Кесеџи Чифлик

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кесеџи Чифликmap
Remove ads

Кесеџи Чифлик или Кесиџи Чифлик (грчки: Σιδηροχώρι, Сидирохори; до 1923 г. Κεσιτζή Τσιφλίκ, Кесиѕи Цифлик[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 64 жители (2021). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]

Кратки факти Кесеџи Чифлик Σιδηροχώρι, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е сместено во Серското Поле, околу 51 км северозападнно од градот Сер, на надморска височина од 70 м. Се наоѓа во непосредна близина на Бутковското Езеро и железничката линија Кукуш-Валовишта.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Кесеџи Чифлик бил македонско село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Кеседли-чифлик (Kessèdli-tchiflik) имало 32 домаќинства и 100 жители Македонци.[4]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Кесеџи, чифлик околу еден час на југ од Порој. Орачи и овчари; доста плодна почва. 30 куќи македонски.[5]

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Кесеџи Чифлик имало 180 жители, сите Македонци.[6][7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кесеџи Чифлик имало 400 Македонци под врховенство на егзархијата и во селото работело бугарско училиште.[6][8]

Во Првата балканска војна, 4 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[9]

Во Грција

Во Првата балканска војна Кесеџи Чифлик е окупирана од Бугарија, но по Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 154 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 147.[3]

Под притисок од грчките власти, во 1923-24 година, целото население (152 Македонци) принудно било иселено во Бугарија, а на нивно место се населиле 34 бегалски семејства (вкупно 183 бегалци), така што селото станало бегалска населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Сидирохори (Σιδηροχώρι).[2]

Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 210 жители.[6][3]

Remove ads

Стопанство

Бидејќи е сместено во котлина, селото располага со плодно земјиште од кое се добиваат високи приноси на жито и други земјоделски производи.[3]

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Беласица со седиште во градот Валовишта, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Долно Порој, во кој влегува и истоименото село.

Личности

Родени во Кесеџи Чифлик

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads