарската егзархија и во него правела обиди бугарската пропаганда. По податоци за егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Калиново (Kalinovo) било село во Кукушката каза со 432 Македонци под егзархијата и во него работело бугарско училиште.[4][8]
На 27 јуни 1901 г. Андон Ќосето заедно со неговиот секретар Ташко Мицев и четниците Христо Гонов Ќурјушев од Стојаково, Дино Крондирски, Кара Васил и Трајчо Шереметлиски од Шереметли отседнале во Калиново. Тие биле предадени од Христо Пецков и на 28 јуни четата е обиколена во куќата на Дедо Дончо од војска од Дојран и Кукуш. Четата на јуриш го пробила обрачот. Меѓутоа, Ташо Мицов и Христо Ќурјушев, тешко ранети во нозете, се вратиле во куќата и воделе битка цела ноќ и дента на 29 јуни, кога 5 попладне војската ја запалиле куќата и двајцата загинале. Меѓу турските војници имало доста жртви, а башибозуикот изгубил 5 борци, меѓу кои и субашата Ешрев од Чугунци. Раководителот на калиновскиот комитет на ВМОРО Дино Панов Захов бил принуден да настапи во илегала во четата на Григор Тотев, а брат му Мицо отишол во четата на Ќосето. На 20 октомври Дино Караколев од Драгомирци по заповед на Григор Тотев ја извршил смртната пресуда на предавникот Пецков. Двајцата изгорени четници биле погребани во Калиново во присуство на многу луѓе.[9]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Калиново се состоело од 50 македонски христијански куќи.[10]
За време на Втората балканска војна тука се одиграла Битката кај Калиново меѓу бугарската и грчката војска.
Во Грција
За време на Втората балканска војна во 1913 г. македонското население се иселило во Струмичко, со помал дел во Бугарија. Согласно Букурешкиот договор таа година селото влегло во состав на Грција. Во истоимената 1913 г. населението се свело на 80 жители, кои во 1920 г. биле 78 лица.[3]
Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција.[3] Во 1928 г. Калиново се води со 73 жители.[3] Семејствата Султојанис, Кирјакос Бикос и други го откупиле имотот од турското население пред неговото иселување, па така денешните жители на селото се членови на тие велепоседнички семејства како и лица вработени на нивните имоти.
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads